Брачни совети

Discussion in 'Брак' started by Silver.E, Aug 27, 2013.

  1. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Joined:
    Dec 22, 2024
    Messages:
    1,225
    Likes Received:
    5,887
    Gender:
    Female
    Семејството е најважното нешто во животот, но не е на секого.
    Има функционални и дисфункционални.
    Зошто ако доаѓаме од функционално и не иритира однесување на член од проширено семејство на партнерот, кое очигледно е дисфункционално и нашето семејство од функционално да го правиме такво?
    Нема потреба, но пред се треба да се сфати дека по стапување во брак примарно семејство е она на партнерите и нивните заеднички деца, а се друго е проширено семејство.
    Да по стапување во брак не раскинуваш со своите и нормално е да си се наоѓате едни на други, но, но љубовта, мирот, спокојот, слогата и разбирачката ги креирам со личноста до мене.
    При проблеми однадвор што можеби не засегаат нас внатре внимавам како комуницирам со кој тон и пред се подетално би го сторила тоа кога имам цел пакет со решение, па ете да размениме гледишта и се посоветуваме околку можното решение.
    Се нерешливо нема да го премолчам, но само ќе го искомуницирам како факт и толку.

    Некои нешта не можат да се сменат во конкретниов случај однесувањето на свекорот.
    Неговата индиферентност била присутна и синот кога бил дете и си продолжило тоа и понатаму до имање внуци од тоа дете.
    Тој во неговиот и нивните животи бил и е помини- замини како што прочитавме.
    На крајот од ситуацијава убаво е партнерите што добро искомуницирале и си дале ветувања, а најдоброто од се е сепак што има разбрани луѓе да им се најдат, ги спомна нејзините.
    Проблемот е решен.
     
    Buttermilk and BellaBibi like this.
  2. KiT

    KiT Популарен член

    Joined:
    Aug 29, 2012
    Messages:
    1,641
    Likes Received:
    8,548
    Gender:
    Female
    Ццц (facepalm)
     
  3. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Joined:
    Apr 9, 2016
    Messages:
    1,822
    Likes Received:
    5,025
    Gender:
    Female
    Многу злобен народ сме
     
  4. riba79

    riba79 Популарен член

    Joined:
    Feb 3, 2010
    Messages:
    1,996
    Likes Received:
    7,848
    Gender:
    Female
    Законски децата се должни да ги чуваат родителите ако нема кој државата може да ги смести во дом ама ќе плаќаат децата.
    Од сопствено дете можеш да се откажеш ама од родител не.
    Ова и го кажаа на колешката моја од социјалната служба кога дојдоа да го земат таткоо алкохоличар кој бил разведен од нивната мајка 15 год.
    Таа и сестра и консултираа адвокат баш по ова прашање.