Денес е лош ден за сите Времето особено утринските и вечерните часови и мене ми се неподносливи Незнам некогаш сме добри некогаш ме муват мисли и се чувствувам како хипохондрик Срека што морам на работа и како така денот поминува Но скам да сум силна без мисли и оптеретеност што ке биде после еден час Како трактор да поминал преку мене.Оптимизамот е најлошо кога не напушта Но има и подобри денови Што да правиме единствено мегусебно да се храбриме и тешиме Се има во животот
Сакам да ве прашам дали пиете кафе ,јас има еве 5 месеци откако непијам сега сакам да се напијам нескафе дали ке ми штети ????? пошто пијам антидепресиви има ли врска??
Зошто да не се напиеш кафе Се што е во умерена доза не штети Ке те освежи и самиот чин и времето додека го пиеш ке те опушти Но само едно повеке кафиња и на чисто здрав и психички и физички организам смета А најискрено да ти кажам ако чувствуваш потеба за кафе напи се ,зошто самиот организам секогаш диктира што сакаме а што не НАЗДРАВЈЕ Поздрав
Наздравје кафе и јас сакам нема врска,и јас пијам хелекс па си пијам по 1 во ден без разлика дали ми се пие или не заради нискиот притисок морам а и од навика,порано многу си сакав кафе и со кеф си го пијав а сега онака
Јас не пијам антидепресиви или било какви апчиња ама дефинитивно избегнувам кафе.. Ми се зголемува анксот од кафето и ме прави нервозна а пустото го обожавам.. Инаку, сега читав за шизофренија( по толку време пак ми текна да разгуглам) и повторно се пронаоѓам у симптомите на параноидна шизофренија и ќе полудам од страв! Друга работа, на еден форум прочитав дека секое психичко растројство како што е ова нашево со тек на време можело да премине во шизофренија.. Се разочарав тотално и сега 95% сум сигурна дека сум шизофреничар
Како да не жити се кај прочита такво нешто неможи да настани тоа е сосема друга болест ако не си информирана посети психијатар ке ти објасни ,на форум си прочитала на форум се и сешто можат да напишат
Го слушав еднаш на тв професор Чадловски и кажа секоја состојба е минлива и ја менува формата ..значи ако не се третира соодветно наводно може да премине во нешто друго..У суштина мене тоа и ми се деси .. од панични напади и анксиозност во социо-фобија , па се до параноја.. Е сега да не ме сфатите погрешно он не кажа дека преминува во шизофренија, туку во друг облик на лесна психоза .. или како и да се вика веќе. А за информирана и тоа како сум и мислам дека само контра услуга си направив,затоа што во секој симптом се препознав и сум хипохондрик станата. Не знаете колку се плашам од психички болести.. А сепак за шизофренија потребна е и генетска предиспозиција во 90 % од случаите..
DR.ZI те молам ако си уклучен објасни дека неможе ова да премине во шизовренија!!!!!!!!!!!!!!! инаку ти се плашиш од психички болести и затоа и така мислиш може навистина да премине во разни фобии или во депресија ама во шизофренија никако тоа е сосема друга болест
Океј е Елизабета, знам дека анкс и шизофренија се различни поими. Само се плашам премногу од неа , до тој степен што веќе почнав да се опседнувам со тоа дека не сум нормална, дури и мислам дека некои мои другарки почнуваат да ме оговараат зад мој грб, дека имаат лошо мислење за мене,тотално сум несигурна во себе и во секој мој збор и дело а тоа се должи на грдиов анкс и на фактот што се изолирав од социјалниот живот па сега се чувствувам премногу несигурно и сомничаво во врска со себе. Тоа ме плаши..и ајде нека каже тој доктор што го спомна дали филмовите што си ги правам значат дека имам параноидна шизофренија.. omg !
485 не ми е јасно зошто сеуште немаш побарано помош од психијатар,и зошто не пиеш таблетки.па тоа што си го правиш те прави мазохист.прво да ти казам дека и јас го имав и некогаш сеуште го имам тој страв од посериозни психички болести ама не седев со скрсте ни раце и чекав да добијам шизофренија....најголема грешка ти е што гуглаш за такви работи а не бараш стручна помш.од она што јас го знам а не сум доктор тука паталец како прво тоа што ти го спомнуваш(параноидна шизофренија)тоа еден од потешките типови на оваа болест и мислам симтомите не се толку наивни како твоте,како прво болниот не е свесен за својата состојба и не мисли дека се смемнил,па не бара помош ,колку што гледам ти си свесна дека имасш проблем ,друго ,не зависи само генетскиот фактор за оваа болест само склоноста се наследува се друго зависи од нацинот на живење и мн други работи за да дојде до тоа,па затоа мислам дека треба да престанеш да се мачиш и побарај помош,зосто и анксиозноста а и паниката знаат да ти го загорчат зивотот,ти немасш шизофренија туку анксиозност лечија и не мисли во што мозе да премине никој незнае ни анкс ни не анксио незнаат што ги чека утре.
Сакам да ве прашам дали некој од тука е пушач или зависник од кафе како мене кажетеми ако некој бил дали откако ги оставил овие ѓубриња се чуствува подобро и кажетеми некој начин како да се откажам поздрав до сите
здраво друштво од каде сега ово она 485 да не те напоменам треба да знаеш дека секакви работи не се изнесуваат во присуство на акциозни луге, прво среди се ти и побарај помош оваа состојба не мине сама од себе прашај паталец а не само гуглај од сопствено искуство ти го препорачувам ова,и ја бев иста во секоја болест се препознавав како психичка така ,друга, тргни ја настрана шизофренијата,и додатно не ги плаши и така сме сите ние од оваа состојба големи пласливци ,не дека јас не сум, кути малку пркнав се подобрив не дека ги нема стравовите ,мислите тука се ама се со помал интензитет,затоа знам дека може се да се поправи онаа состојба ова не е болест состојба. болест која ја спомнуваш е нешто друго,за тоа и да не зборуваме туку да си помагаме во оваа состојба бодрејки се едни со други со подршка и совети,а не со пртпоставки секој од нас тука бил или не бил на психијатар јас сум била и се уште ке одам ако има потреба ,посто знам дека он е тој кој дава дијагнози а не гуглането,тоа само одмага во некои слуцаии за нас пласливците, одма имаме сомнежи и додатни симтоми ,и стравови не оди тоа така мора помош,од доктор и терапија и работа на самите себе ваша воја да да си помогнете на самите себе за подобар живот мислам дека помогнав а не одмогнав со оваа сто го напишав посто се борам со оваа состојба не од вцера туку 1година и нешто и сватив дека може да е подобро да се намали и да исчезне но животот е полн со стесови како,што вели една моја пријателка полн со громови ,па така ние пласливците мораме да бидеме храбри ,пошто ке дојдат и појаки громови ,просто животот е таков не е права линија затоа храбро и без двоумене мораме напред назад нема вракане.се најдобро за сите вас поздрав и секое добро за вас
485 воопшто немој да гуглаш бидејки си правиш самата на себе дополнителни стравови и стресови, а верувај дека воопштно не е памтно да се долева масло. Значи решението е да се побара стручна помош, доколку има потреба пиење на апчиња и најважно од се е да се има хоби. Значи доколку се чека ситуацијата само се влошува и се запаѓа повеќе. Мора постојано самоубедување и вежби за релаксација. Нормално е дека се враќаат стравовите но не со овој интензитет што сега го има и многу полесно се надминуваат. Бидејки докторот не учи како да се научиме да живееме со нив, да се справуваме со стравовите и сето тоа допринесува да сами научиме како да се бориме. Ако самите не сакаме да си помогнеме џабе се и 500 доктори и секакви апчиња се е џабе. Значи самоубедување (ова им се случува на многу луѓе но гледај шетаат не се даваат, како се дотерани, па ке пробам и јас и баш да видам дали и што ке ми се случи на мене), никако сурфање, дружење со луѓе, вежби за релаксација или работење на нешто што ве релаксира и не ви дозволува да мислите на лоши работи и се ке биде ок. Бидејки не забравајте ние сме луѓе и не можеме да спречиме ништо. Ве гушкам
Осамена мајка ако ти е убаво да пиеш кафе и да пушиш воопшто немој да се откажуваш, нема потреба тоа воопшто не влијае на психата. Можеби ако ги оставиш повеке ке се измачуваш плус ако се релаксираш додека пиеш кафе и пушиш слободно, освен ако не ти смета на здравјето. Сметам дека подобро е да закрепнеш психичи повеке и да ти се врати самодовербата во самата себе и потоа остави ги. Нормално ова е мое мислење а на тебе е да одлучиш.
Јас пијам кафе и пушам цигари, искрено летово мислев дека тие ме прават понервозна па ги оставив два месеци, а не се подобрив воопшто. Сега пак се вратив на стара шема и верувам во тоа дека нема ништо поубаво од утринско кафе со цигара Бев на психијатар и мојата анксиозност била во ептен напредна фаза комбинирана со некоја си невротска депресија. Терапијата ми е хелекс, пароксетин и бетавитевит(ова психијатарот ме виде дека сум анатомски костур).Еве трет ден сум со терапија, ми се враќа волјата за живот, почнав да бидам пак позборлива во друштво, ама уште сум нервозна и секоја ситница успева да ме вознемири. Ама за резултат уште е рано. Јас верувам дека ќе имам позитивен резултат. А за тоа со хобито, незнам кој спомна погоре јас мислам дека треба да бидеме постојано окупирани со нешто, бидејќи еве јас ќе се земам како пример, работам по цел ден и додека сум окупирана со работата сум релативно ок, дури и расположена сум кога треба да направам некој ектра сериозен извештај (јак предизвик кога имам), ама кога ќе дојде моментот да си одам од работа, и покрај то што знам дека имам некој дома што ќе ми пружи многу љубов, црните мисли ме зафаќаат ( во автобус, по улица). Кога лежам, уште потешко ми е. Затоа домашните обврски си ги обавувам, си наоѓам често и некои безвезни занимации, само да не лежам и така некако се борам. Ама тоа ми се случува овие 3-4 дена, откако почанв со терапијата. А, и земав да ја читам МОЌТА НА ПОТСВЕСТА, и планирам да ги насочам мислите баш како што вели Шмарфи во книгата, кон позитвизам, кон совршенство. Се распишав многу, одам на фризер, замислете конечно после година дена имам желба да се средам малку и надворешно. Поздрав до сите и само храбро
Дајте луѓе ве молам.... Параноидна шизофренија е форма на шизофренија, кај која пациентите слушаат гласови кои другите не можат и/или имаат чувство дека се прогонувани или следени. Шизофренијата е хронично ментално растројство што се карактеризира со неспособност да се разликуваат реалните од нереалните настани. Параноидната шизофренија е најчестата и често пати најлесната форма на шизофренија. Со правилно лекување пациентите се способни да се справат релативно добро на работното место и да живеат самостојно. Ете и точка. Сакам да прашам дали од апчињата се станува засвисник,јас сакам пак да се вртаам на психијатар оти сум ни вода ни киселина станата...е сега..проблем...сите ми викаат да не се трујам оти еден ден ке станам зависник како нарокоманине,а верувајте јас сакам само ова да помини и да ми биди подобро.Дали некој ги има откажано антидепресивите и е сега во ред без нив...Јас немам напади ама се осекам за никаде,се испозатворив и сега ко ке прам со др лујге муабет ми е глупаво и да не кажувам глупости,да не згрешам некадае,цело време сум замислена и некој да ме види ке ме помисли дека сум се шекнала,леле оној како ме гледа,ги избегавам лујгево а нз зш..се нервирам.ме викаат за на кафе а како да излезам?кога се затворив во себе и сеа ко ке излезам како пластично ми е се,се ми е сеедно,тапо,дури мислам дека јас не сум ова туку е дека некоја друга.И цело време ми се мота мислата дека сум луда.ПОстојано и постојано.И дека сите околу мене ме гледаат како пореметена..Вчера излегов ама како музиката да не допира до мене ( ете пак исто ) како да сум отсутна...не осекам енергија да можам да играм,тапост..Расположение тапа.Ептен збунета се осекам,ептен.Дали ова е од анкс или не?
Здраво многу се израдував кога ја видов темава на форумов ,сакам да казам прв пат сумтука и многу убави и поучни работи прочитав.Да и јас мислам дека секој момент ке ме фати срцев удар,имам некој рак ,мозоцен удар и ми е страм веке да киснам по лекари ама еве пак се подготвувам да одам понеделницки. На психијатар бев и како демек бев силна па се договоривме да одам некое време со лекови на билна база и ....Се трудам кога ке ми се крене притисокот над 140 да не трцам на дезурен или во филип 2 за спас .Теско па лесно па усте потеско како на вртелеска. Најтеско ми е сто ме блокира во работата ,ме фака гусенје ,срцебиенје мачнина и се пропратно со насата анексиозност и адреналинот сто ни следи со нејзе. Ена се имам и 3 деца кој несмеат да ги гледаат овие слуцуванја бидејки лошо ке останат во нивната психа . Ајде сега кажувајте како да се биде силен и да не се мисли дека ке умрес во секој дел од денот во секој а 2 мисла ,а да бидес потпора на семејството .
Наместо да зборувате за позитивни работи само ги заплашувате овде на форумот, секакви информации кои не се точни не ги ширете на форумот затоа што ова е тема за анксизони личности, не се болни, ниту луди !!! Дали можете да замислите како е на една личност кога слушне ваква работа, како сега со шизофренијата која е тотално неточна !???!! Дајте ви се молам вака не може да си помогнете кога сите насобрани неточни информации ги читате од немајкаде, па после ги ширите и стварате паника и страв кај лугето . Инаку за кафето точно е дека предизвикува срцебиење и ја зголемува анксизозноста но ништо страшно ако се напиете едно кафе во денот, се што е нормално и во граници е океј. Ве поздравувам и секое добро
Здраво другарчиња, Јас сум од постарата екипа, не многу де, активна сум од пред 5-6 месеци и од време на време ме следам Една од форумките на ЛП ме замоли да пишам што мислам за шизофренија , некој шкртнал тука дека можело да се добие од анксиозност...Ок, ја не сум експерт за оваа област и не можам да давам прогнози, но ако тоа мислење го кажал психијатар тогаш не ми е јасно како на некоја анк. личност може да и помогне ако и каже дека ќе добие шизофренија. Јас имам едно да кажам што го научив, не верувајте на секого, кај нас во Куманово се вика -Зависи кој те цени и проценуе Инаку еве во мојот случај , психијатрицата пиша опсесивно-компулзивен синдром, ја се убив од читање што значи тоа и до секакви информации дојдов , добро е што не добив инфаркт од тоа што го читав Па потоа прочитав дека елицеата што ја пијам се давала на импотентни мажи и ја си викам леле сега кога ќе дојде еден нагон уф, уф , уф!!!!За среќа имам добар психолог кој ми е на прво место и кој ми ги објасни сите работи , па ете и за опсесивноста дека демек , оваа докторката морала нешто да напише. Така да мој совет е да не верувате на се што ќе чуете и на се што ќе прочитате , анксиозниот ум , не може реално да ги свари информациите , уште повеќе ќе влета во замката на стравот. Тоа е мили мои, ја сум ок си кулирам и добро ми е , окс, може и подобро нели? Се читкаме, кисс
Луѓе,со извинување,ама од вашите постови човек ке се разболи шизофренија ова она кај малку ние анкс и депресија па и ова ми требаше да го прочитам не читајте,не барајте и не измислувајтеси +нерви,место тоа мислете на тоа дека сме совршено здрави а ова е само состојба која ке ја надминеме,но само со позитивни мисли