Здраво Мадисон, На твое место би започнал да интегрирам мајндфулнес во живеењето. Би вежбал да ги набљудувам мислите и емоциите без осудување и без намера да ги избркам од мојата глава. Поентата е да изградиш друг однос со мислите и емоциите. Да ги пречекувам како гости, наместо да ги бркам како непријатели. Наместо да ги мразам, да почнам да ги истражувам. Понатаму би почнал да ги истражувам мислите и емоциите со љубопитност наместо страв. Би ги ставил на хартија и би им ставил етикета или категорија - Пример "страв дека ќе ми се случи нешто лошо" , "се грижам дека нема да заспијам" , "не сум доволно добра" И тн. Идејата е да се обидеш да откриеш шеми на размислување кои ти се повторуваат одново и одново во текот на денот и можеби ти ја хранат анксиозноста. Да ги видиш тие шеми од поле на објективност и љубопитност и да дојдеш до некоја нова свесност за нивната функција, вистинитост. Можеби ќе откриеш дека тие носат некаква порака за тебе за тоа што ти е потребно да направиш за себе. Понатаму би ги истражувал овие шеми на размислување. Би истражувал зошто стравовите од минатото се присутни во сегашниот момент. Каква функција имаат за мене? Од што сакаат да ме заштитат. Поентата е да изградиш однос со анксиозноста кој ќе биде повеќе пријателски и ќе има сочуство и разбирање. Однос саде анксиозноста ќе биде слушната и нема повеќе да биде отфрлана и сметана како за непријател кој смета во животот. Најбрз ефект според мене е одење на психотерапија.. Може и да пробаш сама да се истражуваш ,но важно е тоа да се прави конзистентно и со љубопитност. плус Физичка активност, вежби за дишење, одење во природа, разговор со пријатели, медитација, ритуали кои те прават среќна, благодарност, комедија, танц, музика. Се што ќе те направи да се чуствуаш радосно и безбедно Поздрав и ти посакувам убав ден
Може некој ќе се смее ама истиов стрес го имав, и си земав Белмиран дан апченце, не те успива ништо само те релаксира и положив од прва полигон, така што пробај и тоа дали ќе ти функционира кај мене функционираше и после за градска да не се стресирам.
Јас не верувам дека има некој што без паника полага, ама кај нас е по изразена, ние претеруваме можи да се речи Ај ке се консултирам за апчињата, јас дека дојам не смеам се да пијам