Ќе ја најдев и ќе ја ставев тука, како да сум ја слушнала негде, нешто ми се врти во глава, ама оф топик ќе биде, и ова е хаха. Имаше некоја таква песна.
Да, оваа. Жими се, никогаш ја неам барано, мислев стара песна е. Ама блиску бев, за стари е. Од моја генерација ретко кој слуша такви.
Не слушам јас такви сечи вени песни. Посебно не тие нашите стари шо ги свират цигани со тапани. Трепките ми попаѓат кога че чујам такво нешто во кафана.
Pricinata e edna i edinstvena zaradi decata do deka da gi ispravev na prav pat.Fala mu na Gospod veke se ispraveni i samostalni i eve se razveduvam za 1 mesec da pominat praznicite.
Абе таков слободно варај го, остави го, не е спорно. Ама начинот на кој се однесуваш со колегата и на кој се поставуваш е јаден за една возрасна жена. Се понижуваш за еден секс и пази молим те гушкање мислиш си се заљубила, а уствари само си како затрескана клинка, желна за внимание. Па мажите се тие што молат за секс, многу погрешно си се поставила. Ти се свиѓа, си му ставила до знаење, те одбил продолжуваш со глава горе и тоа е тоа. Ке се најде и друг маж, за секс па посебно. Сега батали го, прави се како никогаш ништо да не се случило и не се бламирај веќе.
Жени имам страшна недоумица!! Секое мислење е добредојдено. Во брак сум 15г стамбено и материјално обезбедени. Двајцата сме вработени со ок примања. Живееме во семејна куќа чиј спрат ние го изградивме и е на име на сопругот. Ми се отвора можност за преселба во Америка. Јас зборувам англиски, снаодлива сум знам да работам и "машки" работи и не ми е страв да ризикувам. Проблемот е маж ми: иако сака да заминеме јас не сум сигурна во него. Мрзелив е, ја работи само неговата работа ( добро платена и секаде признаена) не се интересира да научи нешто ново, интровертен тип со многу глупави предрасуди кои ми сметаат претерано многу. Се прашувам како би се снашла со него во таа нова средина каде првата година две ќе треба буквално да се снаоѓаме додека ги добиеме потребните сертификати за работа. Не знае да се упика, не праве ништо за да се истакне, толку си ужива во неговиот комфорен простор што мене ме вади од контакт. За се да го турнеш да тргне, мораш да му "нацрташ за да сфати" ... Едноставно ме фрустрира фактот што поради него се чувствувам како да ми се пресечени крилата... Што ми е страв дека би се вратиле назад поради неговата пасивност и никаква желба за сам да се поттикне да се развива... Дајте совет ,било што???
Да си седнеш и најозбилно да разговарате на темата. Сите прашања и одговори да си ги добиете еден од друг и се овде што пиша да му го кажеш нему. Ние реално не можеме да ти помогнеме ако он е "неработник". Ако не е сериозен ич подобро да не се нафаќате на такво нешто зошто реално голема промена е, треба да сте одлучни и двајцата и спремни на се'. Јас кога ќе разговарам со луѓево што се во странство ми викаат "заборави го начинот на кој си живеела во Мкд, заборави се' во тој поглед, гледај да знаеш/научиш јазик, да се прилагодиш на новата средина и работа треба, се бара работа, ценат вредни луѓе". А за ова реално треба да си одлучен, да знаеш дека тоа го сакаш и да си спремен да почнеш од 0. Со среќа.
Да разговараш прво со него, дали знае што го чека и дали би прифатил таков предизвик. Не те разбрав дали тој се согласува за преселба или? Ако тој мисли дека може да се снајде ќе треба да ризикуваш. Друга опција не знам, не можеш да смениш возрасен човек, тој е таков карактер, не дека не може да се промени ама тоа е мноогу многу тешко. Друго прашање е и дали ти си исполнета во тој брак? И дали би го ризикувала бракот за таква шанса и прилика? Ако преселбата ти е навистина желба јас би ти рекла да ризикуваш и да се преселите. А ти да бидеш малку повеќе проактивна и за него па да го туркаш буквално барем за почеток.
Мораш да седнеш да разговараш, вака и вака, јас сакам да одам за Америка, сакам заедно да одиме ама ги имам следниве стравови. Мајка ми планирале со татко ми да одат во Австралија пред 20тина години, никогаш не отидоа (иако мајка ми има државјанство пошто таму е родена) само поради истите причини, само уште полошо, татко ми ни тука во мк не можеше да задржи работно место иако имаше супер можности со неговата струка, па таму 100% од социјално или од грбот на мајка ми ќе живееше. Паразит си беше човекот. Од друга страна пак до ден денес мајка ми се кае што не отишла бар привремено да заработи за подобар живот. Маж ти е далеку по надежен од татко ми, бар работи нешто и има некоја шанса. Ако не отидеш поради него може и ти ќе се каеш, ако отидеш а он ти е на твој терет па и тоа не иде, така да седни и разговарај, пробај да средите некако, во очи кажи му се искрено дека поради него имаш страв од тоа да не го исполниш својот целосен потенцијал и речи му "докажи ми дека не сум во право, покажи ми дека можам да се чувствувам сигурно со тебе и во тебе". Маж како маж има наклонетост и шанса да го прифати тоа како предизвик и да проба да те "освои" од почеток. Мажите сакаат предизвици. А ако низ едно уво влезе а низ друго излезе и си продолжи по старо, тоа за жал е веќе касно...
Имаме разговарано на темата и одговорот е дека штом се снашол тука со неговата струка и таму ќе се снајде. Дека за леб никогаш нема да претрпиме. Има желба да замине но не покажува никаква мотивација. Моментално учам за TOEFL тест, вежбам англиски ( ми оди јазикот) и наместо да седне до мене ( тој е многу слаб со англиски) да понаучи нешто он на телефонот го мине слободното време. Ме ваде од такт тоа. Неснаодлив е, не знам како да објаснам, морам да му дадам насоки за да направе нешто, како децата што ги учиме оди кажи тоа и тоа . Бавен е, му треба момент повеќе да стане нешто надвор од неговата област, а мојот мозок работи брзо и тука настанува револтот во мене.
Неспособен човек ќе те уништи како ништо друго. Сами си ги кроите судбините, никогаш не е прекасно да се тргнеш од човек чија тајна цел е да те закопа жива.