Јас ја земав 106 од дм Џевахир пред некој ден од карминот, ама само уште 1 остана. Инаку инфо, во Шатци ги има карминиве и сите шминки исто како во дм, ама за разлика од дм има залиха од све. Во дм рафтовите полупразни се секогаш.
Бисер. Едит: не загледав стрикно за нијансава зошто веќе ми беше купена од дм, ама имаше доста залиха..
Препорачајте кармин така секојдневен nude на кафено или розе, ги користам течните мат на есенс 03 и 04 нијанса, нешто такви ми требат слични нијанси?
Ги има ли некој видено овие кај нас? Барам вакви тонови мат, имам проблем кога сакам nude или розе боја. Прво ставам потемно моливче, малце бленд со прст и изгледа све супер. Чим додадам сјај/кармин, цела рамка се губи и се топи линијата буквално. Како ги сенчаат толку многу усните не сфаќам, мене рамен тон ми излегува по цела површина.
Да пробаш прво да ставиш коректор или камена пудра на усните да имаш неутрална подлога, потоа со моливче да исцрташ контури, па кармин и на крај пак помини со моливче и изблендај го.
Еве од овие на дебора, аура, catrice има ли секојдневен нуде на розе или кафено, јас имам на deborah, ама многу е темен.