Почитта и добриот однос не се градат врз вредноста на подарокот, туку имагинацијата и вложениот труд во неговото бирање. Тоа важи општо за секаков подарок, а и тука, во оваа древна традиција на дај ми го-на ти го, од која очигледно нема бегање. Ама еве, чисто хипотетички, што ќе ми е мене пример некоја брендирана чанта од 250 евра, а не е мој стил, не носам такви работи? Само колку да се рече - види колку скапа чанта и` купивме, а-у, навистина ја цениме. Нема грешка. Едни сребрени филигрански обетки од 25 евра ќе завршат поубава работа. Кога се бира подарок се гледа да одговара на личноста, да му се допадне, а не цената на етикетата и кој ранг го има во прославата, па така јас да ги делам подароците, според категории.
Тоа се купувало пред 20 и кусур години, на времето кога нашите мајки се мажеле. Сега се поклонува по еден вреден поклон, еве кај мене сведоците ќе си одберат што сакаат. Сакам тоа нешто да им остане, да им се допаѓа кога веќе и онака давам пари.
Се’ почесто, кога се работи за свадби и бовчи, оние кои што сум ги прашала што добиле или што подариле, скоро сите ми одговараат дека е ствар на договор и дека тој на кој што трба да му стават во бовчата - го прашуваат што сака. Мене тоа ми е најлогично, иако традицијата секогаш била пешкири, ќебиња, ако не ни се потребни, само место ќе фаќаат и ќе собираат прашина. Најчести одговори кои сега ги добивам се - часовници, трењерки, патики и слично.. Исто се работи и за подароци за свадби - најлогично би ми било да прашам што им е најпотребно
А што па толку е битно колку ви дала,битно дала А замисли да нема што тогаш? Па не треба секогаш да се глрда низ призма на пари,свадбата ја правите за тој и ти да бидете благословени и да живеете во серќен брак или се зимате ради на-ти го дај ми го?! Мене свеки не ми дала ништо,ни па деца кога ми се родија па што,битно се наоѓа да ги причува тук и таму кога ми е потребно-побитно него ли било каков поклнон кој после некое време ке ја изгуби вредноста! А и зошто да и се лутам кога има мала пензија одвај на неа и стига. Не хумано би било да се трескам од земја кога ни таа нема! Пред се битна е почитта а другото е се споредно ама на кој до што му е Џаба поклонот ако после се тераме у лепу п*
Признавам дека и јас имав бовчи од типот на ќебиња,пешкири ,кошули Така беше пред 17 години,и да ви кажам се трудев да бидат квалитетни и да одговараат на личноста.Значи гледав и број да се погоди и се.И коштаа баш многу ,иако половина од работите не ги купив во моментот ,туку ги имав дома.Тогаш бев млада ,немаше кој да ме поучи,сите околу мене мислеа дека така треба,така и бидна. Од сегашна гледна точка мислам дека бовчите се глупост.Непотребно трошење,као демек се покажувала почитта.Или ако сакате купување на почит со подароци.А ако веќе мора да има,нека биде тоа по договор,која страна што сака,се разбира во умерени граници.
Абе види, сигурно и она сака се да си купите што треба па затоа и така го рекла, ама ако 500 евра се на располагање, толку се. Џабе ќе се лутиш и неа ќе ја кривиш оти нема да ви даде повеќе оти со тоа нема ништо да постигнете. Не е лошо што сакаш, убаво е тоа, младичка си, сакаш и еднаш си невеста. Ама наместо да се нервираш гледај што можеш од тебе да дадеш, за пак да ти е убаво како што го замислуваш и со помалку трошење. Не е страшното да е изнајмен фустанот, и така еднаш ќе го носиш, за еден ден е, а како и кога купуваш, и изнајмениот ќе си го избереш каков ти е убав и кој најубаво ти стои. Ти ќе си најубава на свадбата и со изнајмен фустан. За ланчето, тоа што веќе го имаш и така викаш ќе го смениш по свадбата. Смени го пред свадбата, доплати од тие пари што свекрвата ти ги дава, и избери си нешто друго, и ете ти ново за невеста. За бовчи што на кој требало по традиција најмалку да се нервираш. Барем денеска кога се може по договор е најлесно. Јас како кума не барав бовча, младенците не сакаа поклон, бонбоните и ги правив јас оти имам фатка за такви работи, тотално го промашивме оноа на кој што е ред да прави за свадба, ама нјавесела свадба беше
Јас пред да прозброри некој одма го кажав мојот став Ќе ги дарувам само кумот 100е и кумата100е (+ нивните 2 деца по 50е) и деверот 50е. Ниту свекрва, ниту свекор ниту пак золвата со нејзините нема да ги дарувам. Свеки направи прво еден ваков поглед ама баш ми е галје, имаме дом за средување не ќе спиеме на паркет во празна соба. Незнам дали сум во право ама знам дека тоа се големи непотребни трошоци според мене. И да јас и срцко ќе си размениме нешто како бовча од она што ни е потребно (секако бевме на план да си купуваме тренерки, патики, пижами и уште по некоја ситница ) Се изјаснив и дека не сакам злато нека ни ги дадат парите да си средиме по дома нешто, да имаме каде да спиеме што се вика.
ana-banana многу слично беше и на мојата свадба околу дарувањето и верувај мислам дека најпаметно што постапив така На кумовите им дадов вкупно по 200 е, на деверот 50 е и на старосватот по 50 е. И јас им кажав дека не сакам злато, поарно да ни ги дадат да си го средиме спратот и така и бидна За среќа од свекор ми и од свекрва ми немав никакво бунење и се добро се заврши
И сестра ми сакаше да направи како тебе. Да ги дарува само кумовите, старосватовите и деверот. Арно ама, свекрва и се бунеше. Требало да ги дарува неа, свекорот, золвата, золвеникот и нивните деца. За да не се расправа, сестра ми ги даруваше.
SummerGirl и мојата обраќаше очи но пред да ја отвори устата јас бев побрза . Ние 2ца немаме дом па јас ќе се замарам со бовчи, нели сме си „наши“ наместо да ни помогнат да си ги дадеме и тие пари што ги имаме за без врска ли? Кој сака нека се лути само кумата и кумот (со децата) + девер други дарови нема Спојлер Од старт сум лоша ама тоа е, под 50е што ке купиш, а така они се 6 луѓе по 50е тоа ти е 300евра што не се за потценување сметајќи го фактот дека ни треба СЕ
Јас не дарував никој. Од старт му реков на маж ми дека нема шанси да ги дарувам неговите. Вкупно се 8 - свекорот, свекрвата, двајцата девери, двете јатрви и двете деца на едниот девер. Ако ги дарував нив, ќе потрошев многу пари. За среќа, никој не се бунеше. Сестра ми потроши 23 000 денари за дарување. За кумот, старосватицата и деверот по 3 000 денари, за кумата, старосватот, свекрвата, свекорот, золвата и золвеникот по 2 000 денари, а за двете деца на золвата по 1 000 денари.
Вчера брат ми ја побара девојка му за жена. Идната снаа ми е погодена ПУ ПУ ПУ да не ја урочам . Сакам да прашам:Што мислите дали е во ред да побарам мобилен во бовчата?
Мобилен? Мислам дека многу се размазуваш. Колку и да е погодена идната снаат, не треба да се искористува тоа. Свадбите и пропратните адети коштаат многу пари. Биди поскромна малку. Инаку конкретно мене, не ми се допаѓаат адети како дарување бовчи. Мислам може само давање пари, како што некои од претходните феминки споменаа-на девер, кумови и тоа е. Спојлер Инаку баш сум изреволтирана од една случка околу дарување бовчи, во моја блиска околина. Имено на моја другарка, сестра и, кога требаше да се мажи, свекрвата ја условуваше да даде 18 бовчи, бидејќи семејството на младоженецот е големо. Значи свекор, свекрва обавезно да дарува, плус 2ца девери и една золва, и плус нивните деца, и нели кумови. Се на се, испаднаа 18 бовчи! А капак на се беше, што свекравата кажа тарифа, морало од 100 е. За поголема иронија, девојката воопшто не беше имотна...
Јас на свадбата наместо бовчи давав пари на кумата, кумот, старосватицата а на останатите: јатрва, девер,золва, зет и дечињата по еден пар пижами, зошто ако давав пари за сите повеќе ќе ме чинеше тоа отколку свадбата (голема фамилија што да се прави) Кој му е малку нека се лути, ама не верувам дека некој ти иде на свадба за да му дадеш нешто (барем јас не одам со таа цел)
Јас на мојата свадба ги дарував само кумот, кумата, старосватот и деверот, односно само заковните. Другите не, така се договоривме со моите и неговите. Според мене е луксуз , барем во денешно време да се даруваат сите со ред. Крајно е некултурно да се бара мобилни телефони или слично, без навреда...
Ако веќе се договарате, подобро нека ти подари пари во износот кој е планиран за тебе, наместо да ти купува класична бовча, па ти самата подоцна со тие пари купи си мобилен, или додај си пари, ако сакаш поубвав и поскап модел на телефон.
A зошто и од каде е потребата да дарува невестата? Со која причина и цел? Да е адет, нека е. Да се дарува нешто ситно (што е тоа мобилни бре и бовчи од 100 евра?!) да се зачува адетот. Да е потреба, не е. Не знам која е потребата да се купат гаќи на свекорот и маица за свекрвата, мобилен на золвата и парфем на јатрвата. Зошто? Зошто пари да се даваат? По 100 евра на сите, па од каде невестата тие пари? 1000 евра минимум за бовчи?! Едно знам, дека нема да дарувам. Срам ми е да и направам бовча на свекрвата со гаќи и прслуци во неа, покриено со целофан одозгора за да се гледа...Или па да и дадам 100 евра, а она мене 200, па размена мала на кеш. Се додека некој не ми разјасно зошто треба да им давам подароци, нема да давам. Со тие пари 1000 евра за сватови, ке одам на следен одмор.
Честито снаа Не е во ред да бараш ништо. Мене барем тоа не ми е вкусно. Снаа ти сигурно има некоја замисла за бовчите во поглед на сумата и не е убаво да наметнуваш некои твои желби.
Јас дарував и за веридбата и за свадбата. За веридбата ги дарував СИТЕ присутни и од негова и од моја страна, а за свадбата неговите, кумовите, старосватицата и родителите нејзини и деверот. Сега да се вратам назад, не би дарувала и на свадба. Доста им беше за веридбата. Ама нашите така се договорија. Инаку, на веридбата на мажите им давав кравати, на жените марами. На мм саат, на свекор ми кошула, кравата, каиш, на золвата накит, на дечкото на золвата каиш, на кумовите новчаници, на старосватицата ташна. На свадбата на мм му правев бовча ( тренерки, кошула, колекција, бањарка, маичка ) На свекор ми тренерки, маичка, колекција на идната свеки ташна на золва ми, кумовите, деверот - саати, на старосватицата накит, на дечкото на золвата кошула на родителите на старосватицата манжетни и не се сеќавам што и земав на мајка и Мене ме даруваа со злато на веридбата.