Дали е нормално да се чувствувам како да сум копала цел ден на нива, многу уморна сум а нема причина од што? Мислам дека со црниве мисли сум толку изморена, сакам да спијам само. Нормално е?
Да, и јас исто, кога ќе дојдам од работа се чувствувам уморно како да сум копала, а тоа размислувањето дополнително и психички и физички уморува.
Дали некој почувствувал јако чукање на срцето, стварно е непријатно, на моменти имам такихардии ама ме загрижува јаково чукање, од паника и тешко дишење имам, некој со слично искуство.
Пулс 70 80, притисок 120 80, 130 90, а вознемиреноста е присутна. Јас мислам од ладно повеќе се стегаат крвните садови и затоа се појавуваат такихардии, можеби грешам.
Да исто и јас, пропратено со недоволно кислород какп да неможам да дишам. Миење лице со ладна вода, и не диши длабоко,полека диши на нос издиши на уста неколку пати. Мене ми помага
Луѓе јас го допрев дното, во афект на бес и нервоза си ја удрив главата неколку пати и сега читам симптоми за потрес на мозок, преморена сум искрено и нон стоп имам чувство дека се разболувам. Се чувстувам ко да имам burn out од работа. Не наоѓам среќа во ништо.
Јас имам паднато од скали дирекно на глава па фала богу ништо не ми бешеее,ако имаш потрес се осеќа ,,,, ќе повраќаш и не прави го веќе тоа
А во кои аптеки го има и од која фирма? На матичен и на психијатар секогаш ми препишувале од 0.5мг од Крка, а и една девојка пред мене купуваше во Еурофарм и и рекоа дека имаат само од 0.5. Го користам повремено за некогаш ако не можам да заспијам или во екстремни случаеви, ама зошто го имам пиено порано имам развиено толеранција и треба да испијам повеќе од 0.5 за да има некаков ефект. Ти благодарам.
Пишува дека во Крка го имаат, не ми излезе во другите аптеки. Земај повеќе од 0,5mg ако не најдеш. Јас пијам едно и пол или понекогаш две од тие, не ми текнало да побарам други.
Потрес на мозокот е сериозна работа и не трпи неколку дена. Не гуглај симптоми затоа што самата ќе си ги ствараш. И што и да се случи, не го прави тоа веќе. Размислувај на позитивни работи, најди си причина за среќа. Верувај дека нема ништо да постигнеш со самоповредување. Период е, ќе помине и ова.
Фала ви девојки. Инаку ова е седиштето на фармацевтската компанија Крка, не верувам дека би можело да се земе директно од таму. Јас имам земано и Лоразепам што би рекла дека е и појак од Хелексот па затоа најверојатно не ми ни делува. А ефектот на Лоразепамот искрено не ми се допадна. Инаку, еден совет од мене да кажам што ми помага, бидејќи Хелексот еве да го земам, има quick onset и кратко време на делување, особено ако се користи подолг период. Кога ќе се осетам вознемирено, имам срцебиење, вдишувам полека низ нос и издишувам низ уста неколку пати. Се прашувам каде сум, и што треба во моментот да правам (на работа сум, почнувам да вршам некоја задача), ќе се концентрирам и заборавам на тоа чувство. Понекогаш почнувам муабет со колегите и така ми се тргаат мислите. Си велам дека сум здрава, жива, немам некои страшни проблеми во моментот и дека до сега сум ги преживеала сите тешки ситуации во мојот живот и еве ме тука сум, уште стојам. Ако сме ги преживеале 100% од лошите нешта што ни се случиле до сега, значи сме јаки и можеме уште. Можеби не објаснив најубаво, ама влегов на работа па напишав набрзина.