Emi ako ti e misla odi Inaku gledaj na drzavno zakazi, na privatno e uzas skapo Btw mene pocnaa od bolnici da me brkaat veke isto
и мене тоа ми рекоа ако сакам да почнам да појам,уште не сум земала,пробувам со психотерапија еден месец еве
Биди физички активна,легнувај си порано (одмарај ) и слушај доктор .Не може вечно да трае анксиозноста ,ќе дојде пролет самото сонце ќе те извади од депресијата и анксиозноста. Самото ладно време прави уште подлабоко да западнеме во депресија и анксиозност .
Леле луѓе ќе се мрднам веќе. Година ипол ми се случува ова а баба ми од кога почина пред 2 недели уште толку. Цело време ми е у глава како ке добијам мозочен удар или инфаркт дека имам некој неоткриен рак иако немам никаков симптом за рак лол крвната слика ми беше океј со малку намалени тромбоцити и тоа мцхм ама многу малку ми рекоа само повеќе витамини а јас умирам од паника да не имам некоја леукемија. Тироидните хормони ми се океј пијам еутирокс. У моментов градиве ме стегаат ме боли рака паничам огромно. Визијава ко да се мути дереализација ме фаќа. Сега на 12ти имам закажано кардиолошки , тироиден преглед абдомен и уште нешто таму а имам само 25 години ахххх како ова да го надминам не знам.
јас сум хиперактивна особа со многу енергија,нонстоп сум во движење,а патам од анксмене ми фали точно така ко што кажа и ти -сонцето и социјален живот кој нажалост го нема во Скандинавија и тоа ме отепува
Аххх, таман реков готово е со Анкс, решив дури да смалувам антидепресивите ( Helex 0.5mg ), ете го назад после 3 години После еден стрес све почнува одново, до кога вака?! Дали последица од короната, вакцината или не знам.. Кога ќе станам од спиење сум супер, ќе се напијам Хелекс 0.5 и терам, немам гајле ни со одење пешки ( претходно страшно имав проблеми со тоа, имав вртоглавици, како да тонам.. ) можам у кафичи, кафани, молови, ама кога ќе дојде 15-16 часот веќе почнува борбата. Зашеметеност во главата, кога зборувам со луѓе имам чувство дека се губам, во главата како бучење и слично ( Дали е нормално за Анкс? ) поготово кога ќе се возам во кола и некој упорно збори, збори, збори и тоа страшно ме вознемирува, како да тонам у дупка и почнувам да правам работи само да не мислам на тоа ( Се јавувам на некој или чепкам низ телефон ). Накај 17-18 часот пијам повтормо Хелекс 0.5 и веќе е друго... Дали ме изморува работата или тоа ми се случува кога ќе помине дејството на хелекс-от...
Луѓе, дојдов во Скопје, катастрофа се осеќам, морав да одам по некои установи и вчера буквално се преморив и се осеќам катастрофално. Пукнав во таа гужва, во градски плус со куфер го влечев. Прво, не сум ни одморена иако рано легнав, носот ми е затнат, грло ме боли. Второ, сум во плодни денови и ме фаќаат лудила... Верувале или не почна и стомак и препони и се да ми се подува ( не знам дали од Норлево е, еднаш во животот се напив пред 2 месеци) Трето, имам друштво ама едноставно не ми е погодено и не сакам да излезам со нив, пре пре изморено се осеќам а морам од дома да излезам... Мисли дека ќе полудам секој момент.. Хелп
Значи како може и со обврски, да наоѓам време да помислувам на лошо, одма ме фаќа паника, тешко дишење итн. Дали и на вас ви се случило истото и како се справувате со тоа? Дали некој пробал алтернативна медицина или прегледи во овие центри квантна медицина, центар за биоинформатика има некој искуство?
јас и секој ден пешачам плус над 6км и одам на часови јазик и плус дома работам со qulling и сум нонстоп со панични,анкс итн,а инаку алтернатива медицина е лажи пари,хемија не ми делуваат лекарствава ,тоа пак ич
И јас пешачам, обврски по дома, со дете. Овој начин на преглед е таков што ја лечи причината а не последицата, бар така презентираат од центриве, а реално и не се ефтини прегледите, не знам дали вреди да се проба, лечење е со некаква терапија со микропроцесори доколку се утврди дека има некаков дисбаланс во телото.
искрено не верувам во тоа,ако е така нема да има луѓе ко нас со анкс и панични,се би било среќно и весело и без страв
Многу лошо ми влијаат информациите кога ќе слушнам или прочитам дека некој млад починал од нешто, одма ми се активира стравот и мислите ☹️