Ич не е лесно менаџирањето на сопствените емоции во вакви ситуации, да си го тргнеш на страна она што сите ние си го носиме - да даваме предност на себе и нашата крв. Не е ич лесен и едноставен процес, ниту може секој. Треба многу разговори сам со себе, да се прашаш дали вака се чувствувам затоа што навистина има неправда или затоа што нормално, си влечам накај себе. За здраво да функционира мешано семејство, бара многу, многу трезвеност од возрасните, иначе е рецепт за катастрофа и вечно нарушени односи меѓу децата. На Енџи и' е проблем повеќе тоа што за нив (таа, маж и' и нивното дете) има помалку додека за другиве дава повеќе од што државата му "пресудила". Ама во реалноста, веројатно троши на малиот секојдневно него на девојчињава, бидејќи живее со него, нели. Алиментација не е се' туку нужен минимум што државата го бара од родителот што не живее со децата. Тоа не иззема и останати работи, како одмори, подароци, џепарац итн. Тоа се работи кои ТРЕБА да се даваат и покрај алиментацијата, бидејќи таа не предвидува ништо освен најбазично. Вкупно нека плаќа 200е алиментација (а верувам дека е помалку), во реалноста дома на синот троши повеќе од 200е заедно со мајка му. Ама тие пари никаде не се бројат, секако. Да живееш со човек кој веќе има деца, е да сфатиш дека секогаш, ама секогаш треба и мора тие да му се приоритет, не ти. Мене би ми било екстремно чудно да сум со некој што повеќе ќе се занимава со мене него со децата што ги направил искрено. Затоа што љубовните врски не се вечни, ама родителските се. Дали тоа значи дека ако утре јас и тој се разделиме, и детето наше ќе биде подредено на некое ново "примарно" семејство? И ова со бизнисов е навистина неубаво, одела постарата да помага, па сигурно нема 8 годишно дете да помага. Енџи е ок со девојкиве, ама не е. Се' додека бара компензација и очекува дека е попримарна од нив, нема да си најде раат. Љубомори на тие деца, ама тоа требало свесно да размислува пред да се омажи со некој што има деца. Таа не била мала, мислам самава реченица е она детско, себично што го носиме, а не разумно размислено. Како што и таа самата ќе даде предност на детето што го родила пред маж и', така и тој дава, само не на едно, туку на 3 деца. А да не заборавиме дека од неа во огромна мера зависи какви односи ќе има во животот понатаму малиот со сестрите, посебно што нема други браќа/сестри.
Каме ама вакви ситуации "зашто него а не мене" имаме секојдневно. Сите сакаме да сме први услужени, први да ни се помогне во болница, први на шалтер да завршиме работа итн. па ако никогаш не мислиме на другите, кај ќе ни е крајот. Ми е гајле мене дали Трајко крвари обилно, не го ни знам него, мене ми е битно скршениот палец да ми го снимаат. Ама реалноста е дека за докторот Трајко е побитен и со тоа морам да се помирам и да прифатам дека е така и дека не се врти светот околу мене. И да, ќе речеш друга ситуација е ова со децата. Ама пак се сведува на тоа дека секогаш прво на себе мислиме и нормално било. Епа дека е нормално, фала богу ама ние сме сепак за некој друг второ или трето лице за некого заедно со куп други. И тука до емпатија е проблемот. И ако не прифатиш дека некогаш мора да е вака, жалам ама имаш проблем со себе, не само со сопругот или децата негови.
Тоа и зборам. Упростена ситуација е тријажа во болница, кога ти викаат ех чекај со скршена рака, овој со удар е побитен. Тебе највеќе те боли твојата скршена рака, нели. Ама во мешано семејство е тоа секојдневно, да расудиш дека не си секогаш најбитниот. Да беа сите три деца нивни, немаше да се чуди зашто за најстарото има телефон, или зашто најстарото почнало да оди во фирма. Или зашто најстарово оди само на одмор и има џепарац, а најмалово "само" со нив ќе оди. Јас тука ја гледам таа неразумност, чувствата се едно и не може да ги контролира, ама постапките се друго. Како што кажав, се' додека очекува компензација за се' што прави за девојчињата, сама себе ќе се труе, а евентуално и малиот.
Читам омаловажено било детето, не отишло на камп. И моето дете има 8 години и сметам дека е мал за камп, а и никој од неговите другарчиња не оди на камп. Ајфон на 18 години можела да си го заработи. Па можеби тоа е поклон за 18 роденден. Џепарацот за средното дете за охрид колкав е? Сигурно не е 500 евра. Таблети има и од 5000, и од 10 000 и од 50 000. Јас на мојот му купив поради проблемот со очите, да не гледа на телефон затоа што цел се пикаше во телефонот. А е реално потреба затоа што прави и корисни работи ( не тик ток, фејсбук и слични такви глупости). Значи тука треба да се премери добро што е потреба а што е бес. И на кое дете зошто треба да се купи и кога. Значи комуникација фали
А зошто тато да не купи ајфон или патики? Кои се тие основни потреби според тебе? Демек според тебе ќерките сами нека си заработат за свадби, што има да му реметат мир на татко му? За што е тогаш потребен татко? Браво за ќерката која на 18 се интересира за семејниот бизнис, оти има деца кои додека студираат и воопшто не работат!
Немаше да и е гајле ни 2%.. јас само сакам да знам што ќе биде кога кола ќе и се купи.. аууу. Па на другата ќерка, па свадби кога ќе се прават.
Ама луѓе, пиша дека и девојчињата оделе на два одмора( а некогаш и три). Значи ќе одат со мајка им, на посебен со друштво, и со татко им ако изразат желба. Зошто детето да не го пуштат на камп? Брат ми отиде во Грција на 9 години, летен детски камп, преубаво си помина. Како што сфатив со мајка им живеат примарно, таму ди имаат соба, комфор.. Каде е синот во приказнава? Во ниеден универзум не е правилно да ја зафаќаат поголемата соба во дом во кој што не живеат туку само преспиваат. Да, секогаш ќе им е отворена вратата, ама треба осет. Ако се преселат заедно, и тоа им е примарно живеалиште, тогаш е друг муабет. Не е криво детето што нивните родители се разведени. Не треба да добиваат супериорен третман само затоа што се деца на разведени родители. А и големи се веќе за да им се угодува за да не се осеќаат запоставено. И да, телефон е потреба на таа возраст, ама не најнов Ајфон. Тоа е луксуз. Поголем луксуз од мочан таблет од 5-10илјади. Зошто за едното дете да има луксуз, а за другото да нема? Не мешајте потреба и луксузирање.
Аман бе со тој камп аман со тој таблет, аман со тој ајфон 1. Таблет може таткото не сака да му купи не дека не може не сака од икс причини како и секоја фамилија каде мајката смета едно дека треба друго таткото. А и може женава мисли дека синчето треба Таблет од 40.000 да му се купи како на ќерката. 2. Кампот може таткото смета дека е мал, дека не треба да го пуштаат. И не. Детето не е запоставено, него она изиграва бесни глисти. Мисли син му родила, женски првите и ќе го третираме сега како принц.
Детето е мало за на камп. Брат ти поминал убаво оти имал среќа. Некои немаат. Многу често има вести низ светов за злоупотреби на камп. Ако има некаква опасност 8годишно нема ни доволно памет, ни сила за да се одбрани. Тинејџер би можел. Кампот може да почека. Детето нема да биде лишено од одмор, ќе оди со родителите. Девојките ја добиле собата уште пред да се роди братчето. Собата е во стан кој е делумно на татко им и имаат право на неа. Веќе е спомнато, на две лица ќе им е потесно во помала соба отколку на едно. Веќе е спомнато дека се случува и да останат подолго, ете во зимскиот период. За Ајфонот не е спомнато кој модел е. Можеби не е најновиот и најскапиот. Бидејќи големата ќерка работи, телефонот ѝ е потреба. Ако учи и работи правилно и си го заслужила. Можеби за работата ѝ треба телефон кој вади убави слики. Можеби е и поклон за полнолетство. Плус, купен е со пола пари на нејзината мајка, а пола на таткото. Дете на 8годишна возраст е мало за да има повеќе уреди. И родител е родител дур е жив.
Таткото не е сам за сам да одлучува. И мајка им на девојчињата мисли дека не направиле добро што ненајавени отишле, па се налутила ама таткото сметал дека е одлично и намигнувал. Двајцата родители одлучуваат за детето, не едниот. И си пиша убаво, дека на камп не отишол зошто е мал па што има да фрламе пари нема да памти. Јас секое летување во животот го памтам. А зошто па телефон мора да се купи од 1500 евра? Нема ли пристојни телефони за 500 да речеме? Да, делумно е на таткото станот, а делумно на членката. Таткото е татко и на синот, а мајката е мајка само на синот. Зошто синот во станот на мајка му и тагко му да ја има помалата соба, додека сестрите кај мајка им да имаат посебна соба и комфор, а и кај татко им да ја имаат поголемата соба каде што не ни живеат. Што е синов во ситуацијава, најден на улица?
Девојчињава се ќерки на разведени родители, се кладам дека да биле во ситуација да бираат меѓу две соби во две куќи и двајца родители , би го одбрале второто Синот не е најден на улица живее со мама и тато
Зашто така сакал. Ќерка му е. Крај. Ако сака и дијаманти ќе и купува. Која е вторава да се меша во одлука меѓу родители за нивно дете?
Живее со мама и тато, и нема комфор во неговиот единствен дом. Не е крив тој што татко му се развел. Епа и на членката и е син, едно дете, и сака поголемата соба да ја има во заедничкиот стан на мајка му и татко му . Вторава е во брак, дели финансии и придонесува во куќата. Ако има и 5 ајфони нека купи, ама не по цена за синот ништо да нема.
Те молам претпочитај и види дека цело време се пишува дека мало дете скоро и да нема трошоци а има. На 18 год ќе земеш патики и ќе ги носи долго време, на мало дете ќе му омалат за брзо. Во однос на витамините апсолутно не е исто за малите деца и бебиња се задолжителни. И сите овие работи што ги наброја полнолетна личност може сама да си ги заработи, и да си оди на одмор со дечкото,друштвото или за возачка да полага и што ти знам, пошо ништо од ова не мора сега и веднаш и се живее и без истото. Ама врти сучи пак на истото се враќате, така да гледам нема ефект дискусија со некои од вас. Интересното е што во друга тема да пишеше некој дека е купен скап телефон на 18 год коментарите ќе беа следни: 1. Што има толку скап телефон на дете, ако ви е, ги размазувате па на глава ви се качуваат. 2. А, што, ние што имавме евтин телефон ни фали нешто, што мора скап а а? 3. Нека си работи бе има две раце па нека купи што сака, џеболебари ги правите децата. 4. Е таква е младината, разгалени мамини и татини дечиња. И ред други коментари. Арно ама на темава од инает, сешто ќе оправдате. @nena2010 таа втората му е законска сопруга со која е повеќе од 11 год заедно , доста ја множите со нула. Има право и да каже мислење и се по ред, оти буџетот во брак е заеднички и домот е заеднички, не се правете на тошо, вриштите од омраза и осуда спрема жената и синот. Сигурно не би сакале вас некој да не ве ферма ако сте "втора" жена .
А, пошо е машко треба да е привилегиран? Уште со тие мислења од 15 век дека на машкото треба да му се прави ќеф, а на женското не? Живее со мама и тато кои се во брак. Има комфор ради тоа.
@Angie12 по прочитаново гледам дека маж ти е разбран човек, многу се грижи за децата и сака да им удоволи на сите 3. Ти многу малку напиша, скоро па ич за неговиот однос со син му, освен што само за девојчињата зборуваме тука и напишавме едно 20 страни. Можеби е прекрасен татко, кој му удоволува и му купува подароци и нему, иако тоа не е вистинско татковство. Вистински татко е ако му посветува емоционално внимание, го изведе некаде, го прошета, зборува со него... Рече дека со девојчињата нема комуникација, па веројатно пробува да им удостои со материјални подароци и да им се "одолжи" на некој начин за да не се чувствуваат отфрлено. Гледано од психолошки аспект. Верувај ми сите три му се подеднакво важни, освен за подароци јас не видов друга "делба". 1.Ако имате финансии, можеш да предложиш да се преселите во поголем стан. Оваа одлука не се донесува од еднаш и местото за живеење е важна работа, ама просторот на комодација е поважен. Така и син ти ќе има поголема соба, а и девојчињата ќе се сметат поудобно. 2.Кон нив постави се како "втора" мајка, рече дека полесно им е да тргнат ОД кај Вас, па можеш на шала да ги прашаш некогаш дали ќе се вратат да преспијат, ако тоа не е викенд. Да не е после да се плашиш во 3 ноќеска. За викенд веќе знаеш дека се кај Вас, и логично е да ги очекувате. 3.Ако тебе ти е глупаво, кажи му на сопругот да им каже на девојчињата да го изведат твојот син на сладолед, сокче... децата ќе се здружат, ти ќе имаш повеќе време со сопругот. 4.Почесто терај го маж ти да излезете некаде Вие 3ца, е сега викнете ги и девојчињата некогаш, ама не е проблем и само вие 3ца некаде да излезете сами, на ноќна прошетка или слично. Можеби вака ќе ги сфатиш и девојчињата и маж ти, ќе имаш поразлична перцепција за нивната поврзаност. И треба да престанете со навреди кон детето, како го нарекувате разгалено а не го познаватд? Само затоа што побарало таблет? Па и јас како дете знаев да побарам чоколада, ЦД, игра, нова маичка и тоа разгалено ли ме правеше, ако сакав да имам нешто што ми се свиѓаше?
А како жити се од се ова сфативте дека затоа што е машко треба да е супериорен? Wtf. Никаде не се спомна ништо за машко/женско. Или зашто е машко во Свет на феминизам по дифолт помалце му следува? Патем, феминизмот не се залага за полнолетна особа од женски пол да чека Ајфон од мама и тато. Ама како ви одговара, така толкувате.
Цитирај ме каде сум пишала дека за мало дете скоро и да нема трошок. Не измислувај нешто што не сум напишала. Ако немаш големи деца нема потреба да дискутираш. Уште колку пати ќе ги спомнеш витамините? Само на мали деца се даваат додатоци за исхрана, ова еве од тебе го слушам, сакаш да ти удрам математика колку се троши само на тоа, за големи деца? Патиките најмал проблем. На крајот од денот, по писаниево најмалото дете живее (да повторам по стоти пат) во шпајз на леб и вода, кутро ни биро нема, а кога пиша некој епа родитителите нека му отстапат соба, сите си свиркаат пошто нели тој муабет не одговара. Впрочем кога во семејството има ТРИ деца се мисли со време за да се организира животниот простор, така да сите деца имаат комфор каков што сакаат, а ако за тоа нема прилика, тогаш семејството седнува и се договара кој ќе има приоритет во добивање своја соба, поголема соба или што и да е. Односите се толку "добри" што ни тоа не се прави, па се пишуваат секакви глупости за деца ни криви ни должни. Размазувањето не е наше да одлучуваме, ако е за размазување муабетот, тогаш два одмора и таблет за осумгодишно дете е што, насушна потреба? И после сите овие страници испишани, јас лично не гледам како овој брак уопште функционира кога никој со никого не може да разговара, а се во супер односи (?) и како што веќе пишав, ако маж ми е толку незаинтересиран за своето дете, тогаш може комотно и да не ми биде маж, сигурно нема да му водам инает на штета на сопственото дете. Ама не ќе да е баш така.
Живо ме интересира како го осозна овој податок? Дека телефонот е најнов Ајфон? А што ако таблетот е илјада евра, знаеш има ајпади таман толку, може членката нејќе синот да го двои па мора исто Ејпл да биде таблетот. Како си правите филмови во глава тоа е чудо.
Да да, сигурно Ајфон 6ка и купиле, и да не е најнов, а мислам дека жената кажа нов, колку се движат знаеш? И таблетот сигурно apple бил… Што се праите будали со сила?