Здраво, нова сум на форумов и би сакала да добијам некој совет од Вас за мојов проблем. Во брак сме 3ипол години, но како да сме 30 години и веќе ни е се здосадено и сме поминале се и сега секој по свој пат си тера. Значи воопшто не разговараме, не решаваме проблеми со разговор него кога нешто ме мачи морам да му пишувам на ФБ затоа што човекот несака да разговара. Кога сме заедно дома ќутиме и двајцата зошто знам дека и да почнам да зборам нешто он или ќе смени тема или ќе ми рече само "така е" и се завршува се и јас ќе се изнервирам, ќе се затворам во соба и ќе плачам. Ништо не го интересира, ни дали ме мачи нешто, ни дали ќе ни се распадне браков баш поради тоа што не разговараме. Окупиран е само со работа и цело време кажува дека работи за нас и нашата ќерка, но јас едноставно неможам да живеам вака. Станува од спиење игра игри на телефон, гледа телевизија малку ќе ја прошета ќерка ни и оди на работа, вечерта доаѓа дома и легнува да спие. Значи никаков контакт немаме. Со неговите постапки ме тера да мислам дека веќе сум му здосадена и дека не сум му потребна веќе а и дека можеби има друга. Немам веќе ниту во него доверба, а ни самодоверба.Со сите околу него знае да направи муабет и да се насмее и нашали кога е со мене е негативен и не збори. Дали јас правам нешто погрешно или човекот веќе се оладил од мене? Значи постојано се трудам да му објаснам што ми смета и што би сакала да смениме и да направиме, но он вика само добро и се е по старо. Како да постапам за да го зачувам бракот и дали вреди да продолжам да се трудам? Значи како што гледате немаме некои страшни проблеми, но комуникацијата според мене е повеќе од потребна во брак. Ви благодарам однапред ❤️
Ајде срцка да ти ги скратам маките набрзана. Еве јас сум маж 15 години во брак. Едно мора да сватиш и затоа секогаш доаѓаме до вакви грешни заклучоци како твојот со кој ќе си го уништиш бракот за глупости. Мораш да научиш дека мажот и жената се дијаметрално различни. И најбитно мораш тоа да го почитуваш. Ти си жена. Стресирана си, сакаш да се искажеш да си го решиш проблемот и мораш за зборуваш за тоа. Маж кога е стресиран...разбери не сака да зборува. Сака да хибернира и да го реши проблемот сам. Ти тргнуваш од твојата гледна точка. Јас кога ќе имам мака сакам да зборувам. Следствено на тоа мора и тој кога има мака треба да зборува. Арно ама тој не е ТИ. Тој не е жена. Човекот те сака...ние мажите ќутиме за да не ги замараме другите со проблемите кои ги имаме...и сакаме сами да ги решиме проблемите...а ако не можеме сами ќе најдиме друг како нас (маж) и ќе си го решиме проблемот. Тоа е нашата природа...која колку и да не ја сакаш...мораш да ја почитвуаш/ Зготви му...најади го, напијај го...остави го нека се одмори...слечи се...усреќи го и кажу му на увце дека што и да е ќе се реши..само трпение... ТОЛКУ...од утре имаш НОВ МАЖ.
Колку убаво и едноставно било хаха . Добар совет, можеби и најдобриот шо го иам прочитано од машки член тука.
Грешно ме сваќаш...треба да го разбереш мажот...ако ние не зборуваме не значи дека не ве сакаме...значи дека нешто не мачи...си имаме проблем...тој проблем треба да си го решиме ние самите... Ако маж те игнорира не значи дека не те сака.
А женава што има проблем што ја мачи и што мора да разговара со мажот да го реши? Што правиме со тоа? Проблемот е шо мажов гајле му е што жена му се мачи со проблем некој.
Јас зборев за неговиот пост, дека баш така е со мажите, многу едноставни се они, го иам приметено ова и со мојот.... а за проблемот со членката, нека си зборува она со маж и да види шо е работата, или нека даде она некоја иницијатива да не биде досадно по дома.
Мажот ни ја тепа, ни ја изневерува, не и прави ништо...Еве нека ме послуша па ќе прави ме моабет. Ајде еве да направиме две сценарија: Жената е стресирана: Ќе седнат ќе разговараат...обично кога жена сака да разговара со маж...тоа одма ти кажувам, а и сама знаеш. Тоа не е разговор тоа е (Монолог). Ти сакаш да зборуваш а тој да слуша. И сега ќе те ислуша дека си истресирана и ќе сака да ти помогни.. Те сака. И ќе ти го понуди најдоброто решение шо секој маж го има...Абе не се секирај за тоа..немисли така...не мисли на тоа...(И ТОГАШ ОДИШ В КУЈНА И ГО ЗЕМАШ НОЖОТ ДА ГО КОЛИШ)...Ти несакаш решение...ти сакаш да ја затни муцката мажти и да СЛУША. Мажот е стреиран: Го гледаш ко фикус...дреми низ дома...не му се зборува...стресиран....и сакаш да му помогнеш оти го сакаш...И му викаш...Срце кажи ми шо те мачи? ... А ТОЈ НЕ САКА ДА ЗБОРУВА...МУ ИДИ У К*АЦ ДА ФАТИ И ДА НЕ ТЕ ГЛЕДА ПОШТО ИМА ПРОБМЕЛ А ТИ НЕМОЖИШ ДА МУ ГО РЕШИШ...а ти пак...Кажи ми душоооо? И тогаш тој оди да го земи ножот од кујна. РАЗБЕРЕТЕ...ЛУЃЕ СМЕ...МАЖ И ЖЕНА СМЕ...СЕКОЈ ИМА СВОЈ НАЧИН НА ФУНКЦИОНИРАЊЕ ПО ПРИРОДЕН ЗАКОН...И ТОА МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВА...КОЈ НЕ ГО ПОЧИТУВА...ЌЕ СИ ИМА МАКА.
High bar, нема што. А просероини ко книгине мажите се од Марс, жените од Венера не планирам да читам.
Многу смешно ,ама најверојатно и вистинито ,пак ќе го спомнам тој период со мм од погоре откако се средија работите мм ми рече само имав проблем на работа и си се врати на старо. Ден денес не знам шо беше проблемот но знам дека не е ок тоа однесување реално ние жените после ко ќе си напрајме 300 филма како јас ,како членката погоре и сл. Ќе испадни имате швалерка... мислам не е тешко да се речи имам некои проблеми ми треба не знам мир тишина дрн дрн. Ама да се прајш дека не постојат сите дома... шо знам.
Кај нив проблем е немањето комуникација, нефункционалноста на партнерството. Тоа е проблем што не се решава со ќутење и намирување на потребите на мажот. Ако нема комуникација во бракот, пиши пропало.
Игнорирањето на проблемот...не е решение...можеби си млада и неискусна...можеби не си во брак...али ја ова го кажувам од моја гледна точка...немора да ти се допаѓа, а и немора да се согласуваш со тоа...секој со својот ум.
@Mr.Wonderful и која е поентата да си во брак ако треба секој сам да поминува низ добро или зло? Или сите се женат па ај и јас? Барем ќе има кој да ги пери гаќите.
И тоа ќе ти кажам...маж кога има швалерка...ооо божеее...ќе имаш комфор дома невиден...ќе ги носш роговите а нема ни да сетиш...тоа ти е исто ко да имаш куче дома...да му купуваш PedigtiPall храна и да си викашш...од ко му купувам скапа храна на кучево многу е весело...ама не сваќаш дека кучето оди в комшии и крка телешко...а ќе сватиш кога ќе ја најдеш скапата храна под тепих.
Мене ми е чудно тоа молчење пред партнерот за такви работи. И јас и мм споделуваме сѐ што ни се случува во денот, па и проблемите на работа, дома, во комуникацијата. Некогаш другата страна може да ти помогне да најдеш решение за проблемот што сам не може да го воочиш, оти можеби и не гледаш објективно. Поинаку не знам, и не можам да функционирам.
Па види...кој како си ја наредил...ние знаеме дека за вас жените да ве усреќиме треба да бидеме екрсперти во 10000 свери...а и вие жените треба да знаете дека и ние имаме душа...и дека НЕ СМЕ ЖЕНИ....Луѓе само ова ќе ви го кажам....ДАЛИ ЗНАЕТЕ ЗА КОГО СЕ ОБЛЕКУВА И ШМИНКА ЖЕНАТА? ЗА ДРУГА ЖЕНА...ЗА МАЖОТ НЕМА ПОТРЕБА...сакам да кажам дека треба да си ги почитуваме обострано разликите...а не да се игнорираме...и вие си имате свој терк на живот а исто така и ние...Клучот е во разбирањето и почитувањето на разликите...никаде не пишав јас дека мора така да биде...но кога се почитуваат разликите обострано...тогаш се постигнува хармонија. Ни мажот од тебе ќе направи маж ниту ти од него жена.