Еве не просветливте , а можеби баш вие имате кредити земано на 50 години да ги враќате па сега ќе сте ни ги отвореле очите Среќа е што ова е анонимен форум па не се знаат вистинските лица инаку којзнае колкавав прљав веш ќе испливало за вас со вашата злоба
НБРСМ банките не може/не сака да ги контролира, а не пак ваквите. Нема функциoнални институции во државава, односно функционираат само ако граѓанинот должи некаде. Затоа јас ги разбирам овие што зеле кредит и не планираат да го враќаат гледајќи дека не важат закони за ситe, ама колку им е тоа изводливо, не знам.
Жално е што никој досега не се потруди да го едуцира населението на оваа тема. Посочувањето на одредени членови е добронамерно иако можеби звучи грубо. Ама овој народ тешко прима совети, освен кога учи на своја кожа?
Девојко никој на форумов не ти е крив за таа ситуација не знам каква емпатија бараш и што одговори мислеше ќе добиеш. Нормално дека ако земеш кредит мораш да го вратиш и ниту адвокат ниту ништо не ти помага. Тоа што си зела ќе си го вратиш или ќе те дадат на извршител и слично не знам каков совет очекуваш? Јасно е како ден дали од брз кредит дали од банка никој нема да ти даде гратис пари.
Сфатете дека луѓе што не зеле брз кредит го враќаат оти се жртва на измама, и нив адвокати ако не им помогнале, тешко дека на вас ќе ви помогнат што реално сте зеле пари, а не враќате. Но, ако се однесувале како не треба, со закани, со уцени, со доаѓање дома, со некои скриени трошоци, пријавете во полиција, Министерство за финансии, Народна банка, Македонска банкарска асоцијација, секаде.
Сакаш да земеш, мораш и да вратиш. Затоа должник си впрочем @Medea. џабе, намерно се праи оти не сфаќа, така и' чини. Едно е дали осудуваме или не, друга е реалноста, а трето е тоа шо се злоупотребува ова, и се тераат луксузи и не така ретко. Си го знаеме народот каков ни е. Да, се слагам, едно е да земеш ако си приморан, ако немаш друго чаре, а друго е ако со години се бавиш со кредитиве, само дека ти прднало и сакаш да го купиш нештото што не моеш да си го дозволиш. Не ми е гајле нит ме занима од која причина конкретно ти @Bobak си зела, тоа не ја мења реалноста дека мора да си го вратиш и дека си имаш работа со лихвари.
Гледаш колку еден народ е финансиски писмен кога за брзи кредити вели пари за џабе никој не ти дава и дека истите прават услуга. Наместо да се насочи енергијата во прав правец, се насочува кон осуда, кажување нелогични работи итн.
Оправдуваш земање и не враќање? Шо е ако не услуга? Производ е? Дај просветли не'. И како не е услуга, еве неам видено пари од небо да врнат на пример. Финансиски друштва патем се, а не добротворни организации
Брзите кредити, според мене, не треба ни да постојат. Ако во моментот немам пари да си дозволам нешто, како после ќе соберам пари да го вратам истиот износ плус огромни камати и трошоци? Не знам како народот се лаже на ова, па после заглавува уште повеќе. Многу побезбедна опција ми се потрошувачки кредит од банка или кредитна картичка, каде што барем некој ќе ти ги провери примањата и задолженоста и ќе процени дали реално можеш да го отплаќаш долгот.
@Bobak Како што ти имаш право да поставуваш прашања на форумов, така и сите ние имаме право да дадеме одговор, форумов е јавна дебата, ако не ти одговара напушти го. Кажуваш како не треба да постојат овие со брзиве кредити, а веќе си земала од кај нив кредит, и што сакаш не разбирам, да не го враќаш? И претходно ти е напоменато во договорот дека имаш камата на сумата, дека со секое доцнење имаш дополнителна камата, го прочита договорот кога го потпиша? Или лесно беше кога се земаа парите? И кредит од банка да земете, нив не ги интересира дали за болест го земаш, туку да го враќаш на време сакаат, а ако не го враќаш одиш на извршител со дополнителна камата, плус нотарски трошици, зошто некој би ни простил туку така пари, не разбирам? Луѓево земаат брзи кредити за да одат на одмор, за да си купат мобилен, а немаат леб да јадат, тоа јасно ви е или ќе продолжите да полемизирате емпатија?
Да не ти ги тепаат бе овие, да им се закануваат да идат да соработуваат со нив? Така се понашаат жими све. Крајно детско размислување. Е у светот на возрасните не функционираат вака нештата.
Те молам цитирај ми го тоа мислење каде што сум напишала дека треба да се зима брз кредит и да не се враќа.
На ништо не сум алудирала. Се што напишав буквално тоа го мислев и во ниту едно мислење не сум напишала дека треба да се зема брз кредит а да не се враќа. Не знам каде виде оправдување. Целна група на брзите кредити им се луѓе кои немаат и не можат да вратат. Каде тука гледаш услуга? Како едно финансиски друштво може да си дозволи да дава пари на коцкари? На лица кои земале пари од три други брзи кредити?
Абе, реков горе, ги тепаат, дали со сила ги пикаат внатре и им наредуваат да земат? Државата ако поддржува криминогени активности, тоа значи дека ти треба да учествуваш у тоа? Зашо не се бојкотираат, туку има ненормален интерес и клиентела? Сакале ајфон, сакале не знам какво парче техника, мебел, одмор? Се знае, идеш аплицираш, ти одобруваат, се луксузираш за пред народ, али уз пат мораш на леб и паштета да си. Па кукаш као не може да го вратиш. Бегаш, се криеш, уз тоа вознемируваш и други лица на кои само им досаѓаат за твојот долг. Не, не е нормално ова. Земање само у исклучителни ситуации, коа стварно нож до коска е дојден. И пак мораш да се снаоѓаш да го враќаш. Нема изговори.
Од кого очекуваш бојкотирање, зошто ти не превземеш иницијатива чим си за бојкот? Прогуглај во кои држави ги има овие финансиски друштва и каде цветаат. Се согласувам дека не е нормално да земаш пари за кои не си способен да ги вратиш а притоа имаат штета сите околу, меѓутоа тоа не е коренот на проблемот. Од земја во развој до развиена земја причината не е одредена индивидуа.
Емпатија имам само за болни луѓе, ама па и за тие има подобри опции како кредити од банките и обраќање до јавноста за помош (за лична донација од сметка на сметка и преку броеви од операторите) со документација како доказ. Немам емпатија за лични хирови.