Јас поспана: Сине, ајде гушни си ја лисичката и да спиеме сите. *му подавам плишана играчка* М: Уатафак ова не е лисичката. Не сум горда, ама.. Појма нема тој што значи уатафак, ама така на точно место го стави Јас го користам, очигледно пречесто.
Цело лето поминуваме покрај еден празен плац и куп ѓубре фрлено таму. И јас, срамота е да се фрла ѓубре, не треба така, ѓубре не фрламе ... И вчера шетаме со ќерка, на скроз друга страна ама пред нас на некои 30тина метри одат деца и едно фрла по тротоар , остаток од мандарина. Стасуваме ние и почнува ќерка - ЗастЛамота, не фИЛаме ѓубЛе. Не е убаво така. Супер викам дете, лекциите бар ги учиш во теорија.
Се спремаме утрово за во градинка и на телефонов мој излегува некоја постара слика што сум го сликала големиот како седи кај него во соба и собата позади него е баш чиста и сите играчки собрани. И ми вика дете - мама, кој ни бил тогаш на гости? Очигледно мисли дека чистиме само за пред луѓе
Си муабетиме рандом и го прашувам: Ј што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Одговор како од топ: Татко! Значи да се спремам за баба од порано.
Мојов "мајстоЛ" бил Му вика сабајле учителката, кај си бе лепотан он ни две ни три: "Не сум лепотан, мајстоЛ сум ја" не посмеа сабајлечки
Јас: Х, сакаш да правиме вафли? Х: Дааааа, вафлички... Јас: Што треба да земеме? Х: Мешалник Јас: Вадам миксер, вадам сад за мешање Х покажува на садот и вика еее тоаа е мешалник
Ајде првиот бисер годинава ... Спие дете а мајка користи време за Нетфликс, пуштен филм, во моментот на будење на господинот иде новогодишна атмосфера и изјавува: Мама, доста фимови за крисмас, пушти панети да гедаме.... Иди па не се изнасмеј со солзи. Инаку планети и глувци му се опсесија, по цел ден гледаме изработки на планети, да де, ние гледаме, он си игра и ѕирка, не мора да гледа, ама не смееме да исклучиме.
Игра ќере со кукла, и става пелена и прави кревет ја става да спие и ми вика: мама дај ми пластелина и тргам ја да и дадам пластелин и ми вика, мама не пластелин него пластелина. Викам што ти е тоа и ме носи во спална и ми покажува на кревет вика абе мамо пластелина = постелина да сум и дала за куклата Исто сега за нова година пукаат надвор петарди и вика што е ова мама што пука, викам петарди пукаат некој лоши деца. Другиот ден пука петарда она трча на врата вика мамааа пукаат пУтардиии.
Мајка ми го прашува Марио на Вибер: Марио имаш ли бабе ти девојка? мргуд одговара онака под брк Имам! Која е? Како се вика? ко од пушка: МАМА!
Мене ми е пресмешен во последно ме кара пр нешто сум му рекла на брат му и овај застанат озбилен камен, фаца намуртена, став полициски: -Зошто ти така му велиш на Гого? Зошто го караш Гого? Ама пресмешен е се газевме од смеење со мм
Денеска се гушка во мене и вели: "Јас могу си ја сакам мојата мајка, сакам цело време да имам таква мајка што ми готви најубаво." Јас: "А не ли сакаш ти да имаш слаба мајка?" (еднаш ми збореше дека мајка и на другарка и од градинка била многу убава оти била слаба). Таа: "Не, ако си ваква дебела имам повеќе место за да те гушнам".