Мислам дека треба да му префрлиш дел од твоите обврски да ги сработи во текот на денот, па потоа и двајцата ем свежи ем одморени ќе имате повеќе време за себе. Второ, одговори си ги во себе и прашањата дали го сакаш, дали ти посветува внимание, дали е внимателен и нежен постојано или е присутен само кога треба да се испразни механички (сосема е нормално да не те возбудува сопруг кој е отсутен или исклучен цело време и кој те бара во просторот само за физичка потреба. Денешниве мажи знаат да бидат затачкани во телефон или тв ). Така да нема точен одговор на прашањето колку е доволно и не е можно да го терате тоа календарски. Видете каде се кочи желбата и работете на тоа.
А он зашо да не си провери хормони? Може има вишок тестостерон. Колку глуп одговор. Машки профил си 100%.
Милион пати имаме зборено, но крај ништо, никако не можеме да го решиме проблемот, се мисли јас сум го гушела, па нервозен ради работа, па финансии, што нема да чујам од него. Посебно одкога станавме родители, скорп три години ако се сеќавам тогаш сме имале секс 14 15 год. Искрено сето мислам не е опуштен ради што имаме дете или не сум му привлечена или трето нема (а знам ќе ми спомнете да не има друга, далеееку од тоа). Не знам од каде би почнала.. додуша ми бара
Многу сте ми интересни вие членки што поставувате некоја бројка за стандард или мерка за нормално и ненормално. Двапати на ден, секој ден, 3 до пет пати неделно... Дајте олабавете и не туку им правете шубе да им е на некои членки дека не се нормални, вљубени, млади или здрави. Нормално е и да не ти текнува на секс кога си заробена од работа на работа, работа дома, деца, куќа, проблеми. Ќе видите и во менопауза дека е нормално да се смали либидото, а нормално е и да ви порасне зошто децата пораснале и не се дома цел ден и имате повеќе слободно време за партнерот. Конечно не е само во бројките и во квалитетот е. Безначаен ми е сексот ако е рутински и без емоции.
Вишок тестостерон? Не тропај глупости ќе ти се смее некој...ако има повеќе, се конвертира у естроген или не е слободен. Нормално е здраво машко да сака секој ден како што е нормално и женско да сака многу повеќе затоа што таа е природата на нештата.
А шо ќе се деси ако сака 5-6 пати на ден? Со свршување со све Значи удри на секс викаш а? За секоја болка куроцилин бил лекот? Без секс се умира? Како најпаметна сакам да ми објасниш
Ne e problem ako saka, problem e ako ne saka....nema veze, za sekoe lonce ima kapace. Bez sex ne se umira ama koja e celta u vrska ako go nema...
Каква е таа љубов само со секс? За љубов треба многу повеќе од секс секој ден.. Љубов е да бара само секс, а да не бара во што лежи проблемот што таа нема желба за истото? Љубов е да го тераш партнерот на секс само затоа што тебе ти се сака, а не ти е гајле дали денес е уморна, дали нешто го мачи, дали е во некоја депресија? Не било љубов да одбиеш секс.
Исто така е и нормално да не сакаат да имаат односи секој ден и јас не знам некој од 30+ години да има односи секој божји ден.
Не знам кој тропа овде. Како некој што се фали со памет треба да си учела за хипергонадизам. Кај мажи доаѓа до преголемо создавање на тестостерон. А еден од бихејвиоралните и сексуалните симптоми е зголемено либидо, зголемен сексуален нагон, агресивност и иритабилност. Така да и мажите може да имаат хормонални пореметувања, не само жените. Да и каже една жена на друга дека ако не сака секс секој ден дека или не го сака партнерот или е хормонално пореметена треба бајаги да се мрази себе и другите жени. А тоа што го пишуваш за балансирање на нивото на тестостерон тоа е друга работа. Може да се конвертира и тоа е природен физиолошки процес, се случува со помош ензимот ароматаза. Е ама ако расте тестостеронот, ќе се создаде низ тој процес и повеќе ензими и повеќе естроген. А последици од повисок естроген кај мажи се намалување на либидото, промени во расположението и појава на гинекомастија (растење на гради).
Битен е и пребитен. Најпожелна ствар да си во интимна блискост и поврзаност со саканата личност. НО, дека сексот ја детерминира љубовта, никако. Само па, не секој знае шо е љубов, кутрите не ја ни имаат доживеано на вистински начин. Се водат по нагоните
Висок тестостерон е пожелно, не е тоа пореметување....низок да, проблем е. Исто и кај жената у случајов, она има сигурно мали нивоа на тестостерон, а кај жените игра улога во либидото. Подобро да знае кои се можните причини отколку да ја тешиме и не и го решаваме проблемот.
На 30 најчесто имаш фамилија, деца, работиш на работа, работиш по дома, изморен си од обврски цел ден, готвење секој ден и навечер само гледаш да си легнеш и не ти е до ништо. Ти сигурно не си ни приближно до ова што го пишувам, најверојатно мама уште ти праве јадење,чисте, немаш деца,немаш обврски, одморен си и нормално дека ќе си расположен за секс секој ден.