Така е! Оној вицот не е џабе измислен: И приоѓа згоден маж на жена во кафич откако долго се меркаат и и вика: "се што сакаш ќе ти направам вечерва, сите желби ќе ти ги исполнам" и таа му дава клуч од дома и му вика "еве ти дур се вратам среден да е станот".
Сакањето и имањето секс секој ден не е еднакво на зависност Зависност е нешто сосема трето. Воедно, либидото значајно варира кај секого различно и нема правило дека само една фреквенција е правилна или нормална. @Elly_Elly Имате разлика во либидото и тоа е нормална и честа појава кај многу парови. Проблемот лежи во реакцијата на твојот сопруг само затоа што не е по негово. Не е фер разликата во либидото да ја претвора дека проблемот е во тебе, да не ги валидира твоите потреби и суптилно да те притиска. Веќе си понудила компромис. Можете пак да седнете да разговарате и да најдете заедничко решение.
Либидото не им е исто на сите. И на еден ист човек либидото му осцилира во тек на пократок или подолг период, зависи и од физичката и психичката состојба во која е. Зборот ми е може сега е така расположен, што не значи дека секогаш во иднина ќе биде. До сега зар не сте разговарале на темата? Зарем претходно немал потреба за почесто?
За првиов дел од твојот пост- дали секојдневно имање однос е зависност и хиперсексуалност. Репетитовноста веќе може да е симптом, особено ако со тек на време се зголемува. Еден од симптомите е да се троши многу време, енергија и мисли на секс. Во тоа време спаѓаат и планирањето на односите, имањето секс и опоравувањето од него... Не е значи само колку е фреквенцијата на самиот сексуален чин, туку целокупната преокупација со сексот. Дали е тоа случај и кај нејзиниот маж, таа во разговор со него може да знае, ама и од самото однесување на маж и. На пример, дали тоа му е единствениот начин за разонода и нема друг начин за релаксација, нема други интереси и хобија, дали му го конзумира остатокот од животот. Дали не задоволувањето на нагонот го прави незадоволен, исфрустриран и иритабилен, дали често мастурбира, гледа порно и сл.
@Cosmic Girl Тоа е сето точно ако зборуваме за зависност. Но, од постот на членката не гледам дека кај нејзиниот сопруг има такви симптоми - сака само почеста интимност, што е нормална варијација на либидото. Таа го знае подобро секако. Желбата за секс не е автоматски зависност, тоа ми беше поентата, дека на претходната страна се спомна истата
Забораваш дека ова се балкански мужи? И зависност е, у секој момент да помислуваш и да сакаш секс. Не го прочита коментарот на членот?
@Mrs. right Членката никаде не рече дека мажот мисли на секс "во секој момент", како да е ептен без контрола. Ова сама си го додаваш Желбата за почеста интимност кај мажи и кај жени, не е автоматски зависност, туку сосема може да биде во прашање нормална варијација на либидото, не автоматско патолошко однесување. Коментарите на случајен машки член не ја менуваат реалноста. Патем, член кој не и е сопруг па толку да е релевантен
@Polyincognito претпоставувам, исто ко ти што претпоставуваш дека нема ништо и се' е во најдобар ред. Жената најубаво си го познава.
Сексот може да стане зависност ако апетитот за секс се подгрева со постојано свесно размислување за секс, зјапање по други жени (задници, гради), гледање порнографија (имплицитна и експлицитна). А може и членката да е некоја секс бомба па едноставно како појава да го тера на секс. Тогаш не е крив човекот, до неа е
Членката напиша 2 реченици. Едната од нив беше- и префрлил нејзе, дека таа има проблем, што не сакала секс секој ден. Па таа сега бара валидација на форумот, дека не е таа што има проблем. Двајцата имаат неусогласеност во либидото, а според тоа како дечково ,,го решава,, тоа, очигледно двајцата имаат проблем.
Искрено, може многу да влијае на односот ако партнерите имаат различно либидо. Не е толку црно-бело, ниту пак е нешто лошо да сака да има секс секој ден. Јас единствено би имала совет за него, да се повеќе грижи за жена му, да е поромантичен, па последично можеби ќе се зголеми желбата на членката. Секој трет ден е имање секс само 2 пати неделно, во негова одбрана, тоа е малку. Ама се зависи од други фактори - деца, работа и сл. Не може ние да решиме за нив. А инаку да бев во брак ќе ти кажев колку пати имаме односи... ако на анонимен форум не е пристојно да прашаш такво нешто не знам каде е, не бидете толку срамежливи.
Разговарајте ќе видите во што е проблемот.. И да ти беше тебе паднато либито немаше да сакаш да го имаш мажот и.. Не е проблем што сака секс проблем е што таа не сака а тој така реагира, како да мора се да биде по негово..
Не постои математика колку често е *нормално*. Либидото зависи од премногу фактори, меѓу кои возраст и обврски најчесто, а исто така и стрес кој е предизвикан од безброј причинители. Како немажена, 35 годишна, без деца, со сите останати обврски животни, алал да им е на сите што секој ден имаат желба, искрено Дур завршам сè што треба да завршам во еден ден, либидото заспало пред мене