Бовчи

Discussion in 'Свадба' started by Viiiiip, Oct 10, 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Joined:
    Dec 28, 2009
    Messages:
    5,941
    Likes Received:
    27,613
    Почитта и добриот однос не се градат врз вредноста на подарокот, туку имагинацијата и вложениот труд во неговото бирање. Тоа важи општо за секаков подарок, а и тука, во оваа древна традиција на дај ми го-на ти го, од која очигледно нема бегање.
    Ама еве, чисто хипотетички, што ќе ми е мене пример некоја брендирана чанта од 250 евра, а не е мој стил, не носам такви работи? Само колку да се рече - види колку скапа чанта и` купивме, а-у, навистина ја цениме. Нема грешка. :^)
    Едни сребрени филигрански обетки од 25 евра ќе завршат поубава работа.
    Кога се бира подарок се гледа да одговара на личноста, да му се допадне, а не цената на етикетата и кој ранг го има во прославата, па така јас да ги делам подароците, според категории.
     
    Espadrila, irena.1 and Mama25 like this.
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Joined:
    May 14, 2010
    Messages:
    1,863
    Likes Received:
    2,848
    Тоа се купувало пред 20 и кусур години, на времето кога нашите мајки се мажеле. Сега се поклонува по еден вреден поклон, еве кај мене сведоците ќе си одберат што сакаат. Сакам тоа нешто да им остане, да им се допаѓа кога веќе и онака давам пари.
     
    Glasna likes this.
  3. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2013
    Messages:
    977
    Likes Received:
    9,188
    Gender:
    Female
    Се’ почесто, кога се работи за свадби и бовчи, оние кои што сум ги прашала што добиле или што подариле, скоро сите ми одговараат дека е ствар на договор и дека тој на кој што трба да му стават во бовчата - го прашуваат што сака.
    Мене тоа ми е најлогично, иако традицијата секогаш била пешкири, ќебиња, ако не ни се потребни, само место ќе фаќаат и ќе собираат прашина. :| Најчести одговори кои сега ги добивам се - часовници, трењерки, патики и слично..

    Исто се работи и за подароци за свадби - најлогично би ми било да прашам што им е најпотребно :)
     
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,958
    Gender:
    Female
    А што па толку е битно колку ви дала,битно дала :!: А замисли да нема што тогаш? Па не треба секогаш да се глрда низ призма на пари,свадбата ја правите за тој и ти да бидете благословени и да живеете во серќен брак или се зимате ради на-ти го дај ми го?! Мене свеки не ми дала ништо,ни па деца кога ми се родија па што,битно се наоѓа да ги причува тук и таму кога ми е потребно-побитно него ли било каков поклнон кој после некое време ке ја изгуби вредноста! А и зошто да и се лутам кога има мала пензија одвај на неа и стига. Не хумано би било да се трескам од земја кога ни таа нема!
    Пред се битна е почитта а другото е се споредно ама на кој до што му е 8) Џаба поклонот ако после се тераме у лепу п*
     
    Fatalnata, dromka, Iviste and 2 others like this.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Joined:
    Jan 29, 2010
    Messages:
    3,840
    Likes Received:
    101,403
    Gender:
    Female
    Признавам дека и јас имав бовчи од типот на ќебиња,пешкири ,кошули :tmi: Така беше пред 17 години,и да ви кажам се трудев да бидат квалитетни и да одговараат на личноста.Значи гледав и број да се погоди и се.И коштаа баш многу ,иако половина од работите не ги купив во моментот ,туку ги имав дома.Тогаш бев млада ,немаше кој да ме поучи,сите околу мене мислеа дека така треба,така и бидна.
    Од сегашна гледна точка мислам дека бовчите се глупост.Непотребно трошење,као демек се покажувала почитта.Или ако сакате купување на почит со подароци.А ако веќе мора да има,нека биде тоа по договор,која страна што сака,се разбира во умерени граници.
     
    dromka, imelda and vinozito1 like this.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    1,623
    Likes Received:
    10,359
    Абе види, сигурно и она сака се да си купите што треба па затоа и така го рекла, ама ако 500 евра се на располагање, толку се. Џабе ќе се лутиш и неа ќе ја кривиш оти нема да ви даде повеќе оти со тоа нема ништо да постигнете. Не е лошо што сакаш, убаво е тоа, младичка си, сакаш и еднаш си невеста. Ама наместо да се нервираш гледај што можеш од тебе да дадеш, за пак да ти е убаво како што го замислуваш и со помалку трошење. Не е страшното да е изнајмен фустанот, и така еднаш ќе го носиш, за еден ден е, а како и кога купуваш, и изнајмениот ќе си го избереш каков ти е убав и кој најубаво ти стои. Ти ќе си најубава на свадбата и со изнајмен фустан.
    За ланчето, тоа што веќе го имаш и така викаш ќе го смениш по свадбата. Смени го пред свадбата, доплати од тие пари што свекрвата ти ги дава, и избери си нешто друго, и ете ти ново за невеста.

    За бовчи што на кој требало по традиција најмалку да се нервираш. Барем денеска кога се може по договор е најлесно. Јас како кума не барав бовча, младенците не сакаа поклон, бонбоните и ги правив јас оти имам фатка за такви работи, тотално го промашивме оноа на кој што е ред да прави за свадба, ама нјавесела свадба беше
     
    dromka likes this.
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Female
    Јас пред да прозброри некој одма го кажав мојот став :lol: Ќе ги дарувам само кумот 100е и кумата100е (+ нивните 2 деца по 50е) и деверот 50е. Ниту свекрва, ниту свекор ниту пак золвата со нејзините нема да ги дарувам. Свеки направи прво еден ваков поглед |( ама баш ми е галје, имаме дом за средување не ќе спиеме на паркет во празна соба. Незнам дали сум во право ама знам дека тоа се големи непотребни трошоци според мене.

    И да јас и срцко ќе си размениме нешто како бовча од она што ни е потребно (секако бевме на план да си купуваме тренерки, патики, пижами и уште по некоја ситница :lol: )

    Се изјаснив и дека не сакам злато нека ни ги дадат парите да си средиме по дома нешто, да имаме каде да спиеме што се вика.
     
    Iviste and Rabbit like this.
  8. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Joined:
    Sep 3, 2012
    Messages:
    2,265
    Likes Received:
    46,285
    Gender:
    Female
    ana-banana многу слично беше и на мојата свадба околу дарувањето и верувај мислам дека најпаметно што постапив така :) На кумовите им дадов вкупно по 200 е, на деверот 50 е и на старосватот по 50 е. И јас им кажав дека не сакам злато, поарно да ни ги дадат да си го средиме спратот и така и бидна :) За среќа од свекор ми и од свекрва ми немав никакво бунење и се добро се заврши :D :*
     
    dromka and ana-banana like this.
  9. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,735
    Likes Received:
    38,470
    Gender:
    Female
    И сестра ми сакаше да направи како тебе. Да ги дарува само кумовите, старосватовите и деверот. Арно ама, свекрва и се бунеше. Требало да ги дарува неа, свекорот, золвата, золвеникот и нивните деца. За да не се расправа, сестра ми ги даруваше.
     
  10. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2011
    Messages:
    1,277
    Likes Received:
    751
    Gender:
    Female
    SummerGirl и мојата обраќаше очи но пред да ја отвори устата јас бев побрза :lol: :lol: . Ние 2ца немаме дом па јас ќе се замарам со бовчи, нели сме си „наши“ наместо да ни помогнат да си ги дадеме и тие пари што ги имаме за без врска ли? Кој сака нека се лути само кумата и кумот (со децата) + девер други дарови нема :D
    Од старт сум лоша ама тоа е, под 50е што ке купиш, а така они се 6 луѓе по 50е тоа ти е 300евра што не се за потценување сметајќи го фактот дека ни треба СЕ
     
    Iviste likes this.
  11. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2010
    Messages:
    17,735
    Likes Received:
    38,470
    Gender:
    Female
    Јас не дарував никој. Од старт му реков на маж ми дека нема шанси да ги дарувам неговите. Вкупно се 8 - свекорот, свекрвата, двајцата девери, двете јатрви и двете деца на едниот девер. Ако ги дарував нив, ќе потрошев многу пари. За среќа, никој не се бунеше. Сестра ми потроши 23 000 денари за дарување. За кумот, старосватицата и деверот по 3 000 денари, за кумата, старосватот, свекрвата, свекорот, золвата и золвеникот по 2 000 денари, а за двете деца на золвата по 1 000 денари.
     
    ana-banana likes this.
  12. Aerodromka

    Aerodromka Истакнат член

    Joined:
    Jan 20, 2014
    Messages:
    210
    Likes Received:
    117
    Вчера брат ми ја побара девојка му за жена.
    Идната снаа ми е погодена ПУ ПУ ПУ да не ја урочам :) .
    Сакам да прашам:Што мислите дали е во ред да побарам мобилен во бовчата?
     
  13. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Joined:
    Jan 30, 2013
    Messages:
    7,357
    Likes Received:
    8,482

    Мобилен? :wasntme:
    Мислам дека многу се размазуваш. Колку и да е погодена идната снаат, не треба да се искористува тоа.
    Свадбите и пропратните адети коштаат многу пари. Биди поскромна малку.

    Инаку конкретно мене, не ми се допаѓаат адети како дарување бовчи.
    Мислам може само давање пари, како што некои од претходните феминки споменаа-на девер, кумови и тоа е.

    Инаку баш сум изреволтирана од една случка околу дарување бовчи, во моја блиска околина. Имено на моја другарка, сестра и, кога требаше да се мажи, свекрвата ја условуваше да даде 18 бовчи, бидејќи семејството на младоженецот е големо. Значи свекор, свекрва обавезно да дарува, плус 2ца девери и една золва, и плус нивните деца, и нели кумови. Се на се, испаднаа 18 бовчи! :o А капак на се беше, што свекравата кажа тарифа, морало од 100 е. За поголема иронија, девојката воопшто не беше имотна...
     
  14. Glasna

    Glasna Популарен член

    Joined:
    May 24, 2012
    Messages:
    1,047
    Likes Received:
    2,181
    Kога ја побарал,кога сте почнале за бовчи да се договарате :?:
     
    Hipica, duffi and Mama25 like this.
  15. simona26

    simona26 Истакнат член

    Joined:
    Apr 4, 2014
    Messages:
    110
    Likes Received:
    136
    Јас на свадбата наместо бовчи давав пари на кумата, кумот, старосватицата а на останатите: јатрва, девер,золва, зет и дечињата по еден пар пижами, зошто ако давав пари за сите повеќе ќе ме чинеше тоа отколку свадбата :lol: (голема фамилија што да се прави) :lol:

    Кој му е малку нека се лути, ама не верувам дека некој ти иде на свадба за да му дадеш нешто (барем јас не одам со таа цел) :)
     
  16. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Joined:
    Jan 24, 2013
    Messages:
    165
    Likes Received:
    107
    Јас на мојата свадба ги дарував само кумот, кумата, старосватот и деверот, односно само заковните. Другите не, така се договоривме со моите и неговите. Според мене е луксуз , барем во денешно време да се даруваат сите со ред. Крајно е некултурно да се бара мобилни телефони или слично, без навреда...
     
    dromka and Hipica like this.
  17. t.i.n.k.e.r.b.e.l.l

    t.i.n.k.e.r.b.e.l.l Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2011
    Messages:
    466
    Likes Received:
    335

    Ако веќе се договарате, подобро нека ти подари пари во износот кој е планиран за тебе, наместо да ти купува класична бовча, па ти самата подоцна со тие пари купи си мобилен, или додај си пари, ако сакаш поубвав и поскап модел на телефон.
     
    dromka likes this.
  18. Cka

    Cka Форумски идол

    Joined:
    Sep 23, 2010
    Messages:
    11,757
    Likes Received:
    141,717
    A зошто и од каде е потребата да дарува невестата? Со која причина и цел?
    Да е адет, нека е. Да се дарува нешто ситно (што е тоа мобилни бре и бовчи од 100 евра?!) да се зачува адетот.
    Да е потреба, не е. Не знам која е потребата да се купат гаќи на свекорот и маица за свекрвата, мобилен на золвата и парфем на јатрвата. Зошто?
    Зошто пари да се даваат? По 100 евра на сите, па од каде невестата тие пари? 1000 евра минимум за бовчи?!
    Едно знам, дека нема да дарувам. Срам ми е да и направам бовча на свекрвата со гаќи и прслуци во неа, покриено со целофан одозгора за да се гледа...Или па да и дадам 100 евра, а она мене 200, па размена мала на кеш.
    Се додека некој не ми разјасно зошто треба да им давам подароци, нема да давам. Со тие пари 1000 евра за сватови, ке одам на следен одмор.
     
    Hipica likes this.
  19. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Joined:
    Jul 15, 2013
    Messages:
    3,227
    Likes Received:
    17,947
    Честито снаа :)
    Не е во ред да бараш ништо. Мене барем тоа не ми е вкусно. Снаа ти сигурно има некоја замисла за бовчите во поглед на сумата и не е убаво да наметнуваш некои твои желби.
     
  20. nene88

    nene88 Популарен член

    Joined:
    Feb 2, 2012
    Messages:
    448
    Likes Received:
    502
    Gender:
    Female
    Јас дарував и за веридбата и за свадбата. За веридбата ги дарував СИТЕ присутни и од негова и од моја страна, а за свадбата неговите, кумовите, старосватицата и родителите нејзини и деверот. Сега да се вратам назад, не би дарувала и на свадба. Доста им беше за веридбата. Ама нашите така се договорија.
    Инаку, на веридбата на мажите им давав кравати, на жените марами.
    На мм саат, на свекор ми кошула, кравата, каиш, на золвата накит, на дечкото на золвата каиш, на кумовите новчаници, на старосватицата ташна.
    На свадбата на мм му правев бовча ( тренерки, кошула, колекција, бањарка, маичка )
    На свекор ми тренерки, маичка, колекција
    на идната свеки ташна
    на золва ми, кумовите, деверот - саати,
    на старосватицата накит,
    на дечкото на золвата кошула
    на родителите на старосватицата манжетни и не се сеќавам што и земав на мајка и :)

    Мене ме даруваа со злато на веридбата.