На сите им е чудно што не јадам ајвар.Никогаш не ми се појавила желба да намачкам ајвар.Мајка ми порано правеше и мачкав само 1-2 пати првите дена,онака,без некоја посебна желба и сласт...ставав многу малку ајвар и мноогу сиренце. Со години немам јадено зашто дома не правиме веќе.Мајка ми и татко ми јадат ама многу ретко,секогаш ни останувале теглите иако правевме малку..8-9 од прилика. Заклучок,дома не сме ајваројадачи воопшто Би јадела единствено ако нема ништо друго во фрижидерот или немам идеја што да каснам набрзинка.
кој како прави нека ми донира една тегла домашен ајвар.... овде има као неготински и струмички ајвар али не е ни А од Ајварот наш што ми требаше да ја отворам темава бре жени
Направивме саботата (направиЈА +петок) малце пушти зејтин ама е прееевкусен (посебно со КРАВЈО СИРЕЊЕ од Здравје 1 кг) !
Порано многу јадев ајвар, но последниве неколку години слабо. Го мачкам само додека е уште во тенџерето, топол на леб, со парче зденка или сирење. А потоа, цела зима не го јадам. Не знам зошто. Ама неми е вкусен. А мајка ми го прави многу добро.
И јас не сум ајваројадач, ептеен ретко. Само првиот ден додека е топол, и по гости негде, дома нема да ми текне да земам ајвар да јадам.А башка и тоа што не јадам сирење, уфф гадно нешто . Ама ги терам секоја година да прават ајвар, интересен ми е процесот, а ене, стојат тегли уште од лани . Ама сега ме насрдивте, ќе си ставам ајвар и маргарин на тост, а може и кашкавалче, и така ми се јаде а нема ништо по дома .
лелеее колку само најмногу јадам, едвај чекам сега утре чушки да ни донесат дома и со мама да се фатиме за работа да го направиме ајвариштето најубаво, секако многу правиме, и сепак покрај се, после Нова год. немаме ајвар, сите дома сме ајваројадачи уфуфуфуфу мјамииииии
Го јадам само кога е тазе направен, т.е кога се вади од шерпа. После тоа неможам, мн ретко освен да го загреам пак.
АЈлелееее ми се пријадее,али нема овдеее, ќе се убијам.... Ајде хуманитарна акција,секоја феминка,праќа по една тегла ајвар на Сезнајчето на улица Umberto I во Nizza Monferrato (која е во посета на мјка и и на татко и )
Леле и јас многу го сакам ,особено потпржен со јајце,м м м,најлесно и најубаво јадење А сега моментално умирам за ајварче,ја терав мајка ми да направи,таа не мислеше да прави,ама ко ќе се вратам барем да има,сега не можам да го пробам Сакам побрзо да си одам дома!
Е,вчера беше готов.Главна тема кај и да отидам „АЈВАР!“ Spoiler Ме фатија мене,нема кај да бегам,рацеве 3 дена ми мирисаат на пиперки. Кога отидов со изјавата: -Ме боли кичма. Репликата на баба ми: -А не те боли кога се леташ по тегла. Си јадам ајвар,во умерени количини,за разлика од сестра ми што се „дави„. Омилено ми е наутро..Леб,ајвар,сиренце,вегета и чај..мх,мх,мх! Или со јогурт.Пржен со јајца.Само со сирење.Во сендвич,па дури и во тост. Ма секако! Ајвар рулз! Каков iPod,каков iPhone..all we need is iVar!
Ех како ми се само јаде ајвар,не е нормално.Ако испадне да не правиме оваа година ќе се самоубијам,сериозно. Досега ми е рекорд 7 парчиња леб со ајвар да изедам а оваа година можеби и ќе го оборам рекордот па ќе ме има во гинисова книга како најстраствен јадач на ајвар .
Нит го сакам нит го јадам, нит сакам да ми прават, ама што се мора, мора се Зима иде, не смее без ајвар да се остане, Боже пази, ќе ми текне на пиперки, ќе треба да пометнам незачнато дете Ајварот за мене може и да го нема, нема да забележам, а го јадам, не велам не, кога ќе видам дека некој јаде понекогаш, од што сум така стрвна Едино го јадам како ајвар намачкан на лебче, никако поинаку, и може да додје во комбинација со јогурт или сирење. Ништо друго во близина, за разлика од тато кој на јадење со месо, јаде една тегла ајвар со лажица, за разблажување на масното од месото Е, убава ми е лутенка од бели вцрвени пиперки, сечкани, а не мелени, со домати, тоа го јадам повеќе од ајвар, ама пак не нешто многу, повеќе ко додаток ми е. И то, време за зимници, кој му треба помош, одма одам, професионален печач и лупач на пиперки сум
Уф одвај чекам да направиме...инаку јас и сега си јадам ајвар имаме од минатата година се надевам дека ке ни остане додека не направиме нов Порано како помала многу ми беше интересно кога требаше да ги лупиме чушките,а сега недај боже некој да ми спомне да лупам чушки,после ноктите цела недела заникаде ќе ми бидат
Обожавам ајвар! Го јадам во огромни количини, па затоа и учествувам во процесот на лупење на пиперките. Ех...ајварче, нешто преубаво!
Едвај чекам сабота, малку закаснивме годинава со ајварчето. Ама сабота, ќе има јадење и тоа од шерпа, така е најслатко. Мх мх, лепче, топол ајвар, сиренце. Нешто незаменливо
Не сум некој љубител на ајварот. Јадам сега зашто ептен во нос мава кај и да поминеш. И следното јадење ајвар би ми било во јануари отприлика... Толку.