Ти благодарам на советите. Анксиозна/депресивна сум подолго, но моменталната причина нема да ја решам лесно. Посакувам да можев да се вратам назад во времето, барем на 2-3 минутки. Тоа е што е... Ќе барам психолог деновиве, иако немам желба ни за тоа. Не ми се зборува со рандом човек, се чувствувам како сите да би ме нападнале. Знам што сакам и сакам да се борам, но не знам како.
И јас веќе одреден период сум буквално заглавена во минатото, и само размислувам на тоа како ми било пред 3-4 години, постојано гледам слики и постови од тие месеци. Ме јаде носталгија и она глупото чувство "шо убаво ми било, а не го ценев". И еве ме, секој ден се борам против тие мисли и се убедувам дека нема поента да се мисли на нешто што поминало и дека морам да се фокусирам на тоа што е сега и да си напраам да ми биде убаво. Всушност, сфатив дека никогаш не го ценам сегашниот момент. Гарант за некоја година истото ќе го мислам за овие денови. За некоја година ќе си викам "шо убаво ми беше, а не го ценев"... Малце се разпишав, ама се препознав во тоа што го пиша. Дури и да немаш некој конкретен план како моментално да се избориш за тоа што го сакаш, работи на себе, на психата, на самодовербата, на негување на сопствениот ум. Кога си поцврст во тој поглед, многу полесно ќе се избориш за тоа што го сакаш.
Ми се допаѓа секој напишан збор. А како се справуваш? Како да успеам сама? Немам апсолутно никого... Не гледам поента на ваков живот. Тоа што најмногу ми значеше веќе го немам, како да продолжам со овој терет? Како двајца да живеат во мене. На моменти сакам да продолжам со животот, на моменти морам да го решам "проблемот", а ако не успеам не останува ништо за мене. Инаку имам хелекс, но не сакам да пијам. Имам одбивност, ме присеќаат на ужасни моменти од минатото. Ако се напијам едно, се плашам дека нема тука да застанам. Не зборувам за во иднина да продолжам, туку во моментот ќе испијам повеќе...
Во најкратки црти, пред сè на дневна база правам многу работи што ми причинуваат задоволство. Читам книги, слушам многу музика и подкасти, возам точак, медитирам, пишувам во дневник, пешачам. Гледам да го правам тоа што знам дека е добро општо, гледам да јадам квалитетно, гледам да бидам физички активна, гледам да спијам доволно, гледам да излезам од дома да ме фати воздух/сонце, итн. Грижата за себе секогаш ме мотивира да бидам заштитнички настроена кон себе. Колку подобро се однесувам кон себе, толку помалце дозволувам лошите работи негативно да влијаат врз мене. Колку повеќе ми е битен мојот спокој, толку повеќе не дозволувам други да ме нервираат. Колку повеќе барам добар третман од други, толку помалце се замарам кој што направил или рекол или мисли за мене. Сè што правиш некако си влече со себе позитивни промени. Поконкретно, мене лично најмногу ми помогнаа медитација, пишување во дневник и стоицизам. Ама мене. За тие работи има многу да се зборува, не ми е баш темава за тоа да дрдорам. За хелексот, те молам консултирај се со психијатар, не можеш на своја рака да користиш лекарства, не ни знаеш колку и дали воопшто треба.
Ќе пробам со дневник, порано ми помагаше. Хелексот иначе ми е препишан од психијатар, не го земам на своја рака. Ама деновиве ќе се обидам да појдам на разговор.
Цел ден добро дури и излегов малце со другар, само што влегов дома ме фати паничен не толку јак.Се смирив некако легнав, станав да јадам уште еден појак ме фати.За време на јадење обавезно, почнаа образи и стомак да ми трнат, дланки испотени, таа мисла дека ќе паднам ама не паѓам.Сега легнав пак малку, и само ме тера да се издишувам.Некој совет како полесно да се справувам?
ПлачамНе сум добра, до кога вака бе аман, уморна сум, немам сила, мозокот да имаше раци ќе ме плештеше една
Бета блокатор е за намалување на пулс и тремор во комбинација со лексилиумот инстантно смирува паничен напад
@Darko90 пропранолол без консултација од интернист, кардиолог или друг специјалист не треба да зимаш!
Движење, дури и брзо одење е добро или било кое темпо кое ти одговара. Излези и шетај. Музика или подкаст на слушалки и движи се.
Ви се случува луѓе да ви ствараат притисок, да ви ја цедат енергијата со нивни глупости без осет, и дали кога би се ослободил од нив би ми било полесно да го надминам ова?
Здраво на сите Имам хипотироидизам. Откако почнав со терапијата пред 2г еве се навака како некоја блага депресија имам. Само ми идат лоши мисли, си барам дијагнози, да не ми е ова да не ми е она. Имам проблем со камен во жолчката треба да правам операција,никако да се одлучам од пусти страв да не ми се случи нешто. Имам болки под левата града и грбот и отежнато дишење? Дали е можно да се поврзани со психата? На моменти се чувствувам многу опуштено на моменти многу оптеретено. Пијам бедоксин и магнезиум. И некогаш ми идат стравови од нигде никаде за одредени работи. Некој совет? Имам 27 г.
@Darko90 Апсолутно да. Понекогаш може човек и да не е толку анксиозен, колку што е опкружен со погрешни луѓе. Па така, мора паметно да избираш со кого квалитетно да го минуваш секојдневието.
Се согласувам и тоа како влијае. Друго е кога си со позитивни личности, а друго кога некој цело време ти ја зема енергијата и те замара со небитни работи или со муабет те провоцира @Darko90 ако можеш да се ослободиш од такви луѓе би ти било најпаметно од искуство ти велам и јас тоа се трудам во последно едноставно ги избегавам. Сакав да прашам дали овие сте ги користеле релаксин на синерџи? https://www.zegin.com.mk/mk/synergy-relaksin-30-kapsuli И дали имате искуство со димитрин? Бидејќи ми го препиша докторката.. Немам почнато со пиење уште, дали би ми стварал поспаност или зависност да го пијам нон стоп?