Не е нормално и не е ок. Зошто брат ти пари да ти дава за искачање и гардероба? Постојат рабооти што се викаат исклучоци: земен кредит, помош при смрт на родители, студирање ...ама се друго е аздис и луксуз. Не може никој да ме убеди во спротивното. Вашата фамилија е едно, а брцање во финансиите на семејството на братот е друго. Таа што се мажи за братот се мажи за него а не и за цела фамилија. Срамота што не ќе прочитам на форумов, кој мајндсет од луѓе жално, затоа и толку насилства и разводи пошто бракот и финансиите во него излегоа меѓу сите, освен меѓу двајцата сопружници. Фала богу немам такви проблеми.
За давање пари на брат/сестра до бесконечност не сум и јас и не го правиме тоа. - Се случило да ми порача брат ми доколку сме некаде ние појдени, да ми порача пример блуза да му купам и да речам Ок е не мора да ми дадеш пари. Или некоја друга ситница, се додека таа ситница, не го нарушува нашиот буџет или пак да завлегуваме во долгови поради. Тоа. - Исто и маж, да рече сакам тоа и тоа да купам за сестрата, за внучето. Не му е забрането, далеку од тоа ама повторно се додека нашите примарни потреби се задоволени. Е сега да даваме пари за брат/сестра да шетаат пример, па за сметка на тоа ние да седиме дома, тоа би ми било големо Не. А имавме такви проблеми на почеток уште со запознавањето. Маж плаќаше кредит за екскурзијата на сестра му. Затоа што тој работел во моментот, а таа не. Пари назад не видовме ни од кога сестрата се вработи ама како сакате кажете, колку и да звучи лошо, тука веќе и јас поставив услов дека ако планира да сме заедно и ако планира заеднички живот, за тие давачки се консултираме дали сакаме и можеме. Веќе си сме посебно семејство.
Се мешаат во бракот на братот, се мешаат во свадбата на братот, се мешаат во финансиите на братот, во меѓувреме се ова им е нормално па дури и се лутат ако не им се дозволи да се мешаат, и после како да нема кавги меѓу мажот и жената.
Така е ама братот треба да се освести. Не знам, еве јас сум мажена од поодамна брат ми тек почнува да заработува, ама нит сум му давала, нит ми дава пари. А и не сум се лутела ако добил нешто повеќе од мене, еве кола него му купија, мене не. Знам дека да имале во моментот и мене би ми купиле. Ама брат ми иако е млад уште сега не го осеќам како дел од моево семејество, кога ќе се ожени па ич. Ако ми треба нешто, ќе се обратам кај моите.
Вие мешате жена и сестра. Едното не го исклучува другото и не се исто. Јас како раководам со моите финансии се мои финансиски одлуки и ако партнерот има ставови на таа тема како моите ок ако не пак ок ама тој нема да биде мој партнер. Не зборувам тука само за брат да дава на сестра туку и обратно. Зошто имате потреба да менувате нечиј однос од раѓање и да го мешате со нешто што не се меша?
Да, да, мажот ќе дава на сестра му секој месец, жената ќе дава на брат и секој месец, а нивните деца цврц, ќе ги гледаат комшиите. Не викам дека не треба да се даде на своите ако стварно им треба, ама нонстоп не. Посебно ако браќата и сестрите се здрави и прави и можат сами да се финансираат. Се друго е немогуча мисија да се пресече папочната врвца. Со такви размислувања не треба ни да се влегува во брак. Најарно нека си седат братот и сестрата заедно, уопште нека не се мажат и женат, нека си се финансираат, нека си се ранат меѓу себе, нека си купуваат, нека си ги плаќаат телефоните, ма шо сакаат нека прават.
Да, баш така. Никаде не напишав постојано, ниту за што. И убаво пишав дека секој кој стапува во брак има голема одговорност спрема личноста со која е во брак ама тоа не ви се чита.
Па муабетот беше тој тука, дека мажот на членката и давал постојано пари на сестра му. Иако е мажена, и плаќал телефон или интернет шо беше, секој месец. Плус и пари за други работи. И сега она е надуена пошо братот прекинал да и дава на неа и почнува да си гледа својата фамилија. И мислам дека од ова почнаа сите глупости и за свадбата и за се. Нема веќе постојано давање пари и почна сестрата да љубомори.
Едно е братот често да ѝ дава пари на сестрата доколку таа не може да работи од оправдани причини, особено кога родителите се сиромашни или не им се живи. За ова никој нормален и разумен не би замерувал.Тој кој замерува не е човек. Друго е кога сестрата е навикната често да добива пари од братот, а таа самата има способност за работа и имаат живи родители со солидни примања. За ова не може да се очекува вечна толеранција.
Повеќе пати прочитав "Сè уште не влезена во нечија фамилија" или како уште ја нарече некој вчера членката, не можам да најдам, но беше во смисла дека таа е странец. I mean, дали сфаќаме дека бракот не е групен проект и дека не се мажиш за една фамилија, туку формираш своја? Дали сфаќаме дека таа жена не е странец, туку сопруга на тој маж. Дали ја сфаќаме позицијата на сопруга/сопруг? И дали на прашањето за парите, дали сфаќаме дека станува збор за мажена сестра? Значи жена со цел еден маж до неа, луѓе кои наскоро ќе бидат родители. Дали исто така сфаќаме дека членката и мажот се веќе свое примарно семејство? Дио мио, no wonder што по 30000 страни имаат ваквите теми. На половината ова им е нуклеарна физика
Како од раѓање братот ли е учен да ја финансира сестрата ? Или сестрава братот не ми е јасно. Реков исклучоци има, а финансирање за гардероба и искачанки, одмори при здрави орави родители и работоспособна девојка не се во тие исклучоци. Не знам еден човек најди ми со нормални размислување во време на скапотилак кој ќе се согласи со тебе, освен тоа да е некоја друга жена што е исто така сестра финансирана од братот Лудило уште упорна си дека некој односот ќе (ви) го наруши. Малце замисли се ако ова реално го правиш, се надевам не
Што не ќе прочиташ во темава страшна работа. Сестра му си има маж и свое семејство си створила ако сака некој да ја издржува нека ја издржува маж и нејзин, брат и си има СВОЕ СЕМЕЈСТВО со жена му и децата и сестра му во ТОА СЕМЕЈСТВО НЕМА да биде дел ( а не да се заканувате за снаата, не знам што ве учеле во школо ама жена и маж со деца се најблиско семејство а другите се поширока фамилија) Братот си има свое семејство што он треба да си го издржува не знам какви родители ве учеле ова некој ќе лежи ќе дига нозе у вис а другите ќе рмбаат ноќе-дење, празник-делник за да им исполнуваат желби на поширока фамилија си има маж он нека и исполнува. Акоооооо ама акооо нешто лошо недај Боже се случи па да им треба помош нормално одма им помагаме без размислување. Друго, нормално кога идеме негде се шетаме странство кога сакаме си купуваме по нешто за внуците и од негова и од моја страна ако ни дозволува буџетот ако не ни едни ни други не добиваат зошто толку сме можеле моите нема да ги лишам за други.
Во кое мое мислење напишав финансирање на брат/сестра? Толку сте научени на себичност и никаква емпатија па се ви е чудно и се ви е мешање и се ви е за поделба...
@Hoping јас како што разбрав, ти поддржуваш да се финансира здрава/права сестра која е научена цел живот да троши како луда нејзини, а и пари од нејзините. Јас како што знам кога влегуваш во брак преоритет ти е фамилијата што ја и ќе ја градиш со жената, а не твоите дома. Не дека забранувам да се помага, ама да се помага кога најмногу треба, а не кога немаш од што си се расфрлал/а пари по глупости. Како и да е, жената е налутена од старт кога стапивме во брак и кога брат и се огласи дека се дели од сметките со домашните. Така е научена од старт, ако сака финансери нека и се мажот и и мајка и и татко и, брат и не е во опција. Да потсетам, плаќаме кредити за станот, плаќаме стан во странство, спремаме свадба, штедиме за децата кога ќе дојдат, сигурно нема од домашните да бараме пари за пелени. И брат и има трошкови негови што се преоритетни, а не желбите на сестра му. На крај од денот, брат за брат, сирење за пари.
Епа многу погрешно си ме разбрала. Јас многу јасно ги пишувам речениците ама кога не сакате да разберете, што да правам? За твојата ситуација ти можеш што сакаш тука еднострано да пишеш ама има уште една страна која ние не ја знаеме. И претходно ти пишав, речникот и односот не ти се ок, сега како си разбираш тоа е твое.
Голема е разликата да дадеш некому нешто на своја слободна волја наспроти возрасна личност да мисли дека некој е должен/обврзан/мора нешто да и даде. Постои нешто што се вика осет, common sense, возрасно нормално размислување. Исто така, да сме самите мажени, ама да се лутиме бидејќи женетиот брат сопругата си ја става на прво место as he should? What in the свекрва џуниор is going on here? Ова испадна, не да не знаеме што e золва, а што јетрва, туку не знаеме што е сопруг, сопруга и брак