Пред еден месец ја изгледав последната епизода од 4 сезона на youtube и ептен неочекувано ми заврши серијава Spoiler Децава се вратија назад кај Сиело и кај Нико, освен Валери и Симон кои заминаа во иднината да живеат сами.
На почетокот навистина многу бев заразена со серијава, ретко пропуштав епизода. Морам да признаам дека интересни ми беа само првата и втората сезона, додека третата ми беше многу фантастична, патување низ време, итн а јас не сакам многу такви работи па не ја ни гледав често. Додека пак четвртата сезона ја немам гледано, ниту планирам да ја гледам сега за сега.
Ova e mojata omilena serija.. Dokolku ne ja sakate serijata mozete da gi slusnete pesnite od grupata teen angels vo koja clenovi se mar tijago rama taco bese i jasmin no ona si zamina od grupata i na nejzino mesto dojde vale... sekogas ke ja sakam serijava
Зошто повторно не ја даваат на сител, онаму каде што застанаа на А1, навистина беше интересна, а и ќе има гледаност, посебно тинајџеркиве, а и постариве. Ја гледав и искрено не се сеќавам до каде застанава, изгледа 3 сезона ја изгледав и треба 4-та да ја изгледам, а не знам каде онлајн би ја гледала, каде ја гледавте? Интересна беше, ама на крај ја затупеа. :geek:
Јас знам каде ги има на нет, ама без превод. А зошто сакам да разберам се и убаво да ја сварам последната сезона ќе ми треба превод. Па некој да не има линк? Иначе стварно глупости прават што не ја откупуваат. Ич не мислат на тинејџерската популација. Се некои турски и индиски затупени серии даваат, место да освежат со нешто весело, за млади, и ние да се порадуваме малце. Зар малку се турските серии па на местото на Ангели да купат некоја нова со плачки и кукања? Многу ме нервираат нашиве телевизии.
Леле порано колку бев луда по овие Убаво би било да ја даваат на некоја од нашиве телевизии,ама неверувам
Леле и јас би сакала повторно да ги дадат на телевизија... Иначе чисто информативно веќе групата Teen Angels се растурија и секој по свој пат си тргна, а баш сакав да останат заедно уште неколку години ... Многу си ги сакам
Кога ги имаше просто ги обожавав Одвај чекав да почне епизодата. Ми беа интересни и ги гледав 3-те сезони што ги даваа кај нас и мислам дека требаше бар некоја др. телевизија да ја купи 4-та епизода.
А јас пак колку ги сакав и колку бев занесена по нив, докажува мојот ник. Како што може да видите Мариана Лали Еспосито-Мар ми беше омилена и така нејзиното презиме се најде во мојот ник. Да би се зачленувала сега јас секако не би го ставила овој, ама тоа е. Тогаш беше такво времето. Ај забегав јас малце од темава. Еве јас ќе ставам неколку сликички, да се потсетиме на нив и на старите добри времиња кога тие ни беа најголема окупација и омилена серија. Мариана Еспосито-Мар : Spoiler Еухениа Суарез-Хасмин : Spoiler Питер Ланзани-Тиаго : Spoiler Николас Риера-Тачо : Spoiler Гастон Далмау-Рама : Spoiler
Се извинувам но малку ке забегам од темава. Дечки,може на Канал 5 да им напишеме да почнат повторно со емитување.Ако се здружиме сите можеби ке не послушаат.Штоо викате?? Акооо се здружиме сите ние кои ја гледавме можеби ке ја вратат.
Значи девојки на јутуб ги имате сите епизоди од сите сезони комплетно наставани, шо ќе ви се молби до телевизии... Напишете на јутуб Casi Angeles Temporada 4 episodios completos и гледајте ги епизодите.. Јас лани ја изгледав 4 сезона, и дефинитивно беше најјака. Цело лето со сестрами окапавме на јутуб по 10-11 епизоди во денот гледавме, цели ноќи будни само пустите каси анхелес да се гледаат ... Eве конкретно јас од овај јузер на јутуб ги гледав епизодите, сите ги има прикачено.. еве ви ја првата епизода: https://www.youtube.com/watch?v=yk01-RXcnxs и следете ги линковите на овај DaDu246 сите епизоди од 4 сезона се тука.
Луѓе, денеска се потсетував на некои сцени од сите сезони и неколку клипчиња од 4 сезона. Ама не е исто кога се гледа на телевизија. Ако запнеме на некоја програма (Сител, Канал5...) да ја откупат 4 сезона, ќе успееме да ја гледаме? И Тијаго(Питер) е поубав со кратка коса.
Може! Акоо запнеме може ке ја вратат ,еве овдее жалете се : -Одете на било којаа серии,бидејкии Ангели ја нема,одете на било којаа серија и напишете коментар,жалете се: http://www.femina.mk/out/?id=e61d99af91 ... leId%3D780
Е сега ќерката на Сиело и она другата поголема од Мар,Јасмин...Има некаква логика? Самоо не нашле глумци ... Инаку жалете се на страната што ви ја дадов...
Се согласувам со Glossy-girl дека дека Тијаго и Мар се најубав пар. Ги обожавам и искрено при крај серијата ми досади ама само поради нив ја гледав. А Juan Pedro Lanzani не можам да одлучам кога ми е поубав. Со долга коса е баш baby face- таков сладок, а со кратка коса поозбилен ми е, ама пак е убав. Абе срцка е во секој случај. Пред две години и нешто му направив лажен профил на фб и си се ставив во брак со него, ама кратко бевме заедно Туку ај Marbella штом си ја изгледала и четвртата сезона, кажи ми само онака накратко што се случува. И најважното дали Мар е со Тијаго??? Однапред благодарам
Ќе ставам во сполјер, можда несакаат сите да знаат, за да не им се уништи гледањето. Spoiler Мар ќе е со Тијаго на крај и ќе имаат син заедно, и тој ќе ги има моќите на Сиело. Тачо и Хасмин ќе имаат ќерка а Мелоди и Тео ќе имаат син, ама сево ова во иднинава ќе е. Тефи и Начо ќе имаат 3 машки деца( тие нема да се заедно, децата ќе се направат со вештачко оплодување за да не се измеша иднината(Бидејќи Хоуп ќерката на Малвина ќе е заедно со син на Тефи и Начо,и за не и ја уништат љубовта на Хоуп ќе се направат тие деца) а тоа ќе го решат сите четворица, Тефи пак ќе си е со Лука а Начо со Пајса, и сите ќе ги гледаат децата ... Иначе Пајса и Начо ќе имаат уште една ќерка нели Марта,кој има се гледано ќе му текне за што зборувам. Многу е интересна сезонава, дечките ќе бидат разделени со ѕид, т,е едните ќе живееат во град со зидини и ќе им се испрани мозоците а другите ќе живеат надвор и ќе бидат представувани како бандити. Дечките што ќе бидат надвор ќе пробуваат да влезат натре во ѕидините и да направат другите да си ја повратат меморијата. Во избришаните сеќавања и новите животи: Мар ќе биде позната ѕвезда-пеачка и Начо ќе ја брка за женска... Начо пак кој во предходниот живот беше богат сега ќе е сиромав и ќе е вработен кај Луз(таа ќе е нешто како градоначалник, а таа ќе им ги пери мозоците.) Симон ќе е во полицајците кои ги бранат жителите натре во ѕидината од „бандитите“... И наводно тој и го спасил животот на Мар, и тие ќе се заљубат незнаејќи дека постојат Тијаго и Вале кои ќе се надвор од ѕидот. Најпрвин Симон ќе е надвор ама ќе го фатат и ќе им го исперат мозокот. Ќе го фатат баш на денот на неговата свадба со Валерија. Рама ќе е вработан како професор натре во ѕидината и ќе е голем мачо мен, а и најсладок беше во оваа сезона од сите 4. Но ќе се сретне со Кика,и пак ќе се заедно. Жека ќе се заљуби во ќерката на Луз и тој ќе е богат во својот излажиран живот Хасмин ќе биде исто така внатре, ама таа ќе е модна дизајнерка која дошла од Италија. Внатре ќе е исто Хоуп на која иако и го испрале мозокот но веднаш ќе и се врати памтењето и ќе пробува да им укаже на сите да се сетат. Надвор од зидините се Мелоди-која ќе е бремена од Тео, но бидејќи ќе им биде кажано дека Тео и Хасмин се мртви, таа и Тачо ќе се зближат. Тефи и Лука ќе се урнебес , особено од кога тој ќе ја изневери со една женска која ќе е како него машкуданка и механичарка ќе сака коли и такви работи... А Тефи можете да замислите што ќе прави поради немањето хигиена,спиењето во шумата во една кујќарка. Тијаго ќе им биде како лидер и ќе пробува да прават некакви си креативни операции и да влегуваат во зидините. Луз,која ќе е лошата во филмов на крај ќе испадне дека и нејзе и е испран мозокот и дека зад целото сценарио да им ги пере мозоците не стои таа, всушност таа е сестрата на Сиело која била киднапирана. Паз и Камило нема да се во оваа сезона, ќе бидат во последните неколку епизоди. Во филмот ќе се јавува и Симон од иднината кој уствари ќе е лош и ќе пробува да го направи лош на овај Симон од сегашноста, бидејќи Симон од иднината ќе си ги убие жената-Вале и нивната ќерка не ќе може да си прости(тоа ќе биде во некоја експлозија,бидејќи од нивното предходно патување во иднината тој ќе земе експлозиви) и ќе патува низ времето да уништува се и сешто. Па затоа Тијаго на крајот ќе ја лажира смртта на Симон и тој ќе остане многу години нанапред во иднината заедно со Валерија, и тие двајца ќе се жртвуваат и ќе се далеку за сите да си ги продолжат животите нормално а Тијаго и Мар ќе го крстат нивниот син Бруно- Симон Бруно по второто име на Симон, т.е во негова чест. Ќерката на Луз ќе е фактички ќерката на Тачо и Хас, која била киднапирана во минатото. И Жека ќе ја засака, па Тачо ќе збеснува мн јако ќе е Дечките фактички ќе се дојдени да спречат во иднината Симон да стане лош, да се киднапира ќерката на Тачо и Хас, да направат да се спојат пак Мар и Тијаго за да се роди Бруно, да и ја вратат меморијата на Луз и на останатите, да ги најдат Паз и Камило, да го најдат Кристобал( кој се засакал со Луз и заедно имале ќерка која ќе го сака Тијаго во иднината, но кога ќе дознаат дека се роднини, таа љубов ќе и е невозможна.... ), Всушност момичињата кои ги посвоили Крис и Луз ќе бидат керќите на Тачо и Хас и Симон и Вале имале 2 близначки(иако Симон од иднината мисли дека едната ќерката му умрела,таа ќе е жива.) А Крис незнаел дека тие девојчиња се баш тие кои биле киднапирани, а Луз намерно нив ќе сака да ги посвои, да спречат да му се испере мозокот на Амадо-синот ма Мелоди и Тео... и уште мн работи. Мислам урнебесно е , да земам до утре можам да пишувам ... ама ете ви линкови гледајте. Морате да ја гледате, најјака сезона од сите досега е .