Анксиозност

Discussion in 'Психологија' started by dunja, Jan 12, 2010.

  1. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Joined:
    May 29, 2015
    Messages:
    2,720
    Likes Received:
    20,404
    Точно, се согласувам. Затоа и секогаш во моите постови нагласувам дека посетата на психолог/ психијатар е круцијална за брз опоравок. Го делиме истото мислење за терапија, купување на време додека сам не прогледаш. Толку е се јасно, а чиниш, кога си анксиозен, живееш во магла.
    И јас бев тврдоглава, не сакав да си помогнам, во ништо не верував. Се додека ситуацијата не премина од анксиозност, во депресија со суицидни мисли. Денот кога завршив на ургентен, поради страв дека ќе си наштетам, толку силен немир, толку омраза према сопствениот живот, ме плесна по лице да се освестам. Почнав се да применувам. Чекор по чекор до крајната цел.
    Имам фотографии од пред две години. Кога ќе ги видам, сеуште ми создаваат немир. Во очите ми се гледа дно, апатија, бескрајна тага. Лицето ми е старо, без волја, енергија.
    Сега да ми ги видиш фотографиите:) Лепотица, полна живот, кристални очи, насмевка до уши.
    И секогаш се навраќам на првите фотографии, да се потсетам колку сум била силна. Да се потсетам на трнливиот пат. Да ми покаже која сум била, а која сум сега.
     
    sophia, bubic.k, GirlsRule and 7 others like this.
  2. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Joined:
    Jul 8, 2016
    Messages:
    3,221
    Likes Received:
    15,379
    Gender:
    Female
    :l::l::l:
     
    GrimTheReaper likes this.
  3. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    6,393
    Likes Received:
    16,772
    Луѓе не е глупаво да одам ссма до градски парк? Пешки? Да земам чергиче и да седам покрај вода
    Мислам сите во мене гледаат..
    Веќе дома се гушам и мислам ќе умрам.
    Преоптоварени мисли имам со операцијата, па после тоа како ќе биде, па животот ми нема смисла.
    Морам да чекам уште оваа недела зс психолог, аманте
     
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,212
    Likes Received:
    124,424
    Gender:
    Female
    Никој нема да те гледа, земи си книга, слушалки на уши и уживај. А ако некој гледа нека гледа јеби га досаден му е животот.
     
  5. LukrecijaBorgija

    LukrecijaBorgija Истакнат член

    Joined:
    Nov 12, 2019
    Messages:
    350
    Likes Received:
    235
    Gender:
    Female
    odi ,ne e ic glupavo, a i nikoj ne te poznava
     
    GirlLove likes this.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Joined:
    Dec 21, 2010
    Messages:
    19,212
    Likes Received:
    124,424
    Gender:
    Female
    А и да ја познава. Ама бре во цел свет си седат така во парк се релаксираат само кај нас леле леле што ќе речат, па ќе ме видат.. од тоа си патиме. Ајде уживајте во животот како вам ви е убаво, манете кој што мисли. И јас сега би седнала така ама морам да работам :)
     
  7. lovely girl M

    lovely girl M Истакнат член

    Joined:
    Sep 20, 2018
    Messages:
    579
    Likes Received:
    629
    Gender:
    Female
    Site nie nekogash imame potreba da bideme sami I ne e nisto stramno da sedish vo park sama ili da odish na shopping sama. Pravi kako so ti e cejf.
     
    GirlLove likes this.
  8. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Joined:
    Jan 20, 2019
    Messages:
    247
    Likes Received:
    181
    Gender:
    Female
    Jas i na kafe si sednuvam sama be ne se zamaram :D
     
    GirlLove, greenday and nena2010 like this.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    6,393
    Likes Received:
    16,772
    Проблемо е шо сама сум постојано, без работа
     
  10. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Joined:
    Jan 20, 2019
    Messages:
    247
    Likes Received:
    181
    Gender:
    Female
    Isto i jas. Povekje vreme za rabota na sebe. Porano mislev deka sum osamena, a sega sum srekjna sto sogledav nekoi raboti i gi vidov vistinskite lica na nekoi lugje vo mojot zivot pa sega sum srekjna sto sum sama.
     
    steela.honey likes this.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Joined:
    Jan 4, 2010
    Messages:
    6,393
    Likes Received:
    16,772
    Поздрав од градски парк...
    САМА
    Пешки од плоштад со слушалките в уши.
    Не знам дали сум на прав пат но се чувствувам ослободено... :)
     
  12. SuicideMessiah

    SuicideMessiah Истакнат член

    Joined:
    Aug 26, 2015
    Messages:
    26
    Likes Received:
    19
    Gender:
    Male
    И јас го имам истото чувство, како да ме стега нешто во главата по страните и дали е тоа симптом на анксиозност?! А понекогаш добивам (најверојатно од страв) спонтано забрзано срцебиење како кога е човек исплашен или возбуден и малаксаност на тело се додека не испијам еден хелекс и се враќа во нормала како ништо да не е.
     
  13. SuicideMessiah

    SuicideMessiah Истакнат член

    Joined:
    Aug 26, 2015
    Messages:
    26
    Likes Received:
    19
    Gender:
    Male
    Пред малку се чув со другар кој е кинезитерапевт, вика дека е од вратот з вратна спондилоза. Закажи физикална па со 10 третмани ќе помине.
     
    Matea94 likes this.
  14. fruitless

    fruitless Активен член

    Joined:
    Oct 16, 2020
    Messages:
    9
    Likes Received:
    27
    Gender:
    Female
    Здраво девојки!

    Во последните 6 месеци доживеав два пати спонтан абортус...
    На оваа тема и за сите емоционални и здравствени ролеркостери кои што ми се случуваат - за жал немам со кого да зборувам.
    Најблиските сметаат дека ако се прават дека ништо не се случило, на тој начин некако ме заштитуваат - што ни малку не е точно. Затоа се обраќам тука. Решив да почнам visual diary на инста, пробувам да се сносам со сите емоции и анксиозност преку креативи...
    За сите кои сакаат да дадат поддршка и да станат дел од една нова инста "заедница" Ве чекам на https://www.instagram.com/fruitless.society/

    Ајде јавно да ги кршиме сите табу теми!
     
    greenday, tina2018, DAngel and 2 others like this.
  15. Bojana890

    Bojana890 Истакнат член

    Joined:
    Mar 22, 2019
    Messages:
    184
    Likes Received:
    252
    Gender:
    Female
    Сте се сретнале со ова?

    [​IMG]

    Мислења/Искуства?

    Во спојлер ќе ставам што се успеав да најдам за него, прилично е долго, кого интересира нека чита.

    НЕОЛЕКСАН (5 – ХИДРОКСИТРИПТОФАН) - КРАТКА МОНОГРАФИЈА

    Специјализирана информација само за здравствени работници – Доктори, Доктори – Специјалисти, Фармацевти.

    ВОВЕД
    Синтезата на повеќето невротрансмитери се контролира од мозокот. За некои невротрансмитери, количеството на биохемиски прекурсори во мозокот може да влијае на брзината на нивната синтеза. Во 70-тите години,разни истражувачи презентираа солидни докази кои покажале дека земањето на прекурсори на некои невротрансмитери може да ги зголеми нивните количества во мозокот. Овие истражувања покажаа дека прекурсорите на серотонин и норепинефрин може да се од корист во лекувањето на депресија. На крајот на 70-тите и почетокот на 80-тите години многу истражувачи го проучуваа користењето на серотонинските прекурсори L-триптофан и 5-хидрокситриптофан (5-HTP), и норепинефрин - новите прекурсори тирозин и фенилаланин кај пациенти со депресија. Недоволната активност на невротрансмитерите серотонин и норепинефрин е централен елемент во појавата на депресија,според мислењето на најголем дел од невропсихијатрите во денешно време. Интересот за невротрансмитерните прекурсори произлезе од функција и недостатоците на антидепресивите - особено поради несаканите ефекти кои биле достапни пред појавата на селективните инхибитори на повторното превземање на серотонин (SSRIs). Истражувачите се надеваа дека земањето на прекурсори на клучните невротрансмитери може да обезбедат побезбеден и подобар поднослив начин за лекување на депресија. 5-хидрокситриптофан (5-HTP) е преоден метаболит на есенцијалната аминокиселина L-триптофан (LT) во биосинтезата на серотонин. Терапевтската употреба на 5-хидрокситриптофан го прескокнува трансформирањето на L-триптофан во 5-хидрокситриптофан од ензимот триптофан хидроксилаза, што е брз рестриктивен чекор во синтезата на серотонин. 5-хидрокситриптофан целосно се апсорбира, лесно ја преминува крвно мозочната бариера и ефективно ја зголемува синтезата на серотонин во централниот нервен систем (ЦНС). Во ЦНС, нивоата на серотонин се поврзуваат со регулирањето на спиењето, депресија, анксиозност, агресивност, апетит, температура, сексуално однесување и чувството за болка. Терапевтската примена на 5-хидрокситриптофан покажала ефикасност во лекувањето на широк спектар состојби, вклучувајќи депресија, анксиозност, фибромијалгија, прекумерно хранење поврзано со гојазност, хронична главоболка и инсомнија.

    ФАРМАКОЛОГИЈА И МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО
    5-хидрокситриптофан е природно продуциран од организмот, мирисна аминокиселина која се синтетизира од есенцијалната аминокиселина L-триптофан (LT). 5-хидрокситриптофан се користи клинички повеќе од 30 години. Клиничката ефикасност на 5-хидрокситриптофан се должи на неговата способност да го зголемува производството на серотонин во мозокот.

    МЕТАБОЛИЗАМ НА ТРИПТОФАН И СЕРОТОНИН
    Серотонин (5-хидрокситриптамин), допамин и норепинефрин се трите главни "моноамини" невротрансмитери, секој од нив се продуцира ендогено од една специфична аминокиселина. Триптофан се претвора во серотонин, додека допамин и норепинефрин се формираат од тирозин. Во централниот нервен систем (ЦНС), серотонин се поврзува со регулирањето на спиењето, депресија, анксиозност, агресивност, апетит, температура, сексуално однесување и чувство за болка.
    Употребениот серотонин од мозочните клетки треба да се произведе од невроните, бидејќи серотонинот не може да ја помине крвно мозочната бариера. Поради тоа, синтезата на серотонин зависи многу од достапноста на L-триптофан (LT) во ЦНС. Производството и последователниот транспорт на L-триптофан (LT) од циркулацијата во ЦНС може да се компромитира од неколку фактори:
    1. Стресот, покачените нивоа на кортизол, дефицит на Вит.В6 стимулираат трансформирање на L-триптофан (LT) во кинуренин кои не можат да се компензираат дури при прием на високи дози (над 2000 мг) L-триптофан (LT).
    2. Зголемените нивоа на серумски кинуренин го инхибираат транспортот на L-триптофан (LT) во ЦНС и така ги намалуваат серотонинските нивоа во ЦНС.
    3. Транспортот на L-триптофан (LT) преку крвно мозочната бариера има потреба за сврзување со транспортна молекула која L-триптофанот (LT) ја споделува со пет други аминокиселини (тирозин, фенилаланин, валин,левцин и изолевцин). Бидејќи L-триптофан (LT) се наоѓа во храната во многу помала количина отколку останатите аминокиселини, само 1% од примените со храната L-триптофан (LT) може да се транспортираат до ЦНС.
    4. L-триптофан (LT) се користи од организмот и за други метаболички цели, освен за производство на серотонин, кои вклучуваат синтеза на протеини и на ниацин.

    БИОХЕМИЈА И МЕТАБОЛИЗАМ НА NEOLEXAN (5-хидрокситриптофан)
    Neolexan (5-хидрокситриптофан) е преоден метаболит на L-триптофан во производството на серотонин (види Слика 2). Терапевтското употребување на 5-хидрокситриптофан го прескокнува трансформирањето на L-триптофан во 5-хидрокситриптофан од ензимот триптофан хидроксилаза, што претставува побрз чекор во синтезата на серотонин. Триптофан хидроксилазата може да биде инхибирана од неколку фактори, вклучувајќи стрес, инсулинска резистенција, дефицит на Вит.В6 и недостиг на магнезиум. Покрај тоа, овие фактори може да го стимулираат трансформирањето на L-триптофан во кинуренин преку триптофан 2,3-диоксигеназа што го прави L-триптофан недоволен за серотонинска продукција.
    Neolexan (5-хидрокситриптофан) целосно се апсорбира по орален прием, и над 80% се врзува за плазма протеините. Апсорпцијата на Neolexan не зависи од присуството на други аминокиселини и може да се зема за време на оброк без да се намали ефективноста или биорасположливоста. За разлика од L-триптофан, Neolexan не може да биде пренасочен кон продукција на ниацин или протеини.
    Серотонинските нивоа во мозокот зависат многу од нивото на 5-хидрокситриптофан и L-триптофан во централниот нервен систем (ЦНС). Neolexan поминува лесно преку крвно мозочната бариера,при што не бара присуство на транспортна молекула. L-триптофан, од друга страна, бара присуство на транспортна молекула за да влезе во ЦНС. Бидејќи L-триптофан ја споделува оваа транспортна молекула со неколку други аминокиселини, присуството на овие конкурентни аминокиселини можат да го инхибираат транспортот на L-триптофан во мозокот.

    МЕХАНИЗАМ НА ДЕЈСТВО НА NEOLEXAN (5-хидрокситриптофан)
    Neolexan дејствува главно преку зголемување на нивото на серотонин во централниот нервен систем. По орален прием на Neolexan се зголемуваат нивоата и на други невротрансмитери во ЦНС како мелатонин, допамин, норепинефрин и бета-ендорфин. Оваа способност да се зголемува не само нивото на серотонин во мозокот, но и оние на допамин и норепинефрин, овозможува Neolexan да има различни значајни и уникатни ефекти врз хемиските процеси во мозокот,како и врз состојбите поврзани со серотонинска размена. Концептот за ефикасноста на невротрансмитерните прекурсори се гради врз идејата дека депресијата, инсомнијата, зголемената чувствителност на болка се должат на недоволно количество или недоволна активност на еден или повеќе невротрансмитери. Во одредени граници, достапноста на потребните прекурсори го одредува количеството на синтетизирани невротансмитери. Серотонинската продукција во човечкиот мозок може да биде зголемена над два пати преку орален прием на Neolexan (5-хидрокситриптофан). Резултатите од клиничките студии покажуваат дека земањето на Neolexan (5-хидрокситриптофан)го зголемува ослободувањето на серотонин и се асоцира со значително зголемување на нивото на 5-хидроксииндолацетната киселина (главниот метаболит на серотонин) во цереброспиналната течност, што недвосмислено укажува дека 5-хидрокситриптофан доведува до зголемено ослободување на серотонин. Зголеменото ослободување на невротрансмитери води од една страна до зголемување на нивното количество во синаптичките пукнатини и зголемување на интензитетот на сигналот, а од друга до долготрајната стимулација на невроните доведува до зголемување на јачината на сигналот. Тоа не зависи само од одвоеното количество невротрансмитер од пресинаптичкиот неврон, но исто така и од тоа колку долго невротрансмитерот останува во синаптичките пукнатини, и од факторите кои влијаат на активирање на постсинаптичките неврони. Невротрансмитерните системи се карактеризираат со механизми на повратни информации, кои помагаат да се одржува рамнотежата во невротрансмитерната активност. Оттука, краткотрајните промени како зголемената синтеза на невротрансмитерите, можат да ги балансираат промените внатре во системот. Ова е една од причините, зошто внесувањето на Neolexan ја зголемува синтезата и на другите невротрансмитери како допамин, норепинефрин, невропептидите, неврохормони и др.

    По орален прием на Neolexan се зголемуваат нивоата како на серотонин, така и на други невротрансмитери во ЦНС како мелатонин, допамин, норепинефрин и бета-ендорфин.
    Зголеменото ослободување на невротрансмитери води и до долготрајна стимулација на активноста на невротрансмитерите.

    ИНДИКАЦИИ ЗА ПРИМЕНА :
    Депресија
    Инсомнија
    Фибромијалгија
    Дебелина/Гојазност
    Хронична главоболка
    Зависности и злоупотреба на штетни материи

    ДOЗИРАЊЕ НА НЕОЛЕКСАН :
    Депресија : 2- 3 пати по 1 таблета
    Инсомнија : 1-3 таблети 30-45 минути пред спиење
    Фибромијалгија: 2-3 пати дневно по 1 таблета
    Обезитас / Гојазност: 2- 3 пати дневно по 1 таблета
    Хронична главоболка : 2-3 пати дневно по 1 таблета
    Зависности: 2-3 пати дневно по 1 таблета

    Почетната доза на Neolexan (5-хидрокситриптофан) е најчесто 100мг (1 таблета), еднаш до три пати на ден по 1 таблета, независно од режимот на исхрана (пред, за време или после јадење).
    При инсомнија дозата е најчесто од 100 до 300мг (од 1 до 3 таблети) 30-45 минути пред спиење. Бидејќи кај некоји пациенти може да се појави благо гадење при започнувањето на терапијата со Neolexan (5-хидрокситриптофан), се препорачува да се започне со доза од 100мг и дозата да се зголемува постепено. При депресија, губење на тежината, нервози и фибромијалгија треба да се започне со доза од 100мг (1 таблета),два пати на ден. Ако одговорот е недоволен по 2 недели, дозата може да се зголеми до 100мг (1 таблета), три пати на ден. Такво дозирање ги намалува во голема мера лесните симптоми на гадење, кои често се добиваат во текот на првите неколку дена при терапија со Neolexan (5-хидрокситриптофан). Ако Neolexan (5-хидрокситриптофан) се употребува за обезитас (со цел слабеење) се препорачува да се зема 20 мин пред оброк, 2 до 3 пати на ден по 1 таблета.
    Препорачана минимална доза е 1 таблета на ден, препорачана максимална доза е 3 пати дневно по 2 таблети. Не треба да се надминува максималната дневна доза на Neolexan 900 mg.

    ИНТЕРАКЦИИ СО ХРАНА И ЛЕКОВИ
    Иако нема специфични соопштенија за прашањето што се случува кога Neolexan (5-хидрокситриптофан) се зема заедно со селективен инхибитор на повторно превземање на серотонин (SSRI) како флуоксетин, пароксетин, сертралин или флувоксамин, или со MAOI антидепресиви како фенелзин или транилципромин, која може да предизвикува состојба позната како серотонински синдром. Овој синдром беше настан на проучување во 12 месечното истражување со Neolexan (5-хидрокситриптофан) (200мг / дневно), земен заедно со лек од групата на MAOI.
    Серотонинскиот синдром се карактеризира со вознемиреност, конфузија, делириум, тахикардија, диафореза и промени во крвниот притисок. Ако постојат сомневања за серотонински синдром, земањето на Neolexan (5-хидрокситриптофан) и секој друг преципитирачки медикамент (SSRI или MAOI) треба да биде веднаш прекинат.
    Поради можноста од појава на серотонински синдром, Neolexan (5-хидрокситриптофан) веројатно не смее да биде употребен кај пациенти на терапија со SSRI или MAOI антидепресив. Ако се користи заедно со кој и да е од овие два лека, пр. за краткотрајна терапија при преминување од SSRI кон Neolexan (5-хидрокситриптофан), лекарот и пациентот треба се запознаени со потенцијалните симптоми на оваа болест.

    КОНТРАИНДИКАЦИИ
    Поради можноста од појава на серотонински синдром, Neolexan (5-хидрокситриптофан) треба да се користи со претпазливост кај пациенти кои во моментов се лекуваат или скоро биле третирани со SSRI или со MAOI антидепресиви.
    Моментално недостигаат добро контролирани студии за земањето на Neolexan (5-хидрокситриптофан) за време на бременост, затоа производот не смее да се користи за време на бременоста.

    НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ
    Некои пациенти можат да добијат благо гадење во почетокот на земањето на Neolexan (5-хидрокситриптофан). Овој ефект е обично преоден и се спречува најдобро почнувајќи со ниски дози Neolexan (5-хидрокситриптофан) 100 мг два пати на ден, кои можат да се зголемуваат постепено по потреба.
     
    Last edited: Oct 16, 2020
  16. ivana.0909

    ivana.0909 Истакнат член

    Joined:
    Jun 2, 2013
    Messages:
    443
    Likes Received:
    228
    Даа...јас
     
    Unforgiven_girl likes this.
  17. ivana.0909

    ivana.0909 Истакнат член

    Joined:
    Jun 2, 2013
    Messages:
    443
    Likes Received:
    228
    Мхм,како јас да сум го пишала ова
     
  18. Unforgiven_girl

    Unforgiven_girl Истакнат член

    Joined:
    Aug 23, 2020
    Messages:
    312
    Likes Received:
    753
    Gender:
    Female
    Da mene mi tezi glavata odstrava od vratot bolki nazad vo temeto bolki tezina kako zamatena glavata .. kako vo son da sum isto i cudno custvo sto nemozam da go opisam na momenti mi se slucuva ... toa e najverojatno od anksioznosta ..
     
    ivana.0909 likes this.
  19. ivana.0909

    ivana.0909 Истакнат член

    Joined:
    Jun 2, 2013
    Messages:
    443
    Likes Received:
    228
    Те разбирам ама потполно исто ми е...имав и вртоглавици и правев крвна слика се е во ред...што значи од анксиозноста е или од самото време...есен зима ние сме осетливи
     
    LifeGoesOn123 likes this.
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Joined:
    Mar 8, 2014
    Messages:
    5,399
    Likes Received:
    61,236
    Тежината во главата што ја споменувате, болките во вратот и во грбот... тоа се типични знаци на анксиозноста, јас ги имам секогаш кога сум вознемирена а нема физиолошка причина за нив. Така што ако сте исклучиле други причини, тогаш дефинитивно е од анксиозноста. Самата вознемиреност и страв предизвикуваат несвесно стегање на мускулатурата.
    На пример, јас несвесно ги стегам мускулите на лицето и имам тензични главоболки поради тоа.