Пробај малку кардио. Пример трчање или нешто слично, ама малку покасно. Ќе се вратиш дома, ќе се истушираш и правец во кревет. Ќе се осеќаш поопуштено. Или binge watch некоја серија или шоу, нешто лесно. Да ти одвлече внимание, ама да не те оптеретува пред спиење.
И мене ми се влошува состојбата во есен/зима. Недостатокот на дневна и сончева светлина си го прави своето. Посебно ми пречи тоа што рано се стемнува и се' станува некако мрачно и пасивно. Мислам дека е нормално донекаде, и природата мирува сега, па повторно се раѓа на пролет Дури и животните хибернираат. Колку шти можеш искористувај ја дневната светлина за прошетки, отворај прозорец преку ден и остани активна.
Јас треба да одам на контрола кај психијатарот прво, а нс втора сесија кај психотерапијата. Еве и седатив се напив, но внатре душава ми е ко преплашена. Ко умрена, нз како дс кажам. Да помине операцијата, ваљдс ќе ми биде се подобро и подобро. Во никој случај не останувам дома. Многу полошо ми е, сама сум Се соочувам со Операција на родител Невработеност Немам партнер Другарки имс ама џабе кога ниту една јс нема да сњ јави. Се само јас ги барам.
Навистина ви благодарам девојки. Инаку @GrimTheReaper баш деновиве размислувам да посетам. Само не знам дали работат нормално сега со вирусов? И дали треба прво да земам упат од матичен?
Упат од матичен не ти треба, освен ако не сакаш приватно да платиш. Избери си сама психолог, тоа е најбитно. И не мора да останеш со првиот што ќе го најдеш. Еден психолог кој ќе ти остави лош впечаток, не е пример за сите останати. Јас сменив доста, додека не го најдов мојов, се поврзавме ко лонче и капаче. Еве ме скоро две години од кога не сум му се јавила да закажам сеанса. Не да сум добра, него одлична. Сеуште имам ретки испади, но не се интензивни и навистина не ги гледам трагично како претходно. Пример, ќе имам тахикардија и ќе се прашам себе си, што виде, што почувствува, што се случи. Се прашувам себе, затоа што јас сум го почувствувала, не некој непознат што појма нема зошто ти е, како ти е. Анксиозноста секогаш се јавува кога немаме интимен контакт со себе си, ами со комшијата, ќе ме разбереш за некое време, верувам во тебе. Тоа е решението драга, ти пак ќе си бидеш анксиозна на моменти, како што ќе бидеш и тажна и среќна, само ќе гледаш на неа како и секое друго чувство.
Многу ми е мило што си успеала да се средиш Ова ми дава надеж дека може да биде подобро. Следна цел ми е таа, па ќе пишам како сум поминала
Здраво дечки Ве читам некое време, поточно месец дена, ама ми требаше време да се убедам, дека и јас сум член на оваа дијагноза. Се случи прв пат на 26 јуни, после бурна ноќ и завршив на интерно со тахикардија од 130 откуцаји и притисок над 150 со 100. Од тука почна стравот дека сум со притисок , со срцева болеср и т.н После опсежни испитувања и дадено стотици евра по приватни клиники, оти не можев да чекам за државно па отидов со мислата здравјето пред парите, ми кажаа дека сум екстра здраво човече, и дека ова се класични панични напади како што се опишани во постот погоре. Инаку сум сопруг и татко на 2 машки дечиња, но како мине време сум само сенка на човекот и "херојот" што бев до пред неколлу месеци. Сопругата не може да ме разбере бидејки не е запознаена со ова, и искрено немам со кого да разговарам. Сите мои луѓе на кои што можам да им се доверам, ќе ме ислушаат ама и они не знаат што да ми кажат, па затоа решив овде да пишам. Пијам деметрин сабајле вечер по 10 мг, спијам како заклан, али во текот на цела ден имам ужасно чуство на трема и вознемиреност и страв од смрт, де кај срцето ме пецка де рамо ми се здрвува и сите симптоми на срцев удар, па одам во паркот и трчам некој км, па да се убедам дека срцеболен не го може тоа. Ова ужасно чуство ми го контролира животот, и се обидувам да размислувам позитивно али тешко оди. Утре сум прв пат на психолог па ке видиме што понатаму. Кажете некое мислење и фала ви на вниманието
Дали од анксиозност може да се јави зуење во ушите? Кога сум со некој или негде кога заборавам воопшто не го чувствувам и не ми смета, а кога сум сама особено пред спиење доста го чувствувам и ми гази на нерв. Мислења?
Мене тоа ми беше првиот симптом кога почна анксиозноста пред неколку години .. и искрено сеуште навечер го чуствувам тоа зуење ... ама сега тотално тоа го игнорирам (дај боже тој симптом да останеше само )
Види дали имаш вратна спондилоза, ако е пецкање не е лошо, срцето не пецка, така да не е срцето ти гарантирам, биди раат. Направи ЕХО и ЕКГ тест за да се убедиш ако сакаш ама подобро ти е да отидеш кај психијатар или провери ги симптомите на вратна спондилоза бидејќи таа знае да прави прилично незгодни проблеми во нервниот систем, нервоза, вознемиреност итн нешто налик на анксиозност.
Мислам дека голем дел од проблемиве се решаваат со апчиња на природна база а кај некој и со физикална т.е. електр отерапија, галванска струја итн. во комбинација со масаша на плеќите, грбот итн. Голем дел тука може да успеат со физикална, не постои човек кој не е анксиозен, но мислам дека во поголем дел тоа што ни се мота во мислите е последица на работни односи , како јас на пример кој работи на интернет и со компјутер, дијагностицирана ми е вратна спондилоза и мала сколиоза на вратот , најверојатно со годините (3 и одамна седењето пред компјутер (да не заборавиме дека имам и долг врат) па сеа се наеднаш ми доаѓа, као и да е се решава и со физикална и со помош на апчиња од природна база, најверојатно лачење на серотонинот во мозокот кој го сузбива стравот.
Да, од нервите е тоа, нека се обиде на физикална, тврдам и гарантирам после тоа ќе му биде многу полесно, и јас не знаев, од Август веќе сум со тој проблем па сега полека чекор по чекор го решавам, иако чувството на притисок т.е. грчевите во главата беа страшно одвратни од кои и јас испаничив, сега веќе знам што е и се надевам ќе го решам што поскоро. Се надевам и кај останатите членови ќе помогне ова искуство, значи физикална со електр отерапија, масажа плус апови на природна база во консултација со психолог. Бидете искрени со него за да може полесно да ви помогне, а и сами да си помогнете.
Искрено до сега сум имал болки во грб и врат ама сум ги игнорирал, таа болка што ја осеќам во врат и грб сега ја имав до скоро во главата, грч кој беше прилично незгоден проследен со вртоглавица, помислив кинам конци ама ете што било кога човек не знае што и како е, кога не е лекар логично е да испаничи, како и да е се надевам дека од моето искуство ќе помогне на некој. Обидете се со физикална а потоа со апови на природна база во консултација со психолог, чекор по чекор.
Бев Жан Митрев Ехокардиографија, 3 д снимање на сите органи, срцеви маркери, носев холтер за притисок и за ритам и излезе добро. После тоа правев тест за хелиобактери, за топлината во желудникот,попозната како чуство на трема, тироидна жлезда и не знам уште што... Заборавив какво беше чуството мирен да си
Се е од нервите, обиди се со физикална, електро терапија потоа консултација со психијатар, не верувам да имаш проблем, и јас мислев кој знае што мие за на крај тоа да испадне, ептен грдо чувството ама јебига, сега му дојде време да ме стега во главата и да ми прави вртоглавици и грчеви во главата. Со помин да е што и да е, само без паника и смирено кога веќе знаеш то е.
Бидејки со пандемијава билдаме имунитет земам ДЗ 1000 на Natural Wealth. И денес мајка ми ми вели, дали имаш приметено дека пееш по дома? Дека си весела? Денеска цел стан од 90 квадрати го исчистив, ама она детално длабинско чистење.. Попладнево се слушнав со пријателка докторка и и кажав за промените ми вели Д3 витаминот е еден од клучните за расположение, за анксиозност, за сила за се. Кој знае колку ми бил низок Д витаминот во крвта кога еве сега имам подобрување. Секако терапијата од психијатар си ја терам и супер ми е од неа, немам напади, немам анкс ама некако плус Д витаминов ептен убаво ми делува.
Само преку лето не земам, инаку, а се тмури времето, веднаш купувам. Јас на Dr Wolz земам. Затоа и мене ми е некако се розево и магично, убаво што ме потсети. Мене лично многу ми помогна, кога откажував антидепресиви, буквално никаков симптом немав. Башка го препорачуваат за имунитет, сега за коронава. Мадр Факр Витамин е тој.
И јас имав исто зуење во ушите. Од стравови во 5 сабајле завршив во Систина. Оторинголарингологот буквално се ми прегледа ми вика на нервна база ти е оди си дома, а на мажот ми му вика веќе на ниеден доктор да не ја носиш. И така од пуста мисла, магично престана да зуе. Евентуално на вечер ако се концентрирам на тишина, ама не е страшно