Зошто да ти се смеат кога ја кажуваш вистината. Ангели е една од најпоучните латиноамерикански серии. Може да се каже дека и нема некоја друга ваква серија. Доколку не сте ја гледале и последната 4та сезона неможете да кажете ништо. Можеби има малку фантазии, магии и такви работи но исто така има и поука, совети кои се корисни за сите. Искрено луда сум по оваа серија и по одредени актери. Нивните песни иако се поврзани со серијата кога ќе ги преведеш ќе ја сфатиш поентата на песната. http://www.youtube.com/watch?v=mmUehNtf ... 7OJhDXbEXA
Уф ептен ме погодивте со темава . Ангели, беше, е и ќе остане мојата најомилена серија на сите времиња! Ја изгледав и четвртата сезона на нет (на шпански и тоа!), минатото лето мислам не станав од компјутер, по цели денови само Ангели да се гледало . И баш ми е жал што заврши. Инаку, па да наречам највише ама голем фактор поради кој ја гледав серијата беше Тијаго
Еиии сериајва на сестра ми, искрено да ви кажам јас многу ретко ја гледав (и тоа ако гледав поради сестра ми)интересна серија за деца и тинеџери, поучна е ако ја сватиш и многу научно фантастични случки.А бендот стварно многу добри песни имаа
аааа..мојата серија..Ги гледав сите 3 сезони..Серијата ми се допаѓа многу и интересна е Слушнав дека кога Иза кје заврши кје га даваат 4сезона. се надевам дека кје е така
Ја гледав ама почнаа да ја отупуваат и прекинав да ја глеам и не знам што бидна понатака не ни сфатив што се работи зошто не ја гледав редовно а секоја епизода се нешто ново се случуваше. Ако некој редовно ја пратеше, и ако завршила кај нас а не ја прекинале, нека ми опише што се случуваше всушност во целата таа приказна зошто не ни памтам многу, фалаа Инаку, Каси Анхелес значи Речиси Ангели ( а не Ангели )
Не верувам дека има некој што не знае, зашто сите што ја гледале серијава знаат шпански . Ама ете така преведоа на А1 и така се научивме
А1 стварно тупи со серииве, ама оваа е меѓу најлошите. Толку лошо средено, аматерски и глупо. Мили боже. Ги гледав првите епизоди, почетните, се додека не сфатив за што глупост станува збор. Ужасно лошо.
Уффффффф мојата омилена серија.Омилена глумица ми беше Јазмин циганката (Maria Eugenia Suarez Rivero). Бев збесната по оваа серија,а за песните да не правиме муабет.И многу би се радувала ако почне и четврта сезона!!Но сепак започнувам на интернет да ја гледам !! Поздрав http://www.youtube.com/watch?v=YjZX7RAjFVc
Ќе може ли да ми дадеш линк од 4-тата сезона. Каде ја гледаш на интернет? Однапред благодарам Ај ако сакаш кажи ми во кратки црти што се случува во 4-тата сезона. Онака за сите ликови по збор-два. Мар и Тијаго ќе бидат ли заедно? Ќе се појави ли Нико повторно? Однапред благодарам и на тебе
А знае некој зошто Јасмин (María Eugenia Suárez) не е повеќе дел од ангелите т.е. ја напуштила групата? На нејзiно место сега е Валерија (Rocio Igarzabal).
Нико ќе се појави на крајот кога децата ќе се вратат од иднината. Мар и Тјаго ќе бидат заедно и Мар ќе биде бремена. Еве ти линк за 4та сезона http://www.solocristv.net/2011/05/casi- ... -2010.html
Aнгели беше мојата најомилена серија кога ја даваа..уфф Мар и Тијаго што се слатки заедно најомилен пар ми беа. Најомилена сезона ми беше 2 бидејќи така се расправаше за типичен тинејџерски живот. Мариана Еспосито најубава, најубаво ми глумеше од сите други и секако имаме едно заедничко...тоа што не сме и баш високи..хаха
1вата и 2рата сосем ОК, третата кога ќе фанев(само заради суканиците на онаа со суканиците ) и потоа 4 на интернет само заради Хазмин (поради новата Хазмин Ромеро) и за новата песна од 4 тата сезона “те ви“ така беше изгледа имаат голем лајк од мене
Мислам дека првата сезона ја гледав, онака од тепање време, не дека нешто посебно сакав да видам во неа и ме интересираше ... Али понатака .... Не знам, глупости, глупости, глупости .... Заклучок, една од најнереалните и најглупи серии што се давале на ТВ.
АНГЕЛИИИ!! серијава никогаш нема да ја заборавам многу ја сакав и сеа ја сакам би сакала да ја даваат и 4тата сезона ако некој знае кај ја има или кај ќе даваат да ми каже.. до ден денес им ги слушам и песните Најомилени ликови ми беа Тијаго и Рама а женските Мар ама најубава е Јазмин а од машките убав ми е Рама