1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ангели (Casi Angeles)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од dusicka.musicka, 19 јануари 2011.

  1. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец ја изгледав последната епизода од 4 сезона на youtube и ептен неочекувано ми заврши серијава

    Децава се вратија назад кај Сиело и кај Нико, освен Валери и Симон кои заминаа во иднината да живеат сами.
     
  2. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    На почетокот навистина многу бев заразена со серијава, ретко пропуштав епизода. Морам да признаам дека интересни ми беа само првата и втората сезона, додека третата ми беше многу фантастична, патување низ време, итн а јас не сакам многу такви работи па не ја ни гледав често. Додека пак четвртата сезона ја немам гледано, ниту планирам да ја гледам сега за сега. :)
     
  3. attias

    attias Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    13
    Ova e mojata omilena serija.. Dokolku ne ja sakate serijata mozete da gi slusnete pesnite od grupata teen angels vo koja clenovi se mar tijago rama taco bese i jasmin no ona si zamina od grupata i na nejzino mesto dojde vale... sekogas ke ja sakam serijava :D
     
    На dragan4eDR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Зошто повторно не ја даваат на сител, онаму каде што застанаа на А1, навистина беше интересна, а и ќе има гледаност, посебно тинајџеркиве, а и постариве.
    Ја гледав и искрено не се сеќавам до каде застанава, изгледа 3 сезона ја изгледав и треба 4-та да ја изгледам, а не знам каде онлајн би ја гледала, каде ја гледавте?
    Интересна беше, ама на крај ја затупеа. :geek:
     
    На attias и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  5. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Јас знам каде ги има на нет, ама без превод. А зошто сакам да разберам се и убаво да ја сварам последната сезона ќе ми треба превод. Па некој да не има линк?

    Иначе стварно глупости прават што не ја откупуваат. Ич не мислат на тинејџерската популација. Се некои турски и индиски затупени серии даваат, место да освежат со нешто весело, за млади, и ние да се порадуваме малце. Зар малку се турските серии па на местото на Ангели да купат некоја нова со плачки и кукања? Многу ме нервираат нашиве телевизии.
     
    На Victorian и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Lali Esposito ми беше омилена. :D
    Да, навистина, ако имате со превод, дадете линк. ;)
     
  7. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Леле порано колку бев луда по овие :lol:
    Убаво би било да ја даваат на некоја од нашиве телевизии,ама неверувам |(
     
  8. LovePeace

    LovePeace Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    37
    Леле и јас би сакала повторно да ги дадат на телевизија... :( Иначе чисто информативно веќе групата Teen Angels се растурија и секој по свој пат си тргна, а баш сакав да останат заедно уште неколку години :wasntme:... Многу си ги сакам :inlove:
     
  9. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    879
    Допаѓања:
    1.490
    Пол:
    Женски
    Кога ги имаше просто ги обожавав :D Одвај чекав да почне епизодата. Ми беа интересни и ги гледав 3-те сезони што ги даваа кај нас и мислам дека требаше бар некоја др. телевизија да ја купи 4-та епизода.
     
  10. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    А јас пак колку ги сакав и колку бев занесена по нив, докажува мојот ник. Како што може да видите Мариана Лали Еспосито-Мар ми беше омилена и така нејзиното презиме се најде во мојот ник. Да би се зачленувала сега јас секако не би го ставила овој, ама тоа е. Тогаш беше такво времето. Ај забегав јас малце од темава.

    Еве јас ќе ставам неколку сликички, да се потсетиме на нив и на старите добри времиња кога тие ни беа најголема окупација и омилена серија.

    Мариана Еспосито-Мар :inlove: :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Еухениа Суарез-Хасмин :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Питер Ланзани-Тиаго :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Николас Риера-Тачо :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Гастон Далмау-Рама :
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    И јас би сакала поовторно да јаа емитуваат
     
  12. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Се извинувам но малку ке забегам од темава.

    Дечки,може на Канал 5 да им напишеме да почнат повторно со емитување.Ако се здружиме сите можеби ке не послушаат.Штоо викате??
    Акооо се здружиме сите ние кои ја гледавме можеби ке ја вратат. :D :*
     
  13. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Најубав пар.[​IMG]
     
    На Stoimenovska, TheaEsposito и AnGel.fire им се допаѓа ова.
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Значи девојки на јутуб ги имате сите епизоди од сите сезони комплетно наставани, шо ќе ви се молби до телевизии...
    Напишете на јутуб Casi Angeles Temporada 4 episodios completos и гледајте ги епизодите..
    Јас лани ја изгледав 4 сезона, и дефинитивно беше најјака. Цело лето со сестрами окапавме на јутуб по 10-11 епизоди во денот гледавме, цели ноќи будни само пустите каси анхелес да се гледаат :D ...

    Eве конкретно јас од овај јузер на јутуб ги гледав епизодите, сите ги има прикачено..
    еве ви ја првата епизода: https://www.youtube.com/watch?v=yk01-RXcnxs и следете ги линковите на овај DaDu246 сите епизоди од 4 сезона се тука.
     
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Луѓе, денеска се потсетував на некои сцени од сите сезони и неколку клипчиња од 4 сезона. Ама не е исто кога се гледа на телевизија.
    Ако запнеме на некоја програма (Сител, Канал5...) да ја откупат 4 сезона, ќе успееме да ја гледаме? :wasntme: И Тијаго(Питер) е поубав со кратка коса. :!: :D
     
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Може! Акоо запнеме може ке ја вратат ,еве овдее жалете се : :!:
    -Одете на било којаа серии,бидејкии Ангели ја нема,одете на било којаа серија и напишете коментар,жалете се: http://www.femina.mk/out/?id=e61d99af91 ... leId%3D780 :D
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Не беше лоша серијата..Штета што нема пак да се емитува :(
     
  18. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Е сега ќерката на Сиело и она другата поголема од Мар,Јасмин...Има некаква логика? :^) :^) |( |( :fubar:
    Самоо не нашле глумци ... :^) :^) |(


    Инаку жалете се на страната што ви ја дадов... :D
     
  19. Danilela

    Danilela Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    2.256
    Допаѓања:
    1.807
    Се согласувам со Glossy-girl дека дека Тијаго и Мар се најубав пар. Ги обожавам и искрено при крај серијата ми досади ама само поради нив ја гледав. А Juan Pedro Lanzani не можам да одлучам кога ми е поубав. Со долга коса е баш baby face- таков сладок, а со кратка коса поозбилен ми е, ама пак е убав. Абе срцка е во секој случај. Пред две години и нешто му направив лажен профил на фб и си се ставив во брак со него, ама кратко бевме заедно :$ :D
    Туку ај Marbella штом си ја изгледала и четвртата сезона, кажи ми само онака накратко што се случува. И најважното дали Мар е со Тијаго??? :) Однапред благодарам
     
    На Glossy-girl и TheaEsposito им се допаѓа ова.
  20. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342

    Ќе ставам во сполјер, можда несакаат сите да знаат, за да не им се уништи гледањето.
    Мар ќе е со Тијаго на крај и ќе имаат син заедно, и тој ќе ги има моќите на Сиело. Тачо и Хасмин ќе имаат ќерка а Мелоди и Тео ќе имаат син, ама сево ова во иднинава ќе е. Тефи и Начо ќе имаат 3 машки деца( тие нема да се заедно, децата ќе се направат со вештачко оплодување за да не се измеша иднината(Бидејќи Хоуп ќерката на Малвина ќе е заедно со син на Тефи и Начо,и за не и ја уништат љубовта на Хоуп ќе се направат тие деца) а тоа ќе го решат сите четворица, Тефи пак ќе си е со Лука а Начо со Пајса, и сите ќе ги гледаат децата :D ... Иначе Пајса и Начо ќе имаат уште една ќерка нели Марта,кој има се гледано ќе му текне за што зборувам. Многу е интересна сезонава, дечките ќе бидат разделени со ѕид, т,е едните ќе живееат во град со зидини и ќе им се испрани мозоците а другите ќе живеат надвор и ќе бидат представувани како бандити. Дечките што ќе бидат надвор ќе пробуваат да влезат натре во ѕидините и да направат другите да си ја повратат меморијата.
    Во избришаните сеќавања и новите животи:
    Мар ќе биде позната ѕвезда-пеачка и Начо ќе ја брка за женска...
    Начо пак кој во предходниот живот беше богат сега ќе е сиромав :D и ќе е вработен кај Луз(таа ќе е нешто како градоначалник, а таа ќе им ги пери мозоците.)
    Симон ќе е во полицајците кои ги бранат жителите натре во ѕидината од „бандитите“... И наводно тој и го спасил животот на Мар, и тие ќе се заљубат незнаејќи дека постојат Тијаго и Вале кои ќе се надвор од ѕидот. Најпрвин Симон ќе е надвор ама ќе го фатат и ќе им го исперат мозокот. Ќе го фатат баш на денот на неговата свадба со Валерија.
    Рама ќе е вработан како професор натре во ѕидината и ќе е голем мачо мен, а и најсладок беше во оваа сезона од сите 4. Но ќе се сретне со Кика,и пак ќе се заедно.
    Жека ќе се заљуби во ќерката на Луз и тој ќе е богат во својот излажиран живот :D
    Хасмин ќе биде исто така внатре, ама таа ќе е модна дизајнерка која дошла од Италија.
    Внатре ќе е исто Хоуп на која иако и го испрале мозокот но веднаш ќе и се врати памтењето и ќе пробува да им укаже на сите да се сетат.
    Надвор од зидините се Мелоди-која ќе е бремена од Тео, но бидејќи ќе им биде кажано дека Тео и Хасмин се мртви, таа и Тачо ќе се зближат.
    Тефи и Лука ќе се урнебес :D , особено од кога тој ќе ја изневери со една женска која ќе е како него машкуданка и механичарка ќе сака коли и такви работи... А Тефи можете да замислите што ќе прави :D поради немањето хигиена,спиењето во шумата во една кујќарка.
    Тијаго ќе им биде како лидер и ќе пробува :D да прават некакви си креативни операции и да влегуваат во зидините.
    Луз,која ќе е лошата во филмов на крај ќе испадне дека и нејзе и е испран мозокот и дека зад целото сценарио да им ги пере мозоците не стои таа, всушност таа е сестрата на Сиело која била киднапирана.
    Паз и Камило нема да се во оваа сезона, ќе бидат во последните неколку епизоди.
    Во филмот ќе се јавува и Симон од иднината кој уствари ќе е лош и ќе пробува да го направи лош на овај Симон од сегашноста, бидејќи Симон од иднината ќе си ги убие жената-Вале и нивната ќерка не ќе може да си прости(тоа ќе биде во некоја експлозија,бидејќи од нивното предходно патување во иднината тој ќе земе експлозиви) и ќе патува низ времето да уништува се и сешто. Па затоа Тијаго на крајот ќе ја лажира смртта на Симон и тој ќе остане многу години нанапред во иднината заедно со Валерија, и тие двајца ќе се жртвуваат и ќе се далеку за сите да си ги продолжат животите нормално а Тијаго и Мар ќе го крстат нивниот син Бруно- Симон Бруно по второто име на Симон, т.е во негова чест.
    Ќерката на Луз ќе е фактички ќерката на Тачо и Хас, која била киднапирана во минатото. И Жека ќе ја засака, па Тачо ќе збеснува мн јако ќе е :D
    Дечките фактички ќе се дојдени да спречат во иднината Симон да стане лош, да се киднапира ќерката на Тачо и Хас, да направат да се спојат пак Мар и Тијаго за да се роди Бруно, да и ја вратат меморијата на Луз и на останатите, да ги најдат Паз и Камило, да го најдат Кристобал( кој се засакал со Луз и заедно имале ќерка која ќе го сака Тијаго во иднината, но кога ќе дознаат дека се роднини, таа љубов ќе и е невозможна.... ), Всушност момичињата кои ги посвоили Крис и Луз ќе бидат керќите на Тачо и Хас и Симон и Вале имале 2 близначки(иако Симон од иднината мисли дека едната ќерката му умрела,таа ќе е жива.) А Крис незнаел дека тие девојчиња се баш тие кои биле киднапирани, а Луз намерно нив ќе сака да ги посвои,
    да спречат да му се испере мозокот на Амадо-синот ма Мелоди и Тео... и уште мн работи.

    Мислам урнебесно е , да земам до утре можам да пишувам :D ... ама ете ви линкови гледајте. Морате да ја гледате, најјака сезона од сите досега е . :rock:
     
    На Glossy-girl, Danilela и TheaEsposito им се допаѓа ова.