Ја гледав првата епизода денеска и бев исклучена од надворешниот свет......Сите околу мене ми зборуваат јас не ги регистрирам ,загледана во серијата .Дури и пуканки си испукав за со серијата демек и така ми останаа , не ги изедов од што бев загледана . Инаку ми се допадна првата епизода а посебно Тефи и нејзиниот глас .Ааа се заљубив јас во оној Љека се викаше мислам
Вака ја листав нешто низ јутуб да видам што ќе се деси пошто бев многу љубопитна и Spoiler ко што скокав епизоди видов дека овие нема уште долго време да се видат. и дека последната епизода сите ќе бидат заедно, и ќе се вратат во вемето од кое што всушност дојдоа, и ќе се видат со хустина сиело нико и сите други и пас ќе биде мало дете. Модератор: Кога откривате делови од содржината ставајте ги во спојлер.
Можеби ќе биде глупаво моето барање но ќе ве замолам ако сака некој да ми раскаже како започна серијава се до тука.... затоа што ја гледав кога бев помала и воопшто не се сеќавам само знам дека они се деца од дом и танцуваат нешто и да знаев нешто епизодиве од четвртата сезона се ми измешаа вака не можам да гледам се нервирам кога гледам...
Spoiler Еве јас ќе се обидам на кратко ама не знам колку е точно Значи после таа експлозијата во 3та сезона што беше на крајот сите се поделија во две групи мисалм , и сега едните се богати:Мар, Начо,Рама(јас вака си го знам), Љека и Хоупи(Есперанса).Тие живеат во луксузна куќа ис е многу богати , заедно со министерката која ги набљудува постојано.Исто така мислам дека памтењето им е избришано на сите од богатиот дел .А пак од сиромашниот дел се :Тијаго , Тачо (Тако ), Мелоди(која е бремена од Тео кој сега мисалм дека работи за министерката како ловец или нешто слично),Тефи (со пискавиот глас ,срцката),Симон и Лука мисалм дека се викаже уште едниот.Овие живеат во една шума и мисалм дека богатите од сиромашните ги дели еден ѕид до кој не смеат да се приближуваат овие богатите оти така им нареди министерката . А пак сиромашните се обидуваат да видат што има позади тој ѕид.Исто така Тијаго с еобидува да ја најде Мар со која се толку блиску а пак Тачо мислам Тако тагува за Јасмин која е кај министерката во лабараторијата , за да и го избришат памтењето и на неа за да може и таа да им се приклучи на богатите во богатиот дел ( во следната епизода ќе има повеќе за ова ) Толку од мене
Ама е убава Јасмин... ко барбика беше кога стана ... Ама Мар не ја давам за никого. Тијаго исто, срцкаст ми е. Мислам дека оваа на крајот од епизодава што ќе се појави ќе биде едно време со Тијаго.
Spoiler Значи од прва епизода ке ти објаснам на кратко Во првата сезона ги запознаваме Хустина и Барто тие водат дом за деца тие пред народот се преправаат дека децата ги третираат добро додека ги злоопотребуваат и ги тераат да крадат . Во оваа сезона ги запознаваме и Маријанела (Мар),Рама,Тачо (кој сега го преведуваат како Тако) и Хасмин.Мар е вљубена во Тијаго кој е син а Барто додека пак Рама е вљубен во неја.Другарите на Тијаго се против Мар тие сите се богати.Тачо е вљубен во Хасмин која е циганка.Сиело се вработува во домот а Хустина и Барто и го запознава Нико кој многу ке го засака но на нејзиниот пат ке стои Малвина која е сестра на Барто.Сиело ке се труди да го најде нејзиното потекло додека Хустина и Барто ке ја спречуваат Во втората сезона Сиело ке биде увлечена од часовникот и таму ке го запознае Тик-Так.Откако Сиело ке биде увлечена Нико ке почне да ги бара Малвина и Кристобал и кога ке ги најде Малвина ке се породи со Есперанса која е керка на Нико.Домот е под водство на Нико и ке биде претворено во многу убаво место.Ке се појави нов лик Франка (ако не и го згрешив името) која ке работи за тајна организација (СС).Сестрата на Хустина Фели ке биде во затвор и Хустина ке се преправи како неја и ке се вработи во домот и ке соработува со Франка.Коечно ке се открие дека Фели е Хустина и дека над неја стои посилен човек Хуан Круз.Сиело ке се најде на напуштено место и ке го запознае Салвадор (пријателот на Нико) и ке се венчаат за ова Нико ке дознае (Сиело ке ја изгуби меморијата затоа ова ке се случи). Хуан Круз испаѓа дека му е татко на Тијаго и дека Мар и Тефи се сестри .Доаѓаат и нови ликови Каридад, Валерија, Мат, Чарли, Кендра и др. Во третата сезона ке ја отворат златната книга и сите ке се најдат на различни места Не се сеќавам за сите знам дека Мар ке биде на една планина,Тефи во камион со добиток,Хустина ке падне во дупка за гроб, Тачо покрај пештери. Потоа ке се формираат во групи и на крај сите заедно ке се најдат ке дојде Паз керката на Нико и Сиело и ке ги однесе во домот тие ке мислам дека е Сиело но подоца ке дознаат дека не е.Есперанца од иднината ке им покаже видео како светот ке биде во многу лоша состојба и како Паз ке биде убиена и за да го спречат убиството сите ке одат на различни страни но ке направат грешки Во четвртата сезона Шефицата на Министрите ке фрли гас-бомби и некои ке ги фати тој ден некои не на тие што ке ги фати ке им ја избрише меморијата и ке им стави други спомени ке формира НЕ (Нова Ера) тие што нема да бидат фатени нема да знаат што им се случило на другите бидејки ке бидат оделени со ѕид и ке се трудат да видат што има позади него што ке се случи понатаму останува да видиме
Ама имаат напредна технологија, ццц... Не ми е јасно зошто Луз си игра со животите на тинајџеривр? Со која цел им ги брише спомените? :geek: Тоа е интересното, м? Мар, најубава...
Па серијата според мене е супер, на моменти не ми се допаѓа, ама ретки се тие моменти. Ја даваат во супер време за да можат сите да ја гледаат, и не згрешија што ги откупија правата за емитување. После неколку години успеавме да ја донесеме и ангели во македонија (зборува фан кој цело време досаѓаше по сите сајтови за емитување на ангели)
Епа нели пред да се случи експлозијата во третата сезона, Јазмин најде дневник на Хустина која раскажуваше како Луз ( сега министерка) ја фатиле пред некое време од некоја организација и ја смениле меморијата и се‘ тоа и ја подготвиле за операцијата ,,Принчипеса‘‘... Еве видео: http://www.youtube.com/watch?v=GFNzr2MOMuY Инаку го гледав порано и ми беше интересен, овие денови ги гледав овие епизоди и е глупичок ама ќе видам дали ќе продолжам да го гледам. Највеќе ми е за јазикот да си го извежбам.
1,2 и 3 сезона беа многу поинтересни и повозбудливи каде каде... Имаше повеќе фантазија,возбуда и ред други работи. Очекував мноогуу ,многу повеќе.Но,што е тоа е.И вака не е лошо. Мар поубава и послатка ми беше во претходните сезони.Сега некако се занесува.. Рамаа... Инаку бендот без Јасмин не е бенд,не е оној вистинскиот..
Не грижете се за тоа дека оваа сезона не е така возбудлива и интересна како претходните Чекајте да поминат барем 10-20 епизоди додека да се вклопите и навикнете на настаните. Најинтересно ќе биде по 55та епизода, кога овие LOS SALVAJES ќе дознаат дека нивните другари во EL NEE не се сеќаваат на нив До тогаш, само уживајте
Оваа сезона ми е многу здодевна...ајде велите дека со тек на време ќе стане интересна...Ама глупаво е што се одвоени,инаку колку епизоди има??