Баскер Фест

Дискусија во 'Слободно време' започната од Mayyya, 14 јуни 2013.

  1. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Во петок (14.06.2013), започнува осмото издание на меѓународниот уличен фестивал „Баскерфест", со почеток во 19 часот, кај Веро центар.
    Свеченото отворање ќе започне со настапот на италијанската група, која е комбинација на акробатски вертикален танц со музика во живо и спектакуларна кореографија индивидуално креирана за секој настап. По свеченото отворање, пред Веро центарот ќе се претстават и преостанатите настапувачи со кратка изведба на своите точки.
    Музичката програма оваа година е подготвена од голем број музички бендови, зачинета со ноти на рап, реге, рок и етно музика, а во рамките на фестивалот ќе бидат одржани околу 30 концерти.
    Годинава Баскерфест ќе се дисперзира и низ цела Македонија.
    Првичниот старт на Баскерфест е на 12-ти јуни со настап во Гевгелија, а на 14-ти во петок започнува во Скопје, каде што ќе трае до 23-ти јуни, а потоа на 3-ти јули завршува во Дојран.
    Граѓаните на Скопје и годинава, 10 дена, ќе можат да уживаат во спектакуларните акробации на артистите од цел свет.


    Секоја година му се радувам на овој настан што го следи позитивна енергија. Некако последниве години ми е симбол за почеток на летото.
    Планирате да одите?
    Јас од утре ќе се вооружам со многу ситни пари во новчаник и ќе уживам во позитивната енергија што ја нуди градот овој период.

    Еве ја и музичката програма:
    [​IMG]
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    Убаво случување, но ете има неколку години како се одржува но не ми се појавило интерес за да излезам и да погледнам/прошетам.