Јас ја земав 106 од дм Џевахир пред некој ден од карминот, ама само уште 1 остана. Инаку инфо, во Шатци ги има карминиве и сите шминки исто како во дм, ама за разлика од дм има залиха од све. Во дм рафтовите полупразни се секогаш.
Бисер. Едит: не загледав стрикно за нијансава зошто веќе ми беше купена од дм, ама имаше доста залиха..
Препорачајте кармин така секојдневен nude на кафено или розе, ги користам течните мат на есенс 03 и 04 нијанса, нешто такви ми требат слични нијанси?
Ги има ли некој видено овие кај нас? Барам вакви тонови мат, имам проблем кога сакам nude или розе боја. Прво ставам потемно моливче, малце бленд со прст и изгледа све супер. Чим додадам сјај/кармин, цела рамка се губи и се топи линијата буквално. Како ги сенчаат толку многу усните не сфаќам, мене рамен тон ми излегува по цела површина.
Да пробаш прво да ставиш коректор или камена пудра на усните да имаш неутрална подлога, потоа со моливче да исцрташ контури, па кармин и на крај пак помини со моливче и изблендај го.
Еве од овие на дебора, аура, catrice има ли секојдневен нуде на розе или кафено, јас имам на deborah, ама многу е темен.
Предлог за glossy lipstick од кој сте задоволни? По можност од Есенс, Катрис и слични брендови со пониски цени, само не Голден роуз. Понекогаш сакам да направам промена од мат кармините, а да не биде лабело бидејќи не ми се доволно пигментирани (барем тие што сум ги пробала)
Јас пак од Г.Р ќе ти ги препорачав карминиве , нови се во продажба , а не се мат баш се хидратантни и нормално пигментирани. Други што би ти ги препорачала се на Max factor (имаат и хидратантна линија)
Имаат видео ставено од карминиве на инстаграм на Golden rose Macedonia, можеш да ги видиш таму како стојат на усни
Мене лично не ми се допаѓаат. Го имаат оној метален сјај што ме подсеќа на кармините на мајка ми на времето од пазарче. Me no like it
Се надевам, додуша никогаш не ги донесоа новите (веќе не толку нови) Maybelline lifter lip liner во Македонија, барем овој производ нека го донесат