Прво колешката @Milica TR ја чекам гола да шета пошто мојата понуда беше да си дојде на свадба и собите што се до ресторантот се ослободени таа вечер и едната соба беше за сестра му. Така да, оди си гола ти, не предвидувај што сум кажала, после нејзините коментари нема ни соба сега да добие. Друго за сите кои ме судите, злобна сум дааа, фала и на господ со мојата злоба сум стигнала до кај што сум. Друго, свадбата е закажена 1г однапред, така да не мислам да ја подместувам заради тоа што она требала да се породи, да злобно сум кажала и не ми е мака, си го барала си го доби, може би бев дрска, ама јбг. Не може некој мене да ми каже како што му одговара така јас да правам, пак ќе кажам свадбата е закажена пред 1година, со неа си оди и музика, закажена торта, украсување итн. Друго фала ви што ме мислите, каква сум, таква сум, за мене си сум и што ми лежи ќе си кажам, а вие подместувајте си свадби и други работи, фала нема да ви кажат и за вас сигурно нема да подместат/откажат нешто. Кој сака нека дојде, кој не немора. @Mr.Limonko јас немам брат/сестра, имам братучедка која ми е како сестра, која што имаше закажано одмор 2 дена пред свадба и фино лепо си кажав, свадбата е тогаш, ако сакаш дојди, ако не немора. Ако е бремена нека си лежи дома, нека ја гледа на видео, жива и здрава да е пред се. За мене немаат менувано дати, не менувам и јас за некој, освен за мене и за мм ако има потреба. @Adidas888 фала ти што делиш исто мислење со мене, ако не си кажеш сега се, трпи си понатаму, нека те газат.
Уште ова, принцезата е во 5 месец, си пие, си пуши во бременост. Тешко и е 9ти месец да биде на свадбата и да гледа како сите пиат околу неа, затоа и само коментира. За такви пуфли, не планирам да си расипувам ништо.
Да, и пуфла и без осет и себична. Не зборам јас зад грб. Се што си е кажано тука си е презентирано и на брат и. Пошто од брат и освен да влече пари друго и не знае.
А што ако е бремена на свадбата? Голема работа, ќе дојде бремена, па не е болна не дај боже. Ако не може или има тешка бременост, ќе седи повеќе, па и свадба како свадба, големата работа дали ќе стане или не. И вака и така ќе помине свадбата, дали она дошла или не.. плус не поместувам свадба за било кого, може во тоа поместување невестата ќе остане бремена, и што тогаш? Глупости.
Затоа јас викам, да е искоментирала како што и доликува ќе си беше се океј, а не да ми кажува она дали да подместувам јас свадба или не, ако и се иде нека дојде, ако не немора, не ми е битен фактор во животот. Јас ден после спонтан на нејзина свадба бев па не јадев гомна, си бев воздржана и среќна за неа.
Може и таа била некултурна, иако јас така како ти што си и кажала не би можела да и кажам, сепак сите сме различни. Тоа не те прави злобна според мене, ама непромислена, да. Spoiler Јас само знам дека нема веќе никогаш да правам свадба. Еднаш се заебав...
Така си е, прифаќам и критика од ваша страна, а не осуди ваква сум била таква сум била, каква и да сум за мене си сум. Не ме предомислувај сега за свадба, не си прва што ме советуваш така.
Еве да речеме ќе одат во ресторан и ќе го презакажат терминот за после 1 месец, ама дали и музиката и камерманите ќе можат тогаш? Или кога ќе можат тие, дали ќе биде слободен ресторанот? Малку е комплицирано да се усогласат повеќе ствари за на датум кој на золвата би и одговарал. Ако се сите тие ствари веќе капарени и на некое не му одговара новиот термин, од старт ѝ пропаѓаат на членката минимум 500€ за да може золвата да дојде. Лесно може да се помести ако е само ресторанот закажан, ама имајќи во предвид други мислења од членката за пролетва за скоро ќе да е свадбата, голем дел од работите им се најверојатно закажани, можеби имаат и покани испринтано, малце може е касно за сега да направат "пупу не важи за тогаш, золвата ќе се пораѓа". Не дека го опровдувам тоа што го кажала @FlirtBerry, реално дрско е, ама очекувањето на золвата да одложат за понатаму е реално високо барање. На следниот термин може другарка и ќе биде трудна, на терминот после него свекрвата нема да може, и така ќе им угодува на сите до недоглед ќе одложува, па до 2050та може ќе бидне прославата.
@MarigoldA Фала ти што ме разбираш, да, не кажувам дека не сум била дрска, ама сепак сум била и јас иритирана од нејзините коментари. Искрено не ми е мака пошто реално и ја знам и причината зошто сака да одложам, плус како што рече, ресторантот е закажан 1г порано, музиката е исто 1г порано, виолините се исто 1г порано плус капар, сликарите се закажени исто 1г порано плус капар даден, тортата е закажена пола година порано плус капар даден, украсувањето е исто 1г пред закажено. Никој не го гледа тоа, одма се гледа мојот коментар, што сум кажала јас, бремена жена е да, ама не е без ум да коментира само некои нејзини барања како само она да е бремена на овој свет. Туку да се има на празно да се трола е важно тука, да се нападне, да се понижува, да се паметува, ваква сум каква сум таква сум.
Во сите вакви теми пробуваш да коментираш саркастично и надмено, но делува глупаво за читање. Во ред, разбравме дека сакаш да воспоставиш ред и поредок и секој од страната на мажот да си го знае своето место, ама жена за жена да коментира вакви работи која впрочем е бремена ми е малку дискутабилно. Поработи малку на твоето изразување, пред се си жена а потоа и мајка. едит: одговорот на членката е многу остар, сигурно нема да поместите камермани, фотосесии и ресторан, ама добар збор се сака бре луѓе.
Според мене, Сметам дека секогаш можеме на покулутурен начин да ги ставиме луѓето на своето место. Без многу објаснувања, едно "не" е доволно Но, исто така сметам дека возрасни луѓе треба да сфатат дека свадба е ден/момент на младожениците, не ден за исполнување на желбите на сите по ред. Себично и self-centered да се мисли поинаку и воопшто да се прашува за поместување
Не ме читај ако ти е глупо. Не сум јас крива шо глупава ви е вистината, и шо повеќе сакате да носите розови наочари. Неможе заради еден човек се да се подместува, членката сама си објасни зошто. И чекај шо ти е глупо? Тоа шо бремената золва си сакала да пие и да пуши на свадбата а нема да може?
Ова како одбранбен механизам да ти било, си имаш и ти некоја грутка изгледа. Јас мислев сарказам било. Ок, моја грешка. Убаво си напишав горе дека не треба да се поместува ништо, само треба да се одговори убаво. А и крај краева што тебе те интересира дали ќе пуши, пие или ќе седи на стол? Сака да присуствува на свадбата на брат и.
Она ако сакала да присуствува ќе присуствувала и без тоа да го каже, без да се меша во штотуку незапочнат брак.
Ако може да го погоде денот да се породе баш тогај ќе ве има на вести, и плус ќе имате да раскажувате на внуците
Па ваљда разликата е шо не сака да ја гледат другите шо праи за да не ја осудуваат. Мене ич не ми е гајле кој шо праи, за себе си праат, ама да се мешат и во тоа другите шо праат, не чини.
И јас се прашувам што е разликата Не излегува, не се дружи за да не мисли на алкохол и цигара. Идна мајка што не се секира за нероденото дете, што го труе и сите и се криви зошто не може да пие и пуши, треба да се почитува? И за тоа сум размислила и збор не сум искоментирала, ако и е дојдено времето нека се олесни, ама ти сестро, мене да ми деригираш како што ти сакаш... Еднаш трпам, два пати исто, на трет пат кој сакаш биди, не бремена, не знам ти што биди, си го бараш, ќе си добиеш.
Јасно јасно, укапирав дека е терсене карактер и не се мирисате меѓусебно, не само за ова туку општо, таков впечаток добив. Како и да е, ти си се спремај за најубавиот ден она за нејзиниот, и што е тука е...