А што ако се татини синови и ги трошат спечалените пари од тато,и изиграваат богаташи ... има и такви
Не да се богаташи туку да знае да обезбеди за семејството. А не да е лежи лебу да те јадам. Да не е мрза.
И нека нема капитал некој голем, ама нек има кликер и амбиција како мојот кликер и мојата амбиција. Со таков од 0 ќе стасаме заедно не до една кула до ехехееее.... И не зборам само материјално до кај би стасале, зборам за се туто комплето низ цел процес и заедништво што би постигнале.
Зависи тато дали поштено напечалил или украл ...и во двава случаи тоа децата (не мора да е само синчето) ќе трошат, но едното е со алал другото колнето. Тие нека му ја мислат, ама ретко кој мисли кога дрпа.
Јас прво незнам што ве привлекува кај мрцини, што немаат заработено 100 денари во џебот, стварно неможам овој феномен да ви го разберам, темава за жал е пуна со кукање од машки од 26/7+ години па све нагоре, како немале константна работа, како чекале од родителите, како биле мамини/татини синчиња и неможам и неможам да разберам је*беш убавина, све тоа е пролазно, и убавина и доброта, абе се знае што е вистинки маж бре, да рмба од јутра до сутра, да носи дома финансии, да ја штити фамилијата од секое едно лошо, да го носи секој товар на грб, да гине за фамилијата, ако треба он нема леб да јаде ама за фамилијата ке има све, да им обезбеди нормален живот (полн фрижидер, сметки платени, поткрив над глава, облечени од глава до пети, да не се скинати, голи недај Боже).Не е способен све ова да го овозможи, нема што да бара фамилија да основа, извинете сурово е ова, ама тој човек не е способен сам за себе да се грижи, а не па дете да гледа, и да ако неможе да си се одели од тато/мама клоцата у гз, и со нив да си живее, такви пациенти и паразити не му треба на Светот.
Во брак не се стапува само заради деца. Бракот сам по себе по дифолт не значи деца. И не знам кој освен Ромите или некои ептен на маргините на општеството клепаат по 5-6 деца а немаат услови. Се повеќе млади денес едвај се одлучуваат за едно дете и тоа со добри работни позиции. Зборите колку да кажете а не сте реални.
Не мора сам да гине тука е сопругата да дели со него у добро и зло, ама од недозреани дечишта и едниве и другивр читаме шо читаме. Жално за девојчето само да не склепаат уште едно па едно па едно, све тоа се болесници. Ти ги викаш мрцини .
Секој сам си ја креира реалноста. Јас па начекував у фирма мн. млади баш со вакви ставови дека не сакаат деца и по дифолт ни брак. Што е правилно според мене. У право си за првата реченица али законски склучен брак без деца е пропала мисија, труло, бескорисно нешто у глобала, иако има мали исклучоци да не завлегувам во сензитивни теми. Јас ти ја сфаќам поентата. Нека зима и дневница еве. Важно е амбициозен и се труди и го множи чесно спечаленото како знае и умее. Да си најде налик него ќе им е топ у заедница, каква и да е брачна или не.
Да кажеш дека е труло, бескорисно и слични епитети е ептен осудувачки. Според мене никој ама никој не треба да стапува во брак заради деца. Законски склучен брак е институција од двајца, мажот и жената. А не мажот, жената и децата. За другиот дел се согласуваме.
Можда е осудувачки ама имам право на сопствено мислење и за мене тоа е тоа. Не мислев мора у брак ради деца сепак секој со своето размислување. Воглавно законски бракот е првично таква заедница која логично е да еволуира и се развива. Спомнав има мн. сензитивни случаи и теми и не би некој да се осети навреден/ осуден.
Не знам како одлучуваат да имаат деца кога немаат стабилна работа и покрив над глава? Покрив над глава се подразбира место да си живеат на раат сами, а не во заедница. Секој може да си обезбеди простор за живеење сам, со стабилна работа и домаќинско трошење на пари се се овозможува. Затоа тука е важна работата, не можеш ти да очекуваш стабилен живот од шофер во Волт, доставувач итн. Сите знаеме колку 'многу' се платени тие работни позиции. Таа работа за мене е работа за тинејџери кои сакаат сами да си заработат пари, да не се на товар на родителите. Макс години за таа работа се до 22г. После тоа се бара други алтернативи. Така да, како и да се вртиш, секако сум во право. Не понижувам позиции само сум реална.
Во право си за тебе. Ти посакувам да немаш причина да ја видиш и другата реалност па да кажуваш која професија за која возраст е и кој е за брак а кој не.
Фаќаат и добра паричка, али пренапорно е и мн. небезбедно за нив и околината кога бркаат повици. Види ја пре би со ваков и искрено и јас би ова како секонд џаб да му ускочам паралелно со него отколку со пикнат у администрација книжен молец- клати врата земи на 15ти плата. 0 амбиција. Оној доставувачот бар има амбиција на макс.
Скроз точно. И да се надоврзам, сосема легитимно е некоја да не сака да биде со човек што тоа го работи затоа што сигурно или она заработува веќе добро со "стабилна работа" или смета дека мажот треба да придонесува (повеќе) и нема тука проблем. Проблемот е што на форум се вришти како гореспоменативе се мамини синови, неспособни, епитети во најлоша конотација што не е точно и јас цело време за тоа дискутирам. Едно е да се рече да јас имам (површни) стандарди, материјалното ми е битно а друго е тој е мамин неспособен син.
Не зачитав детално конкретно, но од она што читнав за мамини повеќето ги сметаат мрзите, легни лебу да те јадам. Член ги пиша и мрцини . Овие се трудат и се амбициозни, барем покажуваат иницијатива. Колку и да звучи како раб. за тин. ств. фаќаат фина паричка. Е сега не е фиксна и стабилна и мн. е мачно, но подобро да создава отколку да дреме со сто изговори зш не му се раб. Бегајте подалеку од таквите, мамини ли, татини ли...мрзи.
@Hoping стануваше збор за мамини синови а не за работник во волт. Мамини синови ти се машки кои не сакаат да се тргнат од сукњата на мамичка, чекаат за јадење, чекаат за пиење и сметка за струја не знаат да платат. Мамини синови се машки кои откако со тешко срце ќе се одделат од мама и одма се закачуваат за друга жена да ги пере и гледа. Да му вика ајде сега оваа оди направи го ајде сега онаа а тој да се тегави и како не е фер се тој да мора да прави а едноставно ситуацијата во државата е крива за неговата несреќа. Така да знам дека си желна за контрање ама не мора да бараш влакно во јајцето тоа што некој ги земал доставувачите од корпа. И доставувач на корпа/волт се смета за додатна работа или работа за студенти. За луѓе кои сакаат постабилна работа си има фирми за производство кои не бараат повеќе од диплома од средно а во истите може да зимаш достојна плата и да стигниш до повисока позиција.
Ако дечкото нема стабилна работа, посебна куќа/стан или се труди да си створи, не сака да живее во заедница, кола, ако не знае да си завршува дел од домашните обврски сам, бегај од такви мочковци. Тие не се мажи спремни за женење. Тие се мамини и татини мази. Ова е ПРЕДБРАЧЕН совет. Еве го мислењето за кое пишував. По ова мислење каде гледаш желба за контрање? Вие ги сметате за додатни работи. Како можеш на некој да му речеш треба да работиш во производство. Ама стварно пишувате глупости и генерализирате. Не секој е со средно само ама не знам зошто уште се објаснувам, така ви чини.
Стандард ситуација на форумов. Ќе постави анонимус на прашање, ќе исчезне, и ќе останат стари членови да се караат по темите. Мислам…