Најсериозно е Принцес, кој е за, нека се пријавува, и да закажеме ден и термин ... А што се однесува на анксот, луѓе воопшто не се секирајте, зашто овој пат, после толку временски промени и брзи нажини на живот, и јас потклекнав .. но само тоа е, потклекнав и не се давам, пак станав и си се борам и си шеткам и си мислам позитивно, а тоа копилето (извинете ме на израз, ама многу ме изнервира овој пат), може само да ми се фати кај што не може да ме дофати, да му се изнаеам мушки ... Само така дечки, пцујте, ем намалувате стрес и напнатост, ем си оди кучкава ... Ајде сеа добра ноќ! И чекам пријави за кафе, но колку за инфо, не чекам долго, не се заборавајте со изјаснувањата ..
Срцки како сте јас еве да ве известам околу кафето дека одам дај само одредете термин да видиме на кога како ке одговара инаку ваучери со попуст имам за во Кнор кафее во веро центар ама не мора таму ако не сте за Поздравче до сите ај да одам на работа
јас да ви се пофалам два вечери по ред немам напад пу пу пу да не се подречам хахах и анксов ми е многу намален денес цел ден бев ок само прееска малце она чуствоно смотано што го имав и тоа беше се Само што ме мачи јака главоболка од позади главава ме боде многу и вратов ваљда од операцијата ме боли многу што се менува времево најверојатно како и да е добра сум за кафето и јас сум за да идеме и заборавив да ви кажам јас ќе се замонашувам дефинитивно!!! Ништо од ова машкиов род бе кој од кој понездрави се
се спремам за на пат повторно сама со автобус се само лоши мисли имам, само некој филмој си прам што ако ова се случи, што ако она се случи овие две вечери имав некоја вознемиреност, некоја мала паника, но за брзо помина... а што ако по пат биди поголема веќе аман
и мене исто многу ми е страв. Треба да патувам со авион ама како што изгледа ќе откажам се незнам што да ти кажам иста сум и јас како тебе
уффф, исто ми е и мене на секое патување ... а овие денови сум катастрофа ... вклучувајќи го и денешниот ден ,мислам дека толку бомбардирања никогаш не сум имала ... туку ајде се надевам дека кога ќе се стабилизира временцево ќе се стабилизирам и јас ( и ние) ... Со паниката само полошо ќе си направиш ... насочи ги мислите кон нешто друго ... не е лесно , знам ... ама едноставно мораш за твое добро ... Поз
досега многу пати ве факало и паника и страв, така ??? и живи и здрави сте ништо не ви е ! отерајте во пм и страв и паника само игнор и ке помине ...знам дека не е лесно мене паника ме факаше ако не спијам дома, во мојата соба, во мојот кревет на одмор со дечко ми јас прва вечер фешти правам лошо ми е ова она ,абе бруки, си велам дај прибери си тај памет и кога подразмилсам и кога ме има фатено паника ниту сум се разболела ниту сум полудела пуста психа... мислете си на нешто најубаво, ставете слушалки и слушајте музика, разговарајте со некого и така еднаш, двапати трипати и ке заборавете дека некогаш ве факало паника додека патувате, сега и јас кога си помислам ми иде да се ишамарам убаво шо сите сум ги замарала без потреба ,е сега кога сум во пмс тоа е друго како што сум овие два дена море ке претепам некој цмиздрам како некоја лигла се ми смета, се плашам нешто без веза абе жив човек, а инаку принцез нема потреба да се замонашуваш само едноставно сфати дека има многу лоши личности на овој свет но има и добри иако помалку, лјубовта ке ти дојде кога најмалку ке очекуваш слушај ми го зборот јас каков коњ имав некогаш си велев сама ке си останам , ама ете се деси тоа што се деси не губи надеж , и верувај се се случува со причина она што не не убија не ојача,имајте убава вечер ве поздравувам сите
Нена, уште викендов имаат простор за пријавување и после ќе пишеме кога и каде .. Еве сме јас, ти, Принцес, Еци и Блакце беа едно време за, ако се‘ уште се, нека кажат и уште некој што ќе се пријави, и ќе договориме ... Инаку денес и јас видов флаерчиња со 50% попуст во истото кафуле, и ако сакате таму окс, ако не, ќе одиме на друго место ... Убава вечер на сите дечки ... Поздрав
да да обавезно за кафево само кажете време и место иначе незнам што ми бидна прееска седам со мојот "дечко" и како да не сум јас пак ууу глупо чуство страшно
незнам што ми требаше сабајле толку страшно да се испокарам. Епа така ми е кога дозволувам да ме нервираат. Толку се нанервирај што воздух неможев да земам. Ма немасмисла веќе ова... после фино 2 напади едно по друго и се разбира после тоа хиервентилација си следи.
уфффф еве се спремам, утре тргнувам.. многу голема подршка имам од блискиве, сите идат да ме испратат, многу е убаво чувството кога знаеш дека има луѓе што те сакаат и почитуваат, се трудам колку што можам да не мислам на лошо, што ќе биде-ќе биде дали сум дома или на пат исто е, така ?? фала ви за советите па ќе пишам како поминав
So sreke i od mene, i eden sovet bidete sto pomalku voznemireni site zatoa sto posle bilo so poteski posledici na kraj jas zavrsiv so nekoe srcevo zaboluvanje sega pijam apcinja za srce koj sto gi pie baba mi, na moj 23 godini, a sto ponataka, sega stravot samo mi se zgolemi, ama toa e odime napred so site sili
Овие денови ме мачат грозни кошмари проследени со погреби, мртви луѓе, крстови, духови. Навечер се будев три вечери по ред препотена без глас да викнам. Дечко ми арно беше до мене, па ќе ме гушне силно колку пак да можам да заспијам. Зашто бев во Скопје, мајка ми ме посоветува да пијам пред спиење по едно демитринче, колку да се смирам, да не се соновите всушност од нешто што сум видела или слушнала, па после демек тие сонови ми се од Мртвен, духовниот ден, демек тогаш се сонуват такви работи. Како и да е, вчера си дојдив во Неготино, и еве сега ќе одам на гробишта со мајка ми, па после до црква, и на крај до кај едно бабуле, да ми побае малку, јас лично немам никакви ставови во врска со тоа, но некако на некој начин ме смирува тоа, цел живот дали за главоболки или кога мислам дека не сум ок, кога стравовите се на алармантно ниво знам да посетам бабичка, е сега дали помага или не, појма немам, мене тоа ме смирува ако не ништо друго. Инаку, јас сум добра, освен сништава што ме мачат, но еве веќе неколку дена ги нема, добро спијам, не пијам апчиња, сметам дека не ми се потребни, па се надевам нема да се вратат. Кој човек не сонувал кошмари фала богу, но језиви се мајке ми, толку се реални што дури и во сонот проколнував да сонувам! Ве поздравувам вас луѓе, гледам дека пак некој лош период не фаќа, тоа е тоа, цел живот ќе има, кај сите има, само ние сме најчувствителни на промениве. Јас лично, не дозволувам толку тоа да влијае на мене, најчесто на нервоза избива, па често знам да пуштам некој агресивен психолошки филм, да се напнам и заинтригирам за нешто потешко од самата анксиозност, или па некоја тешка комедија, да ме здоболи стомак од смеење, е сега тоа е мој начин на игнор и одбрана од анкс, а секој од нас си има различен, а тој што се жали само и вика не можам, зошто мене, нема потреба, наместо тоа, делувај, колку побрзо и порано, толку подобро! Вие се плашите од анкс, ама тој се плаши повеќе од нас, верувајте. За крај, ви праќам топли поздрави, останете ми во најдобро расположение и здравје, насмевнете се како што вика нашето Буце, животот е еден и вреден, тежок многу, но секогаш е добредојден предизвик нели
ова со соништава и јас имав таков период некјев ни да си легнам дури. Цели погредби сум сонувала и ќе се разбудев препотена ама среќа беше само период, најверојатно и кај тебе е
Читајќи ги вашите мислења, да ви кажам искрено се пронајгов во некои И јас си имам некои чудни, страшни мисли. Понекогаш кога сум сама ме фаќа паника мислам како наеднаш ќе се сруши се пред мене Имам некои посебни ритуали да ги наречам.. на пр пред да легнам да спијам морам да се напијам вода и тоа три пати... ако не го сторам тоа мислам дека нешто ќе ми се случи и други работи..ве молам помош
тоа со водата е најверојатно опсесивно комплулсивно нарушување и доколку не се направи "ритуалот" се јавува голема анксиозност и не поминува се додека не се направи... мислам дека најверојатно е тоа ама сепак треба професионалец да каже дали навистина станува збор за тоа. Лек за тоа мислам дека е Асентрата а можеш и самата да пробаш да не го направиш ритуалот и иако ќе имаш чуство дека ќе полудиш додека не го направиш треба да си свесна дека нема ништо лошо да се случи и по некое време нема ни да имаш потреба да го направиш тоа