1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Maci1012

    Maci1012 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2022
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Женски
    A кој се ајкулите според тебе?
     
  2. Bobak

    Bobak Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Тиго, кредисимо , флекс и мкеш овие ги имаат направено најголемите далавери , штом не ги чепкаат значи некој ги штити
     
  3. veris

    veris Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2023
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите. Како претходно вработена во финансиско друштво, за жал не можам да се сложам со клише муабетите ГО ЗАГЛАВИЈА НАРОДОТ, КАМАТИ ДО ПЛАФОН бла бла бла..

    Не ги оправдувам, но не гледам каде е проблемот да постои финансиско друшво за некој што ДОБРОВОЛНО САКА ДА СЕ ПОЗАЈМИ, да оди и да се позајми без да се јавува на роднините до 5 колено.

    Вака, на секој што му е се потребни средства, може да оди во банка, но тешко одобруваат, бараат многу документација, осигурен статус на работно место, некаде и жиранти итн.. Финансиските друштва не за џабе ги викаме БРЗИ КРЕДИТИ, БРЗИ ПАРИ. Аплицираш и ако те одобрат, добиваш пари. Истиот ден. Во банка се чека најмалку 14 дена. На секој што аплицира и бара кредит УСЛОВИТЕ му се кажани и ги ЗНАЕ. Дали некој на сила може да ви даде кредит и да ви бара камата ? Не. Ти требале средства, си отишол, ти дале, ти кажале колку е РАТАТА и колку е КАМАТАТА. Си се согласил, со своерачен потпис.

    Доаѓале луѓе што плачат да бидат одобрени, заради болест, лекување, неочекуван смртен случај, немат од каде да се позајмат. Доаѓале се заблагодарувале итн.

    Е сега каде е проблемот? Проблемот е во простата маса. Проблемот е во коцкарите, во неваспитаните деришта што сакат ајфони и најк патики од 300 евра итн. Е они се заглавени, земаат и не враќаат и на 20 години завршуваат на извршител.

    пс. Каматната стапа ја определува НАРОДНА БАНКА.
    пс. Многу финансиски друштва прават НЕЗАКОНСКИ РАБОТИ, и треба да бидат затворени. Не сите.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.423
    Допаѓања:
    28.439
    Пол:
    Женски
    Еј викаш нема друг проблем?
    Како десетици луѓе се измамени така што некој со ТУЃА лична карта подигал кредит?

    Проверувате таму кој и како подига или битно се брзи, другото не ве занима?

    Во банка се чека зашто и гаќите ти ги проверуваат, како што и треба да биде.
     
    На злоба, MeowMeow, Adidas888 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.187
    Допаѓања:
    14.962
    По десетици измами, односно земани се и по 2.500 евра на основа на туѓа лична карта, криминал невиден, едно од поголемите зла што се случиле во Македонија се брзите кредити. Лицата што учествувале во криминал и работеле во брзи кредити, треба да бидат неподобни за вработувања во иднина, тоест такви да не примаат никаде. Распрашајте се кој работи по тие брзи кредити, тоа не се некои способни, етични, морални ликови, напротив. И имаше информација дека одобрувале брзи кредити и на малолетници, криминал до криминал. Тешко на тој болен што ќе земе брз кредит. Штом си болен и одиш по лекари, контроли, прегледи, не те крпи еден брз кредит, и штом си болен и работата ќе ја изгубиш и потоа брз кредит од 10.000 ќе стигне до 70.000 денари и само ќе тонеш. Секој нека си има некоја пара настрана за црни денови, за недај боже, за болест, смртен случај и слично. Брзите кредити не се спас, туку пропаст. И тие што работат во брзите кредити, треба да одговараат, оти малтретираат луѓе по телефон, бараат да одиш да им го најдеш Тасета што им земал брз кредит. Обично општествено ѓубре што треба да се измете.
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.863
    Допаѓања:
    11.383
    Пол:
    Женски
    Аман од таа сиромаштија што ги направи луѓето очајни и се одржува само со цел политичари и нивни спонзори да профитираат далеку повеќе отколку што им треба, нека ја снема веќе.
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    18.156
    Допаѓања:
    40.084
    Пол:
    Женски
    Се жалат што бараат да ги враќаат парите? Никој не ги присилува да земаат кредити. Во банка не сакаат затоа што таму нема толеранција. А тука должат со месеци :x
     
  8. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.863
    Допаѓања:
    11.383
    Пол:
    Женски
    Јас лично никогаш не би зела кредит ни од банка, а не пак кај овие.
    Ни банки не сакам, барем не додека се приватни.
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.391
    Допаѓања:
    137.872
    Пол:
    Женски
    Каде е проблемот?
    Во тоа што не вршат соодветни проверки и се случува некој да земе кредит со туѓа лична карта.
    Во тоа што вознемируваат роднини на должници преку повици и доаѓање дома со заканувачки тон налик на мафијаши и лихвари, па луѓето мора да се закануваат со пријавување во полиција и тужби за да бидат оставени на раат.
    Во тоа што користат трикови со наградни игри за да привлечат наивковци и лакомовци да земат кредити.
    Сите до едно треба да бидат затворени.
     
    На MeowMeow, Tanjamm, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Скроз неетички.
    Многу лукаво смислен бизнис за сиромашна земја.
    Исто како што работење у казино и кладилница е неетички ова дури и полошо мислам дека е.
     
    На nextredstyle и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.187
    Допаѓања:
    14.962
    Распрашајте се кој калибар се тие што работат во брзи кредити и ќе ви се разјасни.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bobak

    Bobak Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Проблемот е што за 30000 ден барате 60000 ден назад , тоа е лихварство
     
  13. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Па многу е едноставно не оди не зимај брзи кредити и нема да треба да враќаш ништо
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pinklipstick

    pinklipstick Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2025
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Уште поедноставно би било да се затворат па да немаш можност воопшто да се заебеш.
     
    На Bobak му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    Хахахахах па јас ниту сум била ниту планирам да се бафтам со кредити
     
    На SummerGirl и pinklipstick им се допаѓа ова.
  16. Bobak

    Bobak Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Не ни мораш
     
    На Medea. му/ѝ се допаѓа ова.
  17. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.195
    Допаѓања:
    3.909
    Пол:
    Женски
    Проблемот со брзите кредити е што многу луѓе не се информирани, не читаат што потпишуваат и не знаат личните податоци да си ги чуваат. Нардот не сваќа дека мора да читаш и да внимаваш каде ги даваш личните податоци. Баш кога бев во банка пред некој ден постар човек си ја пикна личната во џеб и му падна, па друг го застанувам му ја даде. Се качувам во автобус, постара жена ја остава ташната отворена на седиштето за да оди да се куцне. Секој може во џеб да ти брцне, секој може во чанта да ти чепка и ние сми се криви за вакви работи, ама и брзите кредити се многу безобразни.
    Јас имав добиено порака од брз кредит за верификација, се испаничив и почнав да им вртам што е работата. Таа па на другата линија ми вика уште лична карта на вибер да и пуштам да проверела.
    Поголемо дно од ова нема, нека ги испозатворат сите.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.187
    Допаѓања:
    14.962
    Не мораш да сакаш да земеш кредит за да им должиш на лихварите, доволно е да изгубиш лична карта на улица. Тоа е криминал, и затоа треба да ги видиме тие вработени таму и газдите како со полиција ги носат во притвор, да ги осудат, а бидејќи не видовме, државата штити криминал, лихвари и се што е тиња.