И да разговараат, гарантирам дека сето ова ке го негира он, веќе членката го има одговорот во постот, све понатаму е залудно, трошење здравје и време, на некој што не сматра за жив што се вика.
100 пати е разговарано - џабе е. И детето веќе е големо и разбира - 6 год - не го ни очекува дома - буквално цел живот сум му јас.
Сакав да добијам и други мислења. Можеби има нешто што не го гледам. многу лоша ситуација е - не ме малтретира физички или нешто такво - али ова ми доаѓа како психичко малтретирање.
Сеа наредно ке го седнеш и ке го прашаш дали сака да биде слободен ерген? Дај му фора 2 недели да се собере размисле и управе и кажи му дека у споротивно ке нема ни жена ни дете
Зборено е - дека сум на раб и дека ова не е живот. Ти сама одлучи си ми вика. Ќе проба малку да поднапраи нешто деновите после тоа и пак на исто.Немам проблем ни со сверкрва или со никој друг - значи само со ова.
Си мислам да не барам многу - со кого и да зборам вака општо - сите истото го кажуваат. Мажите цел ден по работа - се останато жените. Некако балканциве како сите истиот проблем да го имаат. Најмногу и затоа пишав.
Абе види Рњално секде неш фали Кој свелрва не чине на некој се дрогира на некој се коцка на некој се курва нелој ја тепа некој не печале Ретко негде да е се баш баш идеално Е сеа прашањето е дали ти можеш да живееш со мааните негови Ја колју шо разбрав тебе ти смета шо не ти помага дома
Па не само тоа - не поминуваме време како семејство - секогаш е со други луѓе. Како она "сакам да имам жена и деца ама не сакам да сум сопруг и татко"
Се надевам дека не се сите жени осудени да живеат како мене. Се уште гледам по некој маж како знае да извади дете во парк и да си поигра со него.
Не знам со кого збориш и каква ти е околината.... Од бебиња си се со татко им. Колку јас толку и он за деца, дома итн. Доле пред зграда со децава кои се скоро 6г се татковци се дружат и аедат со децава, ние мајките сме тие почесто што по кафичи одиме и шетаме. Мене ми е незгодно кога треба на љуљашки да го носам пошто само јас женско и 10 мажи.. Јас мислев за бебе збориш, ама за 6г дете да најавуваш на таткото 2нед однапред дека излегуваш е лудо. Треба природно да поминува време со детето, не знам едноставно може е таков.
И татко му бил таков - инфо од свеки. Ми вика дека дури и тој бил подобр од неговиот што воопшто не ги гледал. Демек да седнеш 5 мин со сопствено дете е нешто вау.
Сите таа генерација биле такви не е само свекор ти. И не не е изговор. Пс совет од мене не разговарај со свекрва ти за брачните проблеми. Не и споделувај ништо. Може сега ти чини ок, но сепак не заборавај син и е секогаш ќе е пристрасна. Искрено ти се чудам како да немаш инстаграм, интернет?? На оваа тема и вклученоста на татковците денес е ептен актуелна, истражи прочитај ..
Дали ти одиш на работа? Дали и колку имате заеднички активности, било излегување макар и сите заедно со дете, дали во парк, на ручек, вечера, одмор, викенд? Што би било ако си доаѓа тој од работа и речеш - за 1 час излегувам таму и таму, остануваш со дете? Или да му помогне за домашна ако веќе оди на училиште, за некој проект. И уште дали се во заедница? Може ако сте се "вади" на тоа што би имале помош од стари.
Времето порано и сега не е исто. Познавам многу мажи кои после работа си ја превземаат обврската со детето. Прво, совет како членката исто ќе ти дадам, НЕ се жали на свекрва ти! Друго, ако не разбира со муабет, собери се и ако можеш отиди малку кај твоите, една, две недели, секако пак ќе кажам, ако имаш поддршка да отидеш, нека разбере така, нека си ги собере мислите малку дечкото! Ете да не биде опција развод, пошто он знае дека нема да го оставиш штом ти се понаша така.
Колку и да не е времето исто, многумина продолжуваат исто. Каков модел имаат дома, таков. И пак ќе речам тоа се гледа уште во врска.