Како што кажа тоа се витамини, не е ништо страшно, можеш да ги пиеш колку време сакаш и по колку пати сакаш на ден, можеш по едно до три апчиња на ден. Јас мислам дека немаш потреба од појаки апчиња освен витамините што си ги пиеш. Јас пијам исто Б6 и магнезиум директ кесичка, можеш да си земеш и омега 3 не е ништо штетно. Витамините исто така можеш и кога сакаш сама да ги прекинеш. Навечер можеш да си пиеш чај од камилица, мачина душица и ке видиш дека ке биде се добро. И не ме замараш воопшто, што знам и колку можам ке помогнам.
И јас Пиев магнезиум директ сега зедов магнезиум шумечи за растворање , и витамин ц .. не штетат во никој случај
хаха и јас сум иста само си мењам, што ке начекам од витамини си купувам, пијам и пивски квасец исто, ама кога ке се напијам пивски не пијам Б6 затоа што во пивскиот има и Б6. Значи за било кој витамини да се одлучиш нема штета.
Па денес малце како времево променливо сум хаха ама гураме, сега правев палачинки па кој е заааа нека повелииии
Љуѓе два дена шетам дома не сум влезена ја бркам анксиозноста најако беше во друг град заминав овие два дена и таблетите ги заборавив
Охоооо Дааај божеее .. јас минатиот викенд се опуштив после сто години хахахаха дај боже да има уште многу такви
Не знаете колку ми е драго што чувствувам позитивна енергија меѓу вас. Патем, сите сме различни и сите имаме различни причини зошто сме во ваква состојба. Супер за тие кои успеваат да ја надминат анксиозноста со разговор, прошетки итн., но нема ништо лошо и во тоа да се пијат антидепресиви, доколку една личност има потреба од нив. Не сакам никој да се чувствува лошо само поради тоа што се решил за таа опција, ме разбирате? Јас долги години се борам самата, без никвакви лекови и мислам дека не можам повеќе така. Сериозно планирам да разговарам со лекар и да започнам со соодветна терапија. Ем анксиозност, ем депресија - баш ми е забавно, нели? Само некако сум уморна од таа забава и сакам да си одам дома. Во една работа сум сигурна, дали на овој или на оној начин, сите ќе испаднеме победници во оваа борба. Ви испраќам гушки на сите!
ЕхЕе и јас пијам антидепресиви ич да не се секираш. Дното го имав допрено и да не беа тие незнам што би било сега.. И ќе ги пијам се додека треба. Ни се страмам ни осеќам вина .. секој со нешто се бори во животот.. секој со својата судбина .. само храбро
Друштво се туширам и си легнувам ,утре нов ден со нови сили на забар ке одам чунки животот да не го арчам бадијала сега си поставувам цели и се соочувам со стравот ,ми беше страв и од болнички ходници но два пати некни отидов во посета на еден брачед кој се оперираше и да ви кажам дека првиот пат ми беше некако замаглено но после како дома се чувствував се навикна мозокот и свтатив дека сепак има пострашни работи од болничките ходници тоа е депресијата кога споредив за каква глупост се плашам дека депресијата е нешто сериозно страшно човек што може да го снајде и да го проживее тогаш си реков по болничките ходници слободно можам да летам од радост зошто би се плашела го избркав тој страв конечно .
Луѓе како се справувате со тоа јавно да говорите Мислам на она сите ве гледаат вас,а вие треба да зборувате. Или да читате нешто.Да презентирате нешто на пример,или да морате да дадете мислење во некоја дебата. Јас ич не можам,одма срцето почнува да ми чука толку силно шо не можам да земам здив.Некоја техника да се справам со ова?
за јавно говорење и дебатирање општо за да бидеш добар говорник споерд мене да ја прочиташ книгата психологијата на успехот од Дејл Карнеги , поздрав
И јас сум истата. А мојата идна професија токму тоа ми го налага - говорење пред повеќе луѓе. @veren, да не знаеш чие издание е книгата? Баш ќе ја побарам, ти благодарам за предлогот.