Леле и јас истото, скроз. Денес другарка што обично не ми врти често 2 пати ми се јави еј што правиш како си дали си добра. Јас зедов си правам филм, а мене нешто ќе ми се случи она предосеќа вака штом ми врти два пати рандом и од мислата се плашам. Ептен ми е страв. Па на дваесет години ова да се доживува е стварно хороооррррррррррр.....
Искрена ќе бидам со тебе. Заглавена си во еден лавиринт на небитни, банални работи и едноставно не можеш да излезеш, затоа што не сакаш. Имаш решение, оди си од дома. Веќе си возрасна и сметам дека треба да функционираш како единка. Ти пишав и претходно, чекор по чекор, се ќе си дојде на место. Живееш во токсична средина која до сега не се покажа дека ти влијае позитивно. И јас да живеев со моите до денес, ќе се карав, ќе летаа тањири, едноставно човекот треба да еволуира, да се надградува, за нормално да егзистира, меѓутоа сметам дека си заглавена во една детска фаза и се плашиш да бидеш возрасна. Веќе се поминати месеци како што те читам, освен едната посета на психолог, не видов подобрување кај тебе. Јас, што бев анксиозна, релативно кус период, па светот го превртев да најдам решение. Уште името што не го сменив, тргнав се што е токсично во минатото. Заложник си самата на себе, телото ти е кафез, мислите ти се човек-садист. Доста е плачење, и не, не е нормално да плачеш секој ден со месеци, а можеби и години. Јас не велам да не плачеш, меѓутоа зошто плачеш, кога ти си креатор на сопствената судбина. Бираш да се замараш со твоите, бираш да те трова сестра ти, бираш да дремеш дома, без работа, бираш да живееш живот каков што не сакаш. Епа бирај нешто поразлично, направи промена. Не можеш да очекуваш дека некој нешто ќе ти поклони на послужавник. Ти си моментално едно кревко јагне, стани на нозе, биди лав. Пуштај cv на секаде, најди работа, отсели се, најди си некој асален дечко, кога сестра ти ќе прави муабет за глупости, пресечи ја, смени тема. Ако сама не се бориш за својот живот, друг за тебе не може да го живее, а и не треба. Како не ти се смачи да живееш во лер брзина, дај малце храбро, возрасно, реално и вистински почни да живееш. Млада си уште, наместо да уживаш и да градиш незаборавни спомени, се окупираш со сосема избегливи работи. До кога @GirlLove ? До кога ќе се самосожалуваш? Кога ќе се свестиш дека можеш да бидеш некоја, која ја идеализираш во мислите свои? Барај го решението во себе, не на улица, не кај Петко, не кај Станко.
Здраво на сите. Веќе 3 месеци ми се случува одеднаш без најава да ми се качи пулсот и притисокот дури до 180/100 и се смирува за минута, две. Се потам како луда, страв од никаде, посебно кога треба да одам некаде( вртоглавици, нагони за повраќање), не трпам галама, вознемиреност и црвенила со жештини на градите итн. Бидејќи сум 45 год. матичната ме советуваше да појдам на гинеколог, да не е климакс. Бев и нема никакви знаци за тоа. Па после ме лекуваше од спондилоза, па вертиго...никалви резултати. Утрово имав пак таква епизода и сватив дека е паничен напад, ништо друго. Ќе ве замолам за совет на природен начин како да го надминам сето ова. А во меѓубреме ќе прочитам ваши стари постови и ќе го прашам чичко гугл Секој совет е добредојден
Прво би рекла не мери притисок често. Притисокот варира доста во текот на денот. Мери го само наутро, ако мора да внимаваш на него. Инаку ко ќе имаш напад на паника, уште толку ќе се исплашиш ко ќе видиш дека се накачил. Дишењето мислам дека е најбитно. Вдишувај и издишувај полека и длабоко. Пробај така барем 5 минути. Можеш да земаш редовно и бедоксин или B16. Пошто се е до психата, повторувај си дека е само паничен напад и дека ќе бидеш ок. Со тек на време се пократко ќе траат и можеби поретко ќе се јавуваат.
Во право е @Bezimenka90 да не мериш притисок во паника. Од искуство ти кажувам. Како кога одиш на доктор, прво ти велат да седниш и да одмориш пред да ти измерат? Исто и дома треба да правиш.
Плус ако е дигитален, па не дај боже слаба батерија.. мене еднаш ми покажа 200 со 230.. ко ме акна напад на паника, мајка ми шамар ми удри да си дојдам на себе, и ми мереше со обичен испадна 125 ао 85..
Користам обичен апарат, со дигиталните имам лошо искуство. Инаку, јас до утрово не бев ни свесна дека имам напади. Сметав дека е хормонално пореметување и проблеми со срце. Го мерев кога ќе ги ми дојдеше наплив на жештина по кој следи енормно висок пулс. Го ставав лицето во многу ладна вода за да се смири пулсот и помага. 10 секунди во вода па кратка пауза па пак исто... Ќе почнам со магнезиум, Д витамин, читав за маска по цело тело со какао и масло(да стои 20тина мин), вежбање 2,3 пати неделно па ќе јавам за резултати. Кога излегувам од дома е најстрашно. Мислам ќе се струполам, ми се врти, повраќа, аритмии...дишам длабоко и поминува ама стравот е присутен
Таман работа. Што се не поминало па ова!? Туку арно што си го најдов одговорот за состојбата. Инаку, интересно е како се откри Хашимото. Имав аритмии, тахикардии и суицидни мисли само 3 дена во месецот. Не поврзани со циклис, со полна месечина со буквално ништо. Ме прати матичната на психијатар, ми дадоа терапија. Ништо од тоа не земав оти ако сум депресивна тоа ќе трае со месеци, а не само 3 дена. Чепкав како сега и на своја иницијатива проверив тироидеа. Здравствово е УЖАС!!! Одев на психијатар пред 10тина години ама поминав само со психолошки вежби и активно работев на себе. Немав вакви напади, поинаку беше. Безволност, немав апетит, апатија... Ќе пробам сама ако не помине за еден месец обавезно одам. Нападите се страшни, но ќе се обидам свесно да ги совладам. Не знаев што ми е, сега знам и ми е полесно, знам на што да работам. Инаку, фала за советот! Навистина ми значи!
Не знам што е, изметив двор, цвеќиња навадив, на сестра ми и ја кревав количката од бебето, и ставив за јадење, направив ручек со мајка ми и немам сила. И сега уште добивам кско сум се жалела ми вели сестра ми, многу сработи па уште се жалаш. Леле како ќе возиш точак сега. Уште нз дали до мене е или стварно немам сила
Зошто не се обидеш да се оттргнеш од луѓето и ситуациите што лошо ти влијаат? Игнорирај ги коментарите, прави го она што ти го сакаш... Дај си неколку дена одмор од каква било работа, наполни ги батериите. Ми се чини како цело време да се наоѓаш во слични ситуации. Време е да се бориш сама за себе.
А шо е најтрагично сите бараме решенија за неа. Барем си ги забораваме проблемите Инаку многу слабо се споделуваат искуства на темава, а колку е по друго ко ке прочиташ дека не си сам. Дај боже сите шо пишеа до сега да се добро и се помалку нека сме, ама можно е и од ваквите мислења да се игнорира темава.