Убаво штом ме цитираш, значи доволно внимание ми даваш! Инаку да, мило ми е што се трудиш да ме разбереш што сакам да напишам ама за жал гледам дека не ти оди. Во главно, си зборам за мене лично, давам совет пред се, НЕ НАМЕТНУВАМ, ако сакаш прифати ако не не. Мојата ʼстабилна работаʼ не би требало да те засега и да важно ми е да заработува повеќе од мене, нема сигурно да гледам и финансирам нечие дете разгалено од неговите. Можам да финансирам мое дете. Маж си е за маж, треба да работи и да обезбеди за фамилијата, а жената да се грижи за истата, не барам јас милионер, јас барав човек што знае од едно три да направи, што не е легач и не е шофер во Волт. Не си ласкам јас од ваму до таму, сум била со такви лигуши и јас затоа си имам формирано мое мислење и мои стандарди и фала богу што сум барала тоа сум нашла. Ти можеш да пишуваш уште колку страни сакаш, а јас да ти давам факти. Се е во ред, и во администрација се легачи, не викам не, ама 40г да ти врши достава, да ти држи место за тинејџери само затоа што за него секаде нема работа и дека државата не му е крива зошто работа не му дава и тоа не е во ред Пак ќе кажам и јас сум почнала од келнерка ама сум имала амбиција да дипломирам и магистрирам. Јас тука си имав убава работа, слична ама не по струка, само бегав од системот, не од тоа дека не можам да најдам работа.
Значи ти советуваш девојчињата да земат некој без стабилна работа, без амбиција да ја оддели жена му од мајка му туку онака фино лепо сите да се туткат во едно живеалиште и да се молат поскоро старите да умрат, да не си ги пере гаќите дома и да не можиш детето на еден ден да му го оставиш пошо не знае да си ги извршува домашните обврски. Ти велиш дека советот женските да се држат настрана од такви личности е лош? Освен маж ти да е ваков паразит на општеството или да воспитуваш ваков син па си се тешиш на овој начин јас друго објаснување за твоето мислење немам.
Аман те луѓе, какви и да сакате сакајте ги и земајте си ги, само бегајте од мамини синови ( маж шо неможе да се оделе од мајка му).
Како тргнало од што читаме за "јаката економија" и можности таму, еве некa седи како неандерталецон со мајка му у скут до утре сабајле, само нека си го гледа тоа што си го создал- сопственото дете. Колку и делени сум ги гледала таа и мајка и татко и се, тој кафенце со другарите, коцкарници, кладилници, спортски викенд шеми. После од проводи со другари до проводи со друга... Бирајте човечен и домаќин и пред се налик вас за трајна и долговечна заедница или бар глејте да не ви се подудараат дијагнозите на крајот .
Значи од сето ова заклучок.Луѓе кои вршат достава на храна,карго,работат во фабрики за минималец не треба да се женат и да имаат деца?Мислам дека претерувате и понижувате работни позиции.Ниту знаете некој зошто ја работи таа позиција и дали ги имал можностите како и другите.Немаат сите иста стартна позиција во животот. Да треба да се труди да напредува,секој од некаде почнал.
Па не верувам дека ги понижуваат туку не секоја сака да биде со маж на таква позиција, и тоа е во ред. Исто ко некои мажи шо не сакаат дебели девојки туку сакаат слаби, или обратно, и тоа е во ред. Зошто да мораме да си ги менуваме стандардите? За да му се допаднеме на општеството? Како да не. Можам да ги сфатам и жените шо сакаат да бидат домаќинки, и тие шо сакаат да бидат материјалистки, и кариеристки, и тие шо сакаат незнам ти каков маж.... бар знаат шо сакаат. Само неможам да ги сфатам тие шо се земале демек од голема љубов, па демек 50-50, и накрај излегува 50-50 само во финансискиот дел а 100 - 0 во се друго, и кога ќе и помине на неа љубовта, иде тука и кука оти била married single mother. И после некое време го глеаш него нова кола си купил а она оде како просјак од шо е преморена од обврски и нема време газот да си го избрише.Епа сама си го бираше таков, сега или трпи си го или разведи се. Едно нешто шо мора да разберете е дека мажите не размислуваат исто како нас, не сите нели ама поголемиот дел се такви. И сами гледаме примери околу нас а и на форумов за ова.
Никаде јас не напишав дека ја понижувам таа позиција или било која таква позија прво, како што рече тука, да треба да се труди да напредува од млади години да разбере дека треба да си заработува, а не да чека 100че од неговите за кафе, ама не човек на 30/40г да работи за дневница од 200 денари кој веќе има створено фамилија или ете планира да створи. Направете проста пресметка, гледам повеќето се мајки и прерачунајте се колку пари оди за дете, домаќинство итн. Ако ви одговара па финансирајте се во фамилијата и живејте во заедница, ама после немој да кукате вака ми рече така ми рече, не го погледнува детето, ужива и свекрвата ми трие лук на главата.
Во претходните коментари една членка имаше спомнато дека доставувач не е стабилна работа и што да се очекува од него. Секој нека си бара каков што му одговара сосема легитимно. Некој сака луксуз,некој комфорт,некој е поскромен секакви има.Јас не гледам на бракот 50:50 Моментално мажот ми извршува од домашните обвраски 80% јас преостанатите.Имало месеци кога било обратно.
Затоа тука е важна работата, не можеш ти да очекуваш стабилен живот од шофер во Волт, доставувач итн. Сите знаемеколку 'многу' се платени тие работни позиции-ова се твои зборови. Кои сме тие ние?Не мора да ми даваш мене совети знам јас мене што ми одговара и ниту еднаш се немам пожалено.
Па членката не збори стрикно за тебе или за овие шо се задоволни, збори за овие шо се омажиле за таков и после идат кукат тука , таков бил ваков бил.
Да мои зборови се тие, ако ти си знаеш што ти одговара не троши време на моето мислење да ме убедуваш дека не размислувам правилно. Не го наметнувај твоето размислување дека е во ред да се мачат жените да работат да го издржуваат мажот кој на 40г работи како доставувач поради тоа што никаде нема работа за него. По ова сфатив дека не се криви само свекрвите, криви се и жените пошто не знаат да си кажат што си бараат и после кукаат дека се работат. @Adidas888 Јас коментирам ама кој да ме разбере, изгледа толку многу ги повредувам со моите коментари.
Браво. И не само тоа, туку морало стабилна работа по нивни критериуми за да се има деца според членкиве од високото добро утро. А нема стабилна работа во моментов, денес може да си на супер раб.место а утре фирмата да пропадне, смени сопственик или да укинува оддели. Еден куп такви "супер работи" згаснаа периодов и останаа луѓе без добра работа. Не сваќаат исфрустрираниве членки кои тука си лечат комплекси дека се е променливо и дека еден ден си доле а друг горе и обратно па уште со понижување гледаат на дечкиве од Волт кои вредно работат и за нивна информација зимаат дневно некогаш и до 50€. Моја другарка која имаше супер работа се омажи за дечко и кој тогаш миеше коли а еве неколку години подоцна он има фирма и заработува многу повеќе од нејзе.
Јас до сега изгледа на шпански пишував или ти не знаеш да разбереш? Кај го донесе заклучокот дека понижувам работна позиција? Или читаш ама не дочитуваш.
Темата некој членки каша попара ја направиле. Моето мислење е дека у животот не е важно која марка ти е автомобилот, битен е совозачот, не дека тоа има врска нешто со темава ама таму сте ја однеле, сите сте офтопик
Ако ти си отворила ресторан у животот и си пропаднала не значи дека ако било кој друг отвори ќе пропадне. Во ред е да си го кажеш мислењето ама не е во ред да го наметнуваш на другите. На крајот на денот битно е да си среќен.
Смирена си сум јас ич да не ме мислиш, мојата си е наредена. На крајот од денот јас си немам проблеми, решени ми се пред да стапам во брак, секогаш сум слободна да дадам совет, ваше е дали ќе го прифатите или не. Пре би да плачам во Ламбо отколку да смеам во Југо.
Каде прочита дека советувам? Каква врска има некој што не се одделува од мајка му со тоа што некој работи на дневница? Кажав и пак ќе кажам, секој со својот крст. Најлесно е да се осудува ама секој си го живее својот живот со тие околности што му се.