Да, заминуваат ама во договор со жената, а не им аплицираат позади грб. Како и да е, самата постапка не е ок.
Во брак одлуките се донесуваат заедно, а и не е сама, имаат деца, тој е себичен што криел од неа. За секој проблем во брак се разговара и заеднички се одлучува.
Здраво. Јас имам еден чуден проблем, за некои дури ова не е проблем ама мене ми прави да се чуствувам многу лошо. Во брак сум со навистина прекрасна личност. Меѓу нас се функционира како што треба, ама од целата околина постојано јас сум спуштана. Се тој е најдобар, се тој е мојата среќа, јас сум начекала, тој бил најдобар, тој мене ме чувал, бил најуспешен во работа. Значи цело време индиректно ме спуштаат. За мене никој нема кажано такво нешто, а јас мислам не сум толку безвредна. Цело време мајка му збори “мојот син најдобар ти си начекала” “мој син си има се негово а некои само на готово начекале”. Па дури и мојата мајка има кажано дека зетот го сака повеќе од сопствените деца. Се тој имал најдобра душа тој бил злато. Секој мој успех во животот го препишуваат на него, а се сама сум направила. Дури да купам едни фармарки и тоа го препишуваат на него. Да не бил тој неѓа да сум видела ништо, се сум прошетала поради него да не бил тој ништо, тој ми нашол работа, тој ме школувал. Јас си го сакам мм ама на секое седнување со некој веќе не можам да трпам да сум неспособна и да не постојам. Не знам како да де поставам и како да реагирам. Неговата реакција е смеење на се тоа, и суптилно одговара дека се што сум направила си е мое. Ама некако мислам дека му одговара што сите му се тресат и го фалат.
Како што овде си пишала така и него јасно и гласно ќе му објасниш за друг пат да отвори уста а не да расне како квасец кога ќе го фалат. На другите исто немој да им ќутиш, враќај им дрско и отсечно.
Епа тоа е проблемот, јас кога ќе одговорам и вратам на тоа тие уште погласни се и ме напаѓаат дека имам нешто против него.
Истиот проблем го имам. Не до толку ама горе доле само фалби летаат на негова сметка. Кој и да ме сретне на улица одма за него прашуваат, одма некоја ситуација кај што помогнал, па во несвест паѓаат колку е најдобар на свет и алал да ми е. Секако дека ми е мило да слушнам убав збор за маж ми ама нека олабават, некогаш може и мене да ме прашаат како сум. И нормално покрај таков маж јас морам да сум дрската пошо некои луѓе се без осет ама мене стварно не ми е гајле што мислат другите. А и он ме нервира колку се труди да им се допадне на сите, некогаш оди во екстрем јас да се испокарам со него зашто не знае да одбие и сигурна сум дека има термин за ова во психологијата, искрено не ми се допаѓа таа особина. Последна случка што ми текна, повикани сме на прослава ама едното дете болно беше и заспа. После саат време му викам ај земи го бебето и оди, па јас со поголемиот ќе одам покасно ако е добар. Додека отиде телефонот му се преврте од ѕвонење, пораки, таму сите му се налутиле зошто касни. Одам јас после 3 саати и здраво, повели седни, толку. Ми се врти домаќинот како можел маж ми да касни цел саат, зошто ‘не сум го пуштила’. Му викам јас закаснив 3 саати ама изгледа на никој не му е гајле за да ми се налути. И настана штама, си го потврдив тоа што го мислам и не знам сега дали јас сум многу лоша или тој добар Може едноставно и се наоѓаме во лош круг на луѓе што така ги гледаат работите, гледај да се избориш за себе, плескај се у фаца кој и да проба да те омаловажи дека без него си ништо. Со безобразни луѓе мора безобразно, тој е нивниот јазик.
Е, се разбираме. Мене не ме чуди што неговата фамилија толку го фалат ама мојата е иста, како тој да им е дете а не јас. Имаше ситуација порано кога се закачивме за нешто пред нив и тие сите нарипаа на мене и против мене, ми имаат кажано дека ако некогаш го оставам ќе умреле побрзо. (Никогаш не сум планирала да се разведам, ама ми нагласуваат од страв). Место да се на моја страна и за добро и за лошо тие на негова. Вака може да биде тој да се опушти и да прави што сака затоа што знае дека сите ќе го штитат. Додека бев сингл јас бев и добра и вредна и паметна и снаодлива а од како сум со него јас сум ништо. Се тој е заслужен за се.
Велете му: да знам дека е најдобар, најдобрите најдобри бираат. Оваа мајката шо вели дека зетот појќе го сака од сопствено дете малку ми го мати мозокот
Да не им прави некои маѓии бре? Да не ги дрогира? Ај неговите да го сакаат него повеке и фалат ок нормално ама и твоите? Наредно кажи им да не заборават кој им е дете
Па тој е навистина многу добар и сите зборуваат дека било реткост и требало да де цени. Ама ова е претеризам. Па јас како да сум вештерка, плус коментираат како мојот живот бил розов со него. А и ние сме имале кризи и лоши периоди и тој некогаш имал свои маани, ама не, ако кажам тоа јас сум луда а тој е се во право.
Е мојот не го почитуваат во неговата фамилија ама затоа кај мене е многу убаво прифатен. Моите го сакаат и он го знае тоа, татко ми знае да направи испад да го поддржува кога не треба да се меша ама мајка ми точно препознава како стојат работите. Види, кај мене работата е дека тој почна да станува успешен, му се набилда самодоверба, сите го тапшаат ама на пример, има одредени луѓе што секогаш мојот труд го препознаваат зашто знаат да направат муабет со мене. Знаат дека јас се жртвував за децата, за работата, за бракот. Мораш да се избориш за себе, да си го кажеш твоето, а со мајка ти особено ти треба еден здрав муабет.
Мислам дека е проблем и тоа што тој не те фали тебе, а ни твоите. Ќе побараш од твоите да те фалат во присуство на неговите и него. А дополнително да почнеш да се фалиш и себе - пред нив. Нека биде прво нешто ситно - еве сум направила најубаво кафе, или сум ви послужила најубави колачи, или навистина знам една интересна случка да ви раскажам - но не чекај да те фалат - почни самата да се цениш и фалиш - и другите ќе се приклучат со време на истото. А со сопругот на само - побарај му да ти каже кои се работите кои ги сака и цени кај тебе - и побарај му да те пофали пред други. Ако веќе толку сите го обожуваат - ќе го следат неговиот пример.
Во последниве неколку години дел од моите пријателки, фамилијарно се преселија во странство. Од тогаш, се повеќе размислувам дека и ние со сопругот и децата треба да се обидеме да најдеме варијанта за преселба во странство. Јас во минатото имав повеќе директни можности кои ги одбив затоа што сопругот не сака да се селиме. Децата ми се тинејџери, и со разговор би немале проблем ако се работи за повеќе можности и подобро место за живеење. Јас со мојата работа, можам да работам од било каде , но сопругот не сака воопшто да разговара на оваа тема а јас се повеќе се нервирам од тоа како се одвиваат работите во државата и се помалку гледам иднина за децата тука. Што мислите, што би направиле вие во оваа ситуација ?
Исто како мм да го опиша, и тој незнае да одбие, незнае НЕ да каже. Последно работеше кај мои роднини и претераа, му велам правиш јас да се испокарам со нив. А тој да испадне добриот, јас лошата, само го користат од што е наивен, јас не сум воопшто таква.