Тиго, кредисимо , флекс и мкеш овие ги имаат направено најголемите далавери , штом не ги чепкаат значи некој ги штити
Здраво на сите. Како претходно вработена во финансиско друштво, за жал не можам да се сложам со клише муабетите ГО ЗАГЛАВИЈА НАРОДОТ, КАМАТИ ДО ПЛАФОН бла бла бла.. Не ги оправдувам, но не гледам каде е проблемот да постои финансиско друшво за некој што ДОБРОВОЛНО САКА ДА СЕ ПОЗАЈМИ, да оди и да се позајми без да се јавува на роднините до 5 колено. Вака, на секој што му е се потребни средства, може да оди во банка, но тешко одобруваат, бараат многу документација, осигурен статус на работно место, некаде и жиранти итн.. Финансиските друштва не за џабе ги викаме БРЗИ КРЕДИТИ, БРЗИ ПАРИ. Аплицираш и ако те одобрат, добиваш пари. Истиот ден. Во банка се чека најмалку 14 дена. На секој што аплицира и бара кредит УСЛОВИТЕ му се кажани и ги ЗНАЕ. Дали некој на сила може да ви даде кредит и да ви бара камата ? Не. Ти требале средства, си отишол, ти дале, ти кажале колку е РАТАТА и колку е КАМАТАТА. Си се согласил, со своерачен потпис. Доаѓале луѓе што плачат да бидат одобрени, заради болест, лекување, неочекуван смртен случај, немат од каде да се позајмат. Доаѓале се заблагодарувале итн. Е сега каде е проблемот? Проблемот е во простата маса. Проблемот е во коцкарите, во неваспитаните деришта што сакат ајфони и најк патики од 300 евра итн. Е они се заглавени, земаат и не враќаат и на 20 години завршуваат на извршител. пс. Каматната стапа ја определува НАРОДНА БАНКА. пс. Многу финансиски друштва прават НЕЗАКОНСКИ РАБОТИ, и треба да бидат затворени. Не сите.
Еј викаш нема друг проблем? Како десетици луѓе се измамени така што некој со ТУЃА лична карта подигал кредит? Проверувате таму кој и како подига или битно се брзи, другото не ве занима? Во банка се чека зашто и гаќите ти ги проверуваат, како што и треба да биде.
По десетици измами, односно земани се и по 2.500 евра на основа на туѓа лична карта, криминал невиден, едно од поголемите зла што се случиле во Македонија се брзите кредити. Лицата што учествувале во криминал и работеле во брзи кредити, треба да бидат неподобни за вработувања во иднина, тоест такви да не примаат никаде. Распрашајте се кој работи по тие брзи кредити, тоа не се некои способни, етични, морални ликови, напротив. И имаше информација дека одобрувале брзи кредити и на малолетници, криминал до криминал. Тешко на тој болен што ќе земе брз кредит. Штом си болен и одиш по лекари, контроли, прегледи, не те крпи еден брз кредит, и штом си болен и работата ќе ја изгубиш и потоа брз кредит од 10.000 ќе стигне до 70.000 денари и само ќе тонеш. Секој нека си има некоја пара настрана за црни денови, за недај боже, за болест, смртен случај и слично. Брзите кредити не се спас, туку пропаст. И тие што работат во брзите кредити, треба да одговараат, оти малтретираат луѓе по телефон, бараат да одиш да им го најдеш Тасета што им земал брз кредит. Обично општествено ѓубре што треба да се измете.
Аман од таа сиромаштија што ги направи луѓето очајни и се одржува само со цел политичари и нивни спонзори да профитираат далеку повеќе отколку што им треба, нека ја снема веќе.
Се жалат што бараат да ги враќаат парите? Никој не ги присилува да земаат кредити. Во банка не сакаат затоа што таму нема толеранција. А тука должат со месеци
Јас лично никогаш не би зела кредит ни од банка, а не пак кај овие. Ни банки не сакам, барем не додека се приватни.
Каде е проблемот? Во тоа што не вршат соодветни проверки и се случува некој да земе кредит со туѓа лична карта. Во тоа што вознемируваат роднини на должници преку повици и доаѓање дома со заканувачки тон налик на мафијаши и лихвари, па луѓето мора да се закануваат со пријавување во полиција и тужби за да бидат оставени на раат. Во тоа што користат трикови со наградни игри за да привлечат наивковци и лакомовци да земат кредити. Сите до едно треба да бидат затворени.
Скроз неетички. Многу лукаво смислен бизнис за сиромашна земја. Исто како што работење у казино и кладилница е неетички ова дури и полошо мислам дека е.
Проблемот со брзите кредити е што многу луѓе не се информирани, не читаат што потпишуваат и не знаат личните податоци да си ги чуваат. Нардот не сваќа дека мора да читаш и да внимаваш каде ги даваш личните податоци. Баш кога бев во банка пред некој ден постар човек си ја пикна личната во џеб и му падна, па друг го застанувам му ја даде. Се качувам во автобус, постара жена ја остава ташната отворена на седиштето за да оди да се куцне. Секој може во џеб да ти брцне, секој може во чанта да ти чепка и ние сми се криви за вакви работи, ама и брзите кредити се многу безобразни. Јас имав добиено порака од брз кредит за верификација, се испаничив и почнав да им вртам што е работата. Таа па на другата линија ми вика уште лична карта на вибер да и пуштам да проверела. Поголемо дно од ова нема, нека ги испозатворат сите.
Не мораш да сакаш да земеш кредит за да им должиш на лихварите, доволно е да изгубиш лична карта на улица. Тоа е криминал, и затоа треба да ги видиме тие вработени таму и газдите како со полиција ги носат во притвор, да ги осудат, а бидејќи не видовме, државата штити криминал, лихвари и се што е тиња.