Поздрав до сите!Не сум пишувал одамна.Со анксиозноста некако излегов на крај понекогаш со мали кризи али се е ок е сега извесен период сум со слаба концетрација и меморија понекогаш и главата ми е зашаматена дури сликав и глава на КТ резултати уредни и ред други испитувања исто така во ред.Ме интересира дали некој друг има проблеми со концетрацијата и меморијата!
Дали можи некој да ми даде подетални информации за книгата што ја читате скоро сите.Како се вика?Благодарам и поздрав до сите.
И јас денес не сум добро срцето ми лупа ме фаќа некој страв ај кажете ми да земам некои лекарства како идат на рецепт или?
Лаванда panic away де вика книгата врсти де 3,4 страни поназад на форумов скоро постирав линк кај што ја има. Читај ја. Сакам да ти помогне, и ќе ти помогне ! Поздрав
Здраво на сите. Се зачленив на форумов специјално за оваа тема, пошто гледам има доста што поминуваат низ срањево. Прво да си ја кажам мојава прикаска. Почна пред година ипол од прилика, седејќи дома од еднаш како да неможев да голтнам. Уопште ни сопствената плуканица неможев да ја голтнам. Касно беше вечер па отидов на дежурен лекар кој ми даде инекција дијазепам или незнам што беше па некако се смирив таа вечер. Наредниот ден отидов кај матичниот лекар па кога му кажав што што како се случи ме препрати на психијатар. Таму ми дијагностицираа анксиозност со панични напади. Ми дадоа хелекс 0.25 и таман си бев. После 5-6 месеци ми беше доста подобро па со психијатрот се договоривме да ги прекинам апчињата. Тоа беше март-април прошлата година. Значи скоро година дена поминав без некој проблем. Ме фаќање некад по малце али се контролирав. Се до вчера, бев искочен до банка и уште таму осетив дека почнува мала паника да ме фаќа без некоја причина. Среќа си носам нонстоп едно апче за случај како овој. Го соџвакав за побрзо да делува, и на излагање од банка малце фалеше да се онесвестам. Толку јако никогаш не ме фатила паника, срцето ќе ми летнеше од гради. Како плус на тоа бев во близина на булевар, гужви коли луѓе. Седнав малце се потсмирив па тргнав накај дома, на 10 мин бев. На 2 пати поминувам булевар и пак ми се враќа, суво грло срцебиење јако. Морав да го викам татко ми со кола до дома да ме донесе. Денес од сабајле супер си бев се до пред некој саат, си гледав дневна доза френдс и пак осетив како срцето почнува појако да лупа. Одма хелекс лапнав па полека се смирив. Бев до матичен да ми препорача друг психијатар, и ми ја предложи Зора Митиќ. Има некој искуство со неа, и како оди со закажување? Дали приватно работи или со картончиња? И ако има некој контакт информации.
Дечки мене овие 2 дена ми се ужас. Имам страшни главоболки ниедно апче не ми помага и вратот многу често ми се вкочанува што да правам ? Има некој таков? Постојано мислам како да ме боли 'рбет и ќе ми се откачи дали е од времето дали треба нешто да испитам незнам
Имам едно прашање до сите вас, дали некој поминува низ социјална анксиозност или некои ја викаат социјална фобија. И ако некој знае да ми објасни како да излезам од оваа појава, бидејќи секој ден све потешко и потешко ми е на раб на лудило. Претходно имав напишано што точно ми се случува само не го знаев терминот. Ве молам ако знае некој нека помага. Фала Ви многу.
Мојата анксиозност доага до израз при писмено тестирање, толку се губам што ме облева ладна пот, заборавам што сум учела исто како книга да не сум пипнала, и тоа трае подолго време....побарав помош од психијатар ми препиша хелкс 15 дена па потоа да одам на контрола. Ве молам ако некој има вакво искуство да го сподели или да ми даде некој совет
јас го имав до пред година дена тоа грдо искуство кое траеше со месеци и ке ви кажам мое мислење и и решавање на проблемот, ниту еден доктор ниту еден седатив ниту било каков лек ке ви помогне ако сами не си помогнте на себе, едноставно прифатете го и не му давајте отпор и не плаши се од него со стравот го храните, оставите го да си ја врши работата и бидете сигурни дека нема да имате никакви последици по вашето здравје , не плашете се од нападот колку и да е јак трае неколку минути уживајте во возбудата и срцебињето кое што станува се појако и појако нешто слично како кога имаш секс , прифатете го како нормална работа и со тек на време нема да го имате п.с не го губите умот и не добивате удар не трчајте одма на доктор и не посегнувајте по лекови, борба сам со себе подсвесна е ништо друго , штом јас можев да го уништам можете и вие поздрав
Со анксот се справувам некако но со депресијава тешко,посебно околку пладне ми е најтешко,одкако ќе си дојдам од работа кога сум 1 смена и кога одам на раб кога сум 2.Слушам релакс музика ама умот ми е само во внуками,премногу ми недостига и само плачам.
Искрено немам до сега посетено ваква установа, али како што читам и на други форуми доста ја фалат женава дека добро работела. Предј некој ден се јавив кај нив и ми рекоа дека тешко за оваа недела тек за наредната, имало доста гужва, што значи како добар знак дека ја врши работата како што треба.
Matea bolkite ti se od napnatosta probaj opustise a netie nusti na rbetot naoravi si vi kada kupka stavisi nekoi kapki I muzice na tel I opustise
Јас еве во пмс сум и еве сеа почна да ми се развива некоја паника страв стегање в гради одземање здив... таман коа бев ок толку дена и денеска исто мислев сипер ќе сум еве ме фати оваа мака... и мисли црни пробуваат да напаѓаат ама се трудам да не мислам :/ оффф силно се надевам декс ќе заврши овој кошмар и е победиме и дека нема да ни де случи ништо лошо.. поздрав
Оф не знам дали ви се случило вска евр од паника стегнатост и нешто почна да ме стега в гради ама само кос ќе вдишам силно, на кај дрсната страна повеќе..не знам може да се мускулите само в гради?нешто од стегање или сл? Почнав да се плашам и паничам одма :/