Не е мислењево брачен совет, туку од финансиски аспект сакам да искоментирам што е стабилна работа. Работа платена на дневница не може да е стабилна работа. Не велам дека е срамота да работиш таква работа, ама не е стабилна. Еве нека е дневницата и 2000 денари. Примери од секојдневие: - Ти треба минус на сметка, кредит, кредитна, било каква услуга од банка? Нема банка што ќе одобри вакви услуги без редовен месечен приход и без доказ за плата за последни три месеци. - Ти треба да купиш нешто за дома што е стварно поскапо, да речеме над 20000 денари кошта, еве клима уред нека е. Ниедна продавница нема да дозволи продажба со плаќање на рати на некој без стабилен приход што работи од денес за утре. - Ти треба технички преглед на колата за регистрација еднаш годишно? Кошта околу 200-250 евра. Ќе им кажеш таму „Чекај брат, да дособерам уште две три дневници, и ќе се вратам да платам“? - Ако живееш одвоено од родителите и плаќаш кирија да речеме, и иде први во месецот, а не си собрал доволно од дневници, јер што попрво, дали храна дали сметки и кој е тој газда што ќе те чека да дособереш дневници за да му платиш што ти го изнајмува станот? Значи ако си веќе возрасен со ваква работа, а се наоѓаш во некоја од ситуацииве погоре, ќе мора да се потпреш финансиски или на дечко/девојка/сопружник или на своите родители. И тоа е океј ако е привремено, се дешава човек да остане без работа, да работи било што некој период. Ако е трајно тогаш станува проблем што ќе почне да создава фрустрации кај другата страна - не зборувам тука за материјалистички побуди, туку буквално за пукање на филм зошто еден на грб ги носи подебелите трошоци. Никој не се исмева со работа на дневница. НЕ Е СРАМОТА да работиш таква работа. Верувам дека сите имаме работено од ден за ден. Ама на 20 годишна возраст кога ти требаат пари колку за пријави за испити на факултет да купиш, да уплатиш семестар и да преживееш колку од денес за утре. Дека таква работа може да се нарече финансиски стабилна, мижи митре.
Друго многу интересно е феминизмот што се пропагира како некоја мода денес и буквално се вришти дека сме биле исти, дека сме можеле сами се, дека сме најјаки и финансиски и секако ама кога станува збор за маж е тогаш девојки бегајте ако нема пари и ако работи за дневница на 30 години и без пари нели не се живее. Никако стапување во брак кој моментално нема стабилна работа.
Па искрено, не сум видела среќна жена во брак во кој се сама прави, и плаќа сметки и гледа деца и чисти и готви и на работа оди, а мажот и е само дел од интериерот. Таква жена шо е сама сум видела среќна, ама во брак таква не е среќна.
Многу глупи работи коментирате. Развод и секој по негов пат. Грешки се прават и секоја има решение. Темава бетер од снаи и свекрви ја направивте
Немате што друго да искоментирате и одма се фаќате за феминизмот. Не сте интересни, дајте саалам совет, не мешајте феминизам. И да, НИКАКО стапување во брак без работа и кров на глава.
Темава не е мрзливи и неуспешни партнери, темава е брачни совети. Како прво како што можам да заклучам не си во брак, не ми е јасно од кое искуство даваш мислење
Како прво од старт правиш грешка, во брак сум. Штета за грешката проценка. Затоа не ти се јасни некои работи. Второ, се корегирав на претходното мислење мое, пак ќе те прашам тука, ти сакаш жена ти да те финансира? Потточно, да ти ги плаќа сметките, да ти дава џепарац пошто не ти се доволни од втората половина на месецот? Тоа ќе ти го подигне егото или?
Реално, да речеме дека сме и 50/50 (или полошо јас заработувам повеќе од него) и притоа јас успевам да го одржам тоа гледајќи едно или две деца. Од друга страна тој работи и го нема цел ден дома но и покрај тоа без мојата плата (или со пола моја плата и негова) не би можеле месецот да го извадиме тогаш јас немам партнер, јас имам само цимер. Да не се лажеме, обврските околу фамилијата барем кај нас се сè уште мин. 80% на товар на жената. Мажите ја имаат привилегијата непречено да гребат напред и да се борат да заработат и придонесат што е можно повеќе за фамилијата. Пак ке кажам, колку повеќе жените земаат од финанскиот товар врз нив, толку повеќе мажите облегнуваат на примањата на жената и мислат дека нема потреба повеќе да се трудат.
Ако дојде период у животот што можеш? Значи ти си у брак, додека маж ти ти ги задоволува финансиските потреби ќе биде се во ред, ако утре недај боже остане без работа од х причини или еве легне болен, му прајш капут бараш друг маж?
Мажите ги оставаат на жените кога ќе се разболат. Мажите ги изневеруваат жените кога се бремени. Ете гуглај кај сакаш, глеј примери од луѓе на тик ток, инста, минста кај сакаш. Мажите го праат тоа.
Не, мм не ми ги задоволува моите потреби, јас сама си заработувам да ги задоволам моите потреби, а мм придонесува повеќе да може да ги задоволи општо финансиските потреби на нашата фамилија. И не ми меши баби и жаби, болест и неработливост не се стават на кантар. Гледам ептен си паметен па што убави споредби даваш. Недај боже легнува болен јас како сопруга тука сум да му помогнам, во црква кажуваш и во арно и во лошо дека ќе си. А да ми лежи дома, а работоспособен е, да чека да му дадам пари за цигари, ако за тебе тоа е во ред, за мене не е. Гледам тебе убаво ти е да те финансираат, ти тука барај си право како принцеза да си, барај си женска која ќе те гледа и ќе ти ги задоволува потребите. Ако најдеш воопшто таква.
Еве јас знам многу што си имаат свој кров над глава. На некои им се погоди родителите да им обезбедат, некои сами си обезбедуваат со труд и напорна работа. Изгледа вие ги гледате само оние кои немаат ништо направено во животот.
Точно, не е мал процентот на млади што си купиле стан, куќа, автомобил, но сите тие се купени со кредити. Не дека земање кредит е лоша работа, речиси насекаде во светот недвижнини се купуваат со кредит, но кај нас кредитите се земаат со рок на исплата по 20, 30 години!! Цел живот да плаќаш за живеалиште и прашање дали ќе стигнеш да го доисплатиш. Тоа според мене не е мерило за труд и напорна работа. Инаку сметам дека не зависи од полот, туку од карактерот и намерата на човекот, дали ќе те остави ако си болен.
јас и покрај тоа шо имам искуство со брак, никогаш не би се дрзнал да дадам совет за истиот на некој, кој ниту го познавам, ниту знам каква му е ситуација, каков човек е и што му се случува дома. Избега темава па малку се дрзнав да искоментирам. Феминизмот е многу чудна работа па така и сега овде наместо подршка да си дава жена на жена за да опстане нешто, се се врти кон тоа на осуда, и што е најбитно осудата не е кон мажот туку е кон жената која го изгледала, и сега кога малку ќе размислиш жена на жена волк иде, ама па кој сум јас како маж да коментирам за тоа. Девојкава е сигурно млада, затоа и не ја напнувам толку иначе реалната ситуација во македонија стои вака: Граѓаните на Македонија односно домаќинствата се задолжени во вкупен износ од 4,93 милијарди евра во кредити. Од овие 5 миљарди евра околу 2 милиарди се станбени кредити. а останатите се потрошувачки. Фирмите заедно со обичниот човек се околу 10 милијарди во кредити. Станбените кредити годинава се 16 посто зголемени во однос на минатата година. Минимална плата од 26 000 денари земаат околу 80 000 луѓе додека под 31 000 денари земаат 180 000 работници. тоа значи дека повеќе од една третина од населението во македонија зема плата околу минималната, а над 100 000 луѓе работат на црно. Сето ова укажува на тоа дека народот има желба за да биде самостален, меѓутоа нема услови за да го исполне истото. Статистички без разлика на пол ние сме сиромашен народ. Забегуваме од темата истото го кажав и јас во еден коментар, темава не е самосталност, мрзеливост (карактерот) и неуспешност на партнерот, туку е совет во смисол како сте надминале вие некоја потешкотија па преку искуство да пренесете и оној кој го бара советот да си прифати сам или да не прифати ваша сугестија.