Никако не можам да разберам баба/дедо да не сакаат да си видат внуче. И тоа со години во твојот случај, но очигледно некаде има проблем. Како реагира твојот сопруг на ваквото однесување на неговите родители? И мојот свекор не се притресува ако не ги види внуците. А и кога ќе ги види, бебе гледа од далечина, не го зема во раце, на 5-10 мин. и си оди. Зарем не мислат дека утре кога ќе треба да одат по лекари, кога нема да можат сами да одат, сепак ќе треба син/ќерка да ги носи. Тогаш како ќе биде? По 5 години да ги однесат на преглед? ..или воопшто да не ги носат, да ги остават сами.....никако не ги разбирам стариве.
И во мојот случај не сакаат старите на мм да ги гледаат внуците, ама па за поени кај мм му викаат како демек јас не дозволувам. А тие кутрите никаков интерес не пројавиле, ама македонското, дежурен кривец ќе си најдеш и решен проблем. Исто така и моите родители не се замараат да си поминат време со внуците. Што апсолутно го гледам како погрешно. Кој ќе го пројави интерес, бујрум, кој не, не терам со сила, си уживам сама со децата. Не на секој му е дадено да се радува. Што се однесува за гледање во старост мислам и дека воопшто не мислат, не се баш така сите со стратегишко размислување а и егото, кое е недоразвиено во возрасен, не дава.
И мојата мајка ги нема видено внуците па шо . Не се потресувам ич. Немаат сите родителски инстинкт бе. Повеќето праат деца оти според нашево општество, така треба. Не оти многу ги сакаат. Старите си мислат дека со уцени ќе ги натераат младите да ги гледат, знаете она "не ме оставај , ќе умрам" Нека ви е со среќа на сите шо паѓате на тие финти, јас не паѓам. Јас веќе ни на погреби не одам, кој сака нека ги погребува.
Лелее, татко им не ги гледа, па јас за баба и дедо ќе се секирам, ама ич бе! Кој што сака да ги види, ќе ги земе, ќе ги види и ќе најде време! Тој што не сака-само изговори ќе наоѓа, а и нема потреба со сила ништо да правите, не сакаш- чао пријатно! Децата утре ќе знаат кој бил до нив секогаш. Впрочем и вака се имаат и ништо не им фали.
Па не мора да значи дека и се уште свекор и свекрва , Може се разведени, па сега се само "мајка и татко од таткото на детето"
Мене ич не ме чуди кога баба и дедо не сакаат да се замараат со внуците. Не би се замарала и јас ако не сакаат да ги гледаат, мене тоа не ме допира. Ама доколку таткото не сака дете да види доколку сум разведена би се потрудила да поминуваат време заедно, настрана мојата гордост и,, љубов"кон него. Децата страдаат. Е сега ако и тоа не помогне искрено не знам што би правела да ја поптполнам татковската празнина. Оти колку и да негираат додека се мали нив ги боли и не секогаш покажуваат. Кога пораснат друго е, само што тогаш влечат трауми од мали кога биле и тогаш сфаќаат колку всушност се повредени Секако си ги сакаме децата најмногу на свет, посебно ние мајките со сета сила одиме напред ама дете бе да не сакаш да си видиш!??
Ех ти па, некои шо ги знам у брак си ги гледаат децата од шо "мораат" - дека им се у куќа. Не оти сакаат. За тие разводот е благослов, ама не им се ни плаќа алиментација. Секакви луѓе има.
Ништо со сила не можеш да му дадеш, ниту земеш на некого, сите сами одлучуваме за своите постапки, ако така одлучил тој, џабе е што јас сакам. Многу деца израснале во прекрасни личности и без родители, и без татко, и секако, а многу израснале во комплетни идиоти и при двајца родители, така да- нема правила никогаш.
Што не разбираш?Мајката и таткото, односно бабата и дедото од таткова страна Никогаш не го виделе, ниту изразиле желба, односно еднаш мајка му го виде, имаше раб. во Скопје па успат на пола саат го виде внучето и толку. И за некој да ти биде свекор или свркрва, па дури и таа титула треба да се заслужи.
Инаку и јас имам девер што син ми втор и последен пат го виде како бебе пред 8 години и тоа свекрва ми местеше за да го види на сила. Ниту се јавува, ниту прашува што е, како е. Во иста држава сме. И како да речам син ми има чичо Не го ни познава тој назив, кога нешто разговараме на татко му вели брат ти... А и како поинаку, не го познава, ниту ликот, ниту гласот. Барем во денешно време кој сака лесно може да се одржува контакт. Имам внука далеку 2000 км е, ретко поминува ден да не ја видам на камера. Не сакам кога си доага на 3 месеци да бега од мене, сакам да си има близина со мене, да не се срами, да не се плаши. Кога ќе порасне било што да и треба да побара од мене. Како сега што ми вели тета чуваш мене сега, тета може гости , за кога ќе биде голема да нема срам за ништо. Така да секакви будали и себични има.
Не е нејасно, доколку е разведена не може маж ми да пише. А татко на син ми, се знае нели шо значи. Родителот на детето.