Во петок (14.06.2013), започнува осмото издание на меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест", со почеток во 19 часот, кај Веро центар. Свеченото отворање ќе започне со настапот на италијанската група, која е комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија индивидуално креирана за секој настап. По свеченото отворање, пред Веро центарот ќе се претстават и преостанатите настапувачи со кратка изведба на своите точки. Музичката програма оваа година е подготвена од голем број музички бендови, зачинета со ноти на рап, реге, рок и етно музика, а во рамките на фестивалот ќе бидат одржани околу 30 концерти. Годинава Баскерфест ќе се дисперзира и низ цела Македонија. Првичниот старт на Баскерфест е на 12-ти јуни со настап во Гевгелија, а на 14-ти во петок започнува во Скопје, каде што ќе трае до 23-ти јуни, а потоа на 3-ти јули завршува во Дојран. Граѓаните на Скопје и годинава, 10 дена, ќе можат да уживаат во спектакуларните акробации на артистите од цел свет. Секоја година му се радувам на овој настан што го следи позитивна енергија. Некако последниве години ми е симбол за почеток на летото. Планирате да одите? Јас од утре ќе се вооружам со многу ситни пари во новчаник и ќе уживам во позитивната енергија што ја нуди градот овој период. Еве ја и музичката програма: Спојлер
Убаво случување, но ете има неколку години како се одржува но не ми се појавило интерес за да излезам и да погледнам/прошетам.