Она е во Лептокарија... Клинички психолог е и декан на Славјански универзитет, ја имало многу по телевизии. Она предава и на академија, многу многу спремна жена. Е сега скапичко е и нема баш термини, 1500 е една сеанса. Ама мене денес некако ме препороди скроз
Јас изгледа ќе се прогласам себеси за анксиозна. Симптомите не ги знам ама и ова што ми се случува не знам како да си го објаснам освен со оваа дијагноза. Многу сум нервозна,избувнувам за глупости,брзоплета сум,кога ќе се изнервирам морам нешто да правам,најчесто чистам за да се смирам,во некои стресни ситуации ми треперат рацете и се потам премногу. Спијам нормално,немам проблеми со тоа или некои други симптоми. Анксиозност ли е?
Чувствуваш ли слабост во нозете (гумени нозе), гушење, сува уста, ирационални стравови, панични напади? Треморот на рацете и потењето се само при стресни ситуации или се јавуваат од нигде никаде било кога?
Абе подобро е да не си закачуваш дијагнози, после ќе си се поистоветуваш со нив.... Инаку да, анксиозноста е уствари нервоза, а сето ова се симптоми за нервоза. Еден куп симптоми дава анксиозноста, дури и физички, срцебиење, тресење на раце носе, качување на притисок, чувство како нозете да ти се од гума. Потењето е исто симптом, мислите се побрзи од говорот, вртоглавици.... Еден тон се Ама си има техники за опуштање, можеш да си пробаш медитација, јога, чај од маточина и камилица.
Да... Она рече дека тоа е меч со две оштрици... Нема доволно испитувања во светот како точно влијаат антидепресиви во бременост, зошто никој не сака да експериментира со трудници. Ми рече прво да пробаме без никаква терапија, да не се ризикува. Ќе пробам да издржам првиве 3 месеци да поминат барем, ако ептен не ми се подобрува ќе си барам терапија...
@Emy867 Немам ништо од тие симптоми.Потењето и треморот се само во стресни ситуации. @Missy980 не сакам сама да се лечам,далеку од тоа,сакам само да знам каде да барам решение и дали е сериозно ова што ми се случува.Инаку со медитации и чаеви јас тешко,познавајќи се колку сум недисциплинирана
@MamacitaBuena тогаш сигурно не е ансиозност, туку е реакција која настанала како последица на мигновен стрес . Плус и импулсивност како карактерна особина штом имаш, стрес на квадрат . Решение - прави што повеќе работи кои те опуштаат, друго нема. Карактер не се менува, па мора да работиме на самоконтрола колку можеме.
Хахаха абе и јас мислев така, ама понекад помага... Кога ќе ме фати таква нервоза, си ставам слушалки и си ја слушам госпожата како ми зборува Има многу добри апликации, Pacifica ја препорачувам ептен. Мене искрено ми личи како да си понервозна, ама ако си функционираш и ако не ти прави проблеми во секојдневно функционирање, подобро да не се врзуваш за дијагнози. Јас така почнав да чепкам, завршив на психијатар и одма на антидепресиви од кои тешко после човек може да се ослободи. А ако ти прави проблеми во функционирање (слаба концентрација, проблеми со меморија, стравови), тогаш би ти препорачала муабет со психолог, не психијатар. Тоа е нешто што може да се држи под контрола. Башка ете, си си нашла вентил, си чистиш, вадиш негативна енергија
Не може, сите лекови се елиминираат од организмот преку урина или фецес како метаболити а кај крвната слика за да ти покаже лек требеа тестирање на концентрацијата на лекот во крв,што е посебно испитување а не со диференцијална крвна слика , а не би требало да ти бараат урина со добиено ама нз како иде на систематски
Исто и мене ми е така...Ќе бидам во ред и кога ќе дојди некоја лоша мисла пак се појавува аксиозноста...Што правиш ти?
На мене само што ми текне на состојбата ми се појавува автоматски кога мислите ми се на друго место не ми се појавува значи се е до мислите...
Деновиве сум катастрофа, сабајле станав испотена цела кошмар имав. Се измачувам со една личност. Неможам да дишам, се плашам. Стравот ме обзема целосно, сакам да плачам а се плашам. Неможам да се ослободам од ова тежина....
Да да, ќе идам еднаш неделно. Од едно видување ништо, мора редовно. Не знам поинаку како да си помогнам. Со сила излегувам, со сила зборувам, концентрација нула. Баш тага и нервоза, измешани, без причина.
Здраво дечки,нова сум на форумов,но ве читам веќе некое време.Како што глефам голем дел од вас ги имаат симптомите што ги имам јас,т.е. анксиозност. Прво добра работа е тоа што сме свесни дека го имаме,не го негираме туку го прифаќаме. Свесни сме сите дека не поминува туку така,туку треба трпение и смиреност. Неколку пати имав панични напади,од последните 2-3 пати завршив во болница со мислите дека ќе умрам,дека ќе се угушам,дека нешто ми се случува. Крвна слика-одлична,ЕКГ-супер (3 пати во рок од 2 дена) не земајќи во предвид претходните две месец дена пред тоа,ехо на бубрези,црева,црн дроб...-супер...итн итн...последен степен беше психијатарот,каде во 15 минутен муабет ми препиша Хелекс ( ниту едно апче не се напив за среќа) ...после тоа застанав,си ја чукнав главата и реков:Јас ќе те прифатам дека ми се случуваш и ќе се изборам со тебе,но да пијам хелекс на 26 год нема да си дозволам! Од голема помош се медитациите дефинитивно! Од симптоми имам/в буквално се! Од гушење,останување без воздух,мислата дека ќе ми се случи нешто,отсечени нозе од колена надоле,трнење на рацете,посебно левата (нели си поврзуваш во глава дека имаш проблем со срцето) укочени нозе,воља за седење со луѓе никаква,стегање во градите,грутка во грлото(чувство како нешто да ми расте внатре и ќе ме угуши) зашеметеност во главата,повраќање (како последица на стравот) ....иии многу други...кои ме пратеа во голем интензитет,НО еве веќе месец дена како се намалија... Се случува сеуште секако,но пробувам да бидам силна,не се борам туку прифаќам дека е присутно и колку што можам повеќе пробувам да го игнорирам (и за среќа гледам напредок) Се приклучив тука,бидејќи сосема случајно search-нувајќи симптоми на Google наидов на форумов и се пронајдов комплетно. Секоја чест дечки за храброста,кога ве читам искрено се чувствувам по сигурна. Денеска пак сум со тие симптоми,но искрено вие сте ми утеха...читам тука и се чувствувам подобро,едноставно ставам ignore на тоа што е! Убава вечер дечки,совет плус не е на одмет
Леле преска како ме фана една паника ама лесно за игнорирав и исчезна за 10 минути а и плус во период сум...
Мене цел ден ми е некако мутаво,те нозе отсечени,те укочена лева рака,те зашеметеност,па боцкање во градите и ред други работи...за сега да не можам да заспијам бидејќи ме мачи грутка во грлото која мислам дека не ми дозволува да земам убаво воздух..дали некој друг ги има овие симптоми пред спиење или...?
Добредојде! И јас од неодамна се приклучив и да, помага Полесно е кога знаеш дека не си сама. За хелексот... знаат да опуштат, мене ми создадоа голема зависност. Се враќав дома ако немав во мене, чувството дека ми се во ташна ме опушташе. Хелексот се пијат 3 месеци макс и во комбинација со јога, психотерапија и медитации знаат да извадат од кал, ама тоа е само штака на која може човек да се потпре, а нема да го излечи. Така што ја поздравувам одлуката да не ги пиеш. Јас 1 месец сум хелекс free и никогаш веќе нема да пробам, зошто кога ќе ги откажеш, симптомите дупло се враќаат. И она што е најважно, не треба да се бориме против ова, треба да го прифатиме, така му го намалуваме значењето. Рака под рака со анксиозноста. И кога ќе види дека не нешто многу ја играме, можда и ќе си замине