Јас поспана: Сине, ајде гушни си ја лисичката и да спиеме сите. *му подавам плишана играчка* М: Уатафак ова не е лисичката. Не сум горда, ама.. Појма нема тој што значи уатафак, ама така на точно место го стави Јас го користам, очигледно пречесто.
Цело лето поминуваме покрај еден празен плац и куп ѓубре фрлено таму. И јас, срамота е да се фрла ѓубре, не треба така, ѓубре не фрламе ... И вчера шетаме со ќерка, на скроз друга страна ама пред нас на некои 30тина метри одат деца и едно фрла по тротоар , остаток од мандарина. Стасуваме ние и почнува ќерка - ЗастЛамота, не фИЛаме ѓубЛе. Не е убаво така. Супер викам дете, лекциите бар ги учиш во теорија.
Се спремаме утрово за во градинка и на телефонов мој излегува некоја постара слика што сум го сликала големиот како седи кај него во соба и собата позади него е баш чиста и сите играчки собрани. И ми вика дете - мама, кој ни бил тогаш на гости? Очигледно мисли дека чистиме само за пред луѓе
Си муабетиме рандом и го прашувам: Ј што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Одговор како од топ: Татко! Значи да се спремам за баба од порано.
Мојов "мајстоЛ" бил Му вика сабајле учителката, кај си бе лепотан он ни две ни три: "Не сум лепотан, мајстоЛ сум ја" не посмеа сабајлечки
Јас: Х, сакаш да правиме вафли? Х: Дааааа, вафлички... Јас: Што треба да земеме? Х: Мешалник Јас: Вадам миксер, вадам сад за мешање Х покажува на садот и вика еее тоаа е мешалник
Ајде првиот бисер годинава ... Спие дете а мајка користи време за Нетфликс, пуштен филм, во моментот на будење на господинот иде новогодишна атмосфера и изјавува: Мама, доста фимови за крисмас, пушти панети да гедаме.... Иди па не се изнасмеј со солзи. Инаку планети и глувци му се опсесија, по цел ден гледаме изработки на планети, да де, ние гледаме, он си игра и ѕирка, не мора да гледа, ама не смееме да исклучиме.
Игра ќере со кукла, и става пелена и прави кревет ја става да спие и ми вика: мама дај ми пластелина и тргам ја да и дадам пластелин и ми вика, мама не пластелин него пластелина. Викам што ти е тоа и ме носи во спална и ми покажува на кревет вика абе мамо пластелина = постелина да сум и дала за куклата Исто сега за нова година пукаат надвор петарди и вика што е ова мама што пука, викам петарди пукаат некој лоши деца. Другиот ден пука петарда она трча на врата вика мамааа пукаат пУтардиии.
Мајка ми го прашува Марио на Вибер: Марио имаш ли бабе ти девојка? мргуд одговара онака под брк Имам! Која е? Како се вика? ко од пушка: МАМА!
Мене ми е пресмешен во последно ме кара пр нешто сум му рекла на брат му и овај застанат озбилен камен, фаца намуртена, став полициски: -Зошто ти така му велиш на Гого? Зошто го караш Гого? Ама пресмешен е се газевме од смеење со мм
Денеска се гушка во мене и вели: "Јас могу си ја сакам мојата мајка, сакам цело време да имам таква мајка што ми готви најубаво." Јас: "А не ли сакаш ти да имаш слаба мајка?" (еднаш ми збореше дека мајка и на другарка и од градинка била многу убава оти била слаба). Таа: "Не, ако си ваква дебела имам повеќе место за да те гушнам".
Јас: Марио многу те сакам! Марио: Јас тебе не те сакам! Јас: Зошто? Марио: За да квичиш, ајде квичи да те бунам и да се смириме Имаме нов збор, квичи му е се!
Си игра дете сабајлево и собрал куп мали колички во една кутија и ми вика - одбери си една. Јас си одбирам, ми ја зема од раце и вика - ааа не, таа е прекул за тебе, бирај друга Сигурно според него, некое старо комбе или некоја крнтија би била таман за мене
Од пред некое време имаме портрет на жена закачен во ходникот. Сабајлево се облекуваме за во градинка и ми вика: - Мамаа зошто оваа жена уште е тука. Кога ќе си оди дома?
Хахахахаха Бисери колку сакаш секој ден има нешто ама ништо не се памти свекрвата пред некој ден ми велеше ќе фатам ќе запишувам што ми кажува
Дааа многу се заборава. Ќе почнам и јас да си запишувам веќе зошто се пресмешни изјавите. Вчера го искарав нешто и не му одговараше да ме послуша и ми вика: - Ич не си умна мамааа, смири се малку.