Незнам дали ќе ти објаснам добро и дали ќе ме сфатиш, ама целата ствар во надминување на ова е да не се бориш со него, т.е да не му даваш внимание Пушти го гардот и дозволи оваа негативна енергија само да помини низ тебе без да ја спречваш оти секоја реакција создава своја , кога реагираш на нешто од горе наведеното исто како да му велиш на телото дека стварно си во опасност и затоа овие сензации или симптоми се засилуваат...Треба да дозволиш овие сензации да се одвиваат без страв т.е да ги прифатиш Знам дека не е лесно , далеку од тоа е ама е едноставно(прифаќање)
Ти благодарам Јас сум многу самосвесна за се што ми се случува, прво што направив отидов на лекар да видам дали навистина постои физичка - реална основа за се тоа. Се се исклучи!!! Но!!! "Секогаш има но" стравот си остана. Јас постојано се убедувам дека навистина е се во ред но црвот не седи мирен и ми вика "да не згрешија нешто докториве". Се трудам да не обрнувам внимание ама ете...да не беше така немаше да бидам овде Ама се надевам ќе успеам да се изборам!!! Постојано си повторувам ЌЕ ПОМИНЕ!!!
Хеј дечки. Јас мислам дека премногу внимание им придаваме на сите промени во животот што ни се случуваат, секој ден, секој час, секоја минута па и секунда. И на луѓето кои немаат анкс, депресија им се случуваат промени, нагли на расположение. Чудни мисли, стравови и сл. Само кај нас се поизразени. Што сака нека се случува, како што вика членот погоре :" остај го да помине" и да те одмине Поздрав
Здраво девојки Веќе две години се борам со анксиозноста . Првите шест месеци како да живеев во пекол. Со текот на времето со голема подршка од моите дома успеав да го поминам сето тоа. Решив да свртам нов лист да се изборам. Симтомите ми се јавуваа повторно но пробував да не им обрнувам внимание и тие ќе исчезнеа. Проблемот ми е што стравот не поминува и секогаш ќе ми се вратат мислите и се прашувам немој да ми е нешто сериозно. Еве веќе еден месец, не секој ден но на неколку денови ми се јавува болка и стегање на левата страна на раката вратот и грбот. Можам да кажам дека е тапа болка која повеќе ме нервира одколку да боли, се осеќам здрвено. Свесна сум дека не ми е ништо, но на моменти ми се јавуваат такви лоши мисли немој да ми е нешто. Сакам да ве прашам дали и на некој од вас ви се има јавено таа болка, и како да го надминам стравот Хелп!
Ми се дешаваше еден период да ме боли во градите и левата рака секој ден, а сега последно ми се укочуваше десната рака и ми беше многу послаба од левата. И моментот кога се помирив дека тоа е од стрес и анксиозност, а не умирам одма ми помина. Така да колку повеќе мислиш на тоа толку подолго ќе трае. Кога ќе го прифатиш одма ќе помине
Јас никогаш не сум имала проблем со денсата страна од телото, секогаш левата страна еднаш е раката, еднаш е ногата и се така Јас сум свесна дека ми е од стрес еве сега ми иде испитна сесија а и треба да добијам, но така понекогаш ми се јавуваат тие лоши мисли или пак некој ќе почне да зборува за некоја болест и веднаш лошо ми станува
Знам и мене исто, ама некогаш функционира кога ќе повторуваш дека се е океј, некако се уверуваш себеси
Денес си реков од сабајле мора да сменам некоја работа, некоја рутина која ќе ми докаже дека е се во мојата глава, дека само си замислувам дека се мора да биде по одреден редослед за да биде како што треба. Прв пат по неколку год кафето го пиев од друг филџан...цел ден сум во исчекување што лошо ќе се случи пукам цел божји ден. Телефонот кога ќе ми заѕвони ми е страв да се јавам за да не ми кажат нешѕо лошо од таму!!! Страшно луѓе...страшно
Јас вчера имав мигренозен напад примив инекциии и денес цел ден сум како во агонија како изгубена и мислам ќе се онесвестам ве молам за помош цело тело ми се тресе неможам да се смирам...
Крик, ова што го напиша сеа баш звучи страшно...неколку пати пишуваш дека имаш мисли нереални, а дека сепак ги контролираш на некој начин...само можам да ти кажам да почнеш да не размислуваш и фокусираш на она што ти доаѓа од мислите, пробај кога ќе ти дојде мисла да го скренеш вниманието кон работата на работа или разговор со колешките, а ако си дома на домашните обврски или нешто што ќе те релаксира...
Имам пијам цитрам од 10мг. Ама така сум како под стрес цел ден како присутна а отсутна не сакам да пијам ништо друго освен АД
Страшно нели? Јас го напишав и го препрочитав ...и си помислив "боже жено дали си свесна што е ова" ОВА МОРА ДА ПРЕСТАНЕ!!!
Разликата е во тоа кој што прави со мислите, односно во што ги претвара и како се одразуваат на нашето однесување. Кај анксиозните луѓе мислите се претвараат во стравови и сл. со промени во расположението и запаѓање во самоанализа и депресија и други пореметувања, додека кај неанксиозните мислите се претвараат во акција, барање решение, логично заклучување, постои ли реално да сум загрижена?? и сл.
Мора срцка да престане, но само ако успееш да ги пренасочиш мислите кон ЦЕЛИ. Почни да планираш....сеа ќе го завршам ова до толку саат после ќе пијам кафе...кога ќе го завршам ова ќе се јавам кај сестра ми/мајка ми /другарка ми/....и така преокупирај си ги мислите со она што ТРЕБА да се случи а не со она што МОЖЕ да се случи.....ме разбираш така?
Ма јас потполно те разбирам само што кај мене е проблем и страв ми е или нз како да објаснам, а може и многумина ќе ме разберат...кога и да помислам да испланирам и да зборам за нешто што ќе се случи да речеме после три месеци одма ми оди да помислам будало една не планирај долгорочно може да се случи нешто лошо!!! Катастрофа! Ама не е секогаш така, мислам не ми идат тие мисли секогаш само понекогаш кога сум во ваква ситуација