Јунска ноќ / Haziran gecesi Наскоро на канал 5 "Јунска ноќ" e турска теленовела која е снимена во 2004-та година во 62 епизоди. Љубов... уцена... суровост... невиност... завера. Една врела јунска ноќ им ги менува животите на сите. Оваа серија ја раскажува приказната за една голема и трагична љубов меѓу богатиот Баран и сиромашната Хавин. Мајката на Баран нема да дозволи Хавин да стане дел од нивното семејство и затоа ќе направи сплетка со која Баран ќе поверува дека Хавин е мртва.
Најверојатно ќе го гледам, ми изгледа како мн убава серија ... ама песната што ја даваат кога ќе ја рекламираат ммм http://www.youtube.com/watch?v=eKhS_ugiqnU&ob=av2e
Понеделник во 17.15 мислам беше , тоа време од прилика ... тоа време нема никоја серија , репризи даваа
првата епизода ми се допадна, а и терминот ми одговара дефинитивно ке ја гледам, само да не ја утнат после 10 епизоди, па да се вртат у круг до крај
Зошто не почнува со песната од рекламата што ја даваа?Поубава беше.Има друга реприза од вчерашната епизода?Ја пропуштив вчера
Незнам дали приметивте но во оваа серија ке бидат и актерките што ги толкуваат улогите на Чичек и Назан во Љубов и Казна.Но тие ке се појават подоцна во серијата
Назан се појави уште во првата епизода, таа е сестра на Баран главниот лик, а се појавуваат и многу други познати, Величенствената ја глуми мајката на Баран, Челичната принцеза од плачот на виолината е другарката на хавин, исто и непријателот на таткото на баран, има глумено во неколку серии, во главно пола и повише ни се познати глумци
аууу денес видов поубаво, се појавува и девојката на мехмет од ѓумуш, а и Бора глуми од љубов и казна инаку интересна серија