И јас лани се плашев исто пред одмор си ја замислував собата и како ме фаќа паника навечер па како е далеку од црнтарот од болница.... и така цело време се плашев и од анксиозност кога се вратив имав и депресија а рве ме сега сум супер значи не мисли на тоа а за сигурност пиј си некој анксиолитик или витамин б6 два пати на ден и магнезиум ☺
Луѓе, јас сум подобра имам само еден проблем ушите ми се затнуваат во гласна музика... Т. Е. В кафич и некако како да не се слушам шо зборувам..... Е сега ми е да не ми е високиот притисок, па да паднам в кафич (фака Богу немаше мн гужва) ?и сега дома ко појдов ми се одзатнаа додуша ко си одев, и сегашноста дома ми се затнува десното уше и си го слушам срцето кај шо ми чука. А инаку се изнаиграв в кафич и тоа на РОК Позз до сите.
Да, јас бев на разговор, и после 35мин разговор со него ми рече никако ад за анксиозност, не се лечела со нив, само спортување и хоби и ми ги прекина ад кои упорно ми ги даваше друг психијатар и фала му за тоа да останев на нив ке побудалев
Па нормално е да ти се затнат ушите на гласна музика. И престани секој симптом да си го анализираш Јас имам лошо искуство со него, скроз му е за пари само не се грижи за пациентите
Мислам дека е затоа што мислиш на тоа цело време, непријатно е ама мора да научиме да се справуваме, пробај со медитација најди некоја на ју туб наведувачка/насочувачка на пр. од ана бучевич за релаксација, опуштање, почеток на денот, мене коа ми беше тешко пуштив и ми помага за опуштање, пробај да визуелизираш, мисли на убави работи ајде ќе биде добро
луге ми е страв да одидам на одмор а многу сакам,лани не бев мислам дека ке ми се слоши гледам кај има амбуланти а многу сакам да идам
Си бев на одмор и вчера си се вратив. Ни А од анксот!!! Супер беше. Не ми беше страв да одам, ама за секој случај си го понесов апаратот за притисок
devojki moze e smesno ova sto ke ve prasam ama mnogu me zagrizuva dali treba da se grizam sto mi e stolicata posvetla boja svetlo kafena mnogu mi e strav
Луѓее, дали поради анксиозноста ви доаѓаат некои мисли како „замисли дека ова што го гледаш не се случува“ (како да не е реално)???
Да, феноменот се нарекува дереализација и е типичен и чест за ние кои имаме анксиозно депресивно пореметување. Не е ништо сериозно, и не, нема да прогресира.
Пред веќе 2 месеци (на 3 мај) ја удрив главата во една даска но тогаш ништо немаше(немаше ниту рана ниту крв). Таа вечер ми се слоши и отидов во болница на преглед. Ме прегледа дежурен неврохирург и рече дека нема ништо и дека нема потреба да се снима главата. Но, мене тоа не ми беше доволно за да се смирам. Од таа вечер постојано имам некои мисли дека се нешто имам во главата како потрес. Исто така после настанот гледав на интернет некои глупости што се може да ми се случи. Тоа додатно влијаеше како стрес. Од тогаш еве веќе два месеци ми е постојано страв. И исто така имам некое чувство како се да е нереално и како да ми лазат мравки по кожата на главаатаа ( оти главата цело време ми е во мислитееее). Сакав да прашам дали ова е анксиозност и дали му се има случено ова на некој друггг..
Јас така сега брзо ја траснав убаво главата во штица од кревет. И ме болеше и на допир и општо како да ме прободува ме болеше од време на време. И само на тоа мислев и упорно болеше. И после заборавив некако и престана одма. Така да веројатно ти е од тоа што се фокусираш на тоа.
Здраво на сите Еве веќе три години сум со анкс и сум доста подобра од порано но вчера ми се случи нешто што од памет ме извади а не сум ни во мојот град за да отидам на лекар.Вчера вечерта бев излезена, пешачевме, шетавме ама осеќав несносен замор дури проследен со некоја нелагодност во градите и веднаш помислив од анкс е, не е ништо иако вакво нешто прв пат ми се случува.После некое време ми помина, прилично, осеќав само мала нелагодност во стомакот и ноќеска.Сабајле кога станав таа нелагодност во стомакот беше проследена дури и со некоја недефинирана блага болка.еве денес цел ден замор и тоа ептен, дури и таа болка постои уште.Страв ми е, после долго време
Оди на одмор со луѓе шо им веруваш и шо знаат дека си анксиозна и знаат како да ти помогнат ако те фате паника Не треба да се грижеш, се е во ред Да, многу пати ми се има случувано и често ми иделе тие мисли кога сум во центар со другарка или друштво или сретнам некој човек и страв ми е да им правам музабет да не излезе како сама на себе да си зборам. Инаку подобра сум сега и многу ретко ми се случило да мислам на тоа Ништо не ти е, нормално е така да ти се случува, дека подолго време мирувала си. само гледај сега да се релаксираш шо е можно повеќе или прави некој работи шо ти одвлекуват внимание
Sakam da ve prasam pijam asentra od 50mg 6den I po potreba heleks od o.25 mg moze li od asentrata da sum pospana
Дали на некој од ваш му бучи увото ?Набечер кога ке легнам да спијам ми бучи како некоја кола кога брчи се слуша.Се прашувам дали е од анкс или нешто друго е во прашање?