Брзи кредити

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Sesil, 29 март 2017.

  1. Bobak

    Bobak Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2025
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    41
    Пол:
    Женски
    Еве не просветливте , а можеби баш вие имате кредити земано на 50 години да ги враќате па сега ќе сте ни ги отвореле очите
    Среќа е што ова е анонимен форум па не се знаат вистинските лица инаку којзнае колкавав прљав веш ќе испливало за вас со вашата злоба
     
  2. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.209
    Допаѓања:
    11.902
    Пол:
    Женски
    НБРСМ банките не може/не сака да ги контролира, а не пак ваквите. Нема функциoнални институции во државава, односно функционираат само ако граѓанинот должи некаде. Затоа јас ги разбирам овие што зеле кредит и не планираат да го враќаат :D гледајќи дека не важат закони за ситe, ама колку им е тоа изводливо, не знам.
     
    На FlirtBerry и Panda00 им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    5.333
    Допаѓања:
    18.351
    Пол:
    Женски
    Жално е што никој досега не се потруди да го едуцира населението на оваа тема.

    Посочувањето на одредени членови е добронамерно иако можеби звучи грубо. Ама овој народ тешко прима совети, освен кога учи на своја кожа?
     
    На nextredstyle, Petar Pan 085, Mumoftwo30 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.218
    Пол:
    Женски
    Девојко никој на форумов не ти е крив за таа ситуација не знам каква емпатија бараш и што одговори мислеше ќе добиеш. Нормално дека ако земеш кредит мораш да го вратиш и ниту адвокат ниту ништо не ти помага. Тоа што си зела ќе си го вратиш или ќе те дадат на извршител и слично не знам каков совет очекуваш? Јасно е како ден дали од брз кредит дали од банка никој нема да ти даде гратис пари.
     
    Последна измена од модератор: 23 август 2026
    На nextredstyle, Mumoftwo30 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.285
    Допаѓања:
    15.171
    Сфатете дека луѓе што не зеле брз кредит го враќаат оти се жртва на измама, и нив адвокати ако не им помогнале, тешко дека на вас ќе ви помогнат што реално сте зеле пари, а не враќате. Но, ако се однесувале како не треба, со закани, со уцени, со доаѓање дома, со некои скриени трошоци, пријавете во полиција, Министерство за финансии, Народна банка, Македонска банкарска асоцијација, секаде.
     
  6. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    21.624
    Сакаш да земеш, мораш и да вратиш.
    Затоа должник си впрочем :)

    @Medea. џабе, намерно се праи оти не сфаќа, така и' чини.

    Едно е дали осудуваме или не, друга е реалноста, а трето е тоа шо се злоупотребува ова, и се тераат луксузи и не така ретко. Си го знаеме народот каков ни е.

    Да, се слагам, едно е да земеш ако си приморан, ако немаш друго чаре, а друго е ако со години се бавиш со кредитиве, само дека ти прднало и сакаш да го купиш нештото што не моеш да си го дозволиш.

    Не ми е гајле нит ме занима од која причина конкретно ти @Bobak си зела, тоа не ја мења реалноста дека мора да си го вратиш и дека си имаш работа со лихвари.
     
    Последна измена од модератор: 23 август 2026
    На nextredstyle и Medea. им се допаѓа ова.
  7. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Гледаш колку еден народ е финансиски писмен кога за брзи кредити вели пари за џабе никој не ти дава и дека истите прават услуга.
    Наместо да се насочи енергијата во прав правец, се насочува кон осуда, кажување нелогични работи итн.
     
    На Dekoo и grizman им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    21.624
    Оправдуваш земање и не враќање?

    Шо е ако не услуга? Производ е?
    Дај просветли не'.

    И како не е услуга, еве неам видено пари од небо да врнат на пример.

    Финансиски друштва патем се, а не добротворни организации :)
     
    Последна измена од модератор: 23 август 2026
    На Medea., Mumoftwo30 и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Alex31

    Alex31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    Брзите кредити, според мене, не треба ни да постојат. Ако во моментот немам пари да си дозволам нешто, како после ќе соберам пари да го вратам истиот износ плус огромни камати и трошоци? Не знам како народот се лаже на ова, па после заглавува уште повеќе.

    Многу побезбедна опција ми се потрошувачки кредит од банка или кредитна картичка, каде што барем некој ќе ти ги провери примањата и задолженоста и ќе процени дали реално можеш да го отплаќаш долгот.
     
    На MiloMalo и Panda00 им се допаѓа ова.
  10. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.666
    Допаѓања:
    19.870
    Пол:
    Женски
    @Bobak
    Како што ти имаш право да поставуваш прашања на форумов, така и сите ние имаме право да дадеме одговор, форумов е јавна дебата, ако не ти одговара напушти го.

    Кажуваш како не треба да постојат овие со брзиве кредити, а веќе си земала од кај нив кредит, и што сакаш не разбирам, да не го враќаш? И претходно ти е напоменато во договорот дека имаш камата на сумата, дека со секое доцнење имаш дополнителна камата, го прочита договорот кога го потпиша? Или лесно беше кога се земаа парите?

    И кредит од банка да земете, нив не ги интересира дали за болест го земаш, туку да го враќаш на време сакаат, а ако не го враќаш одиш на извршител со дополнителна камата, плус нотарски трошици, зошто некој би ни простил туку така пари, не разбирам?

    Луѓево земаат брзи кредити за да одат на одмор, за да си купат мобилен, а немаат леб да јадат, тоа јасно ви е или ќе продолжите да полемизирате емпатија?
     
    Последна измена од модератор: 23 август 2026
    На FlirtBerry, eliesaab, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.666
    Допаѓања:
    19.870
    Пол:
    Женски
    Па не земај, зошто земаш??? Ги знаеш условите, имаш договор, зошто земаш ако не ти одговара?
     
    На Unknown_7, nextredstyle, Petar Pan 085 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    21.624
    Да не ти ги тепаат бе овие, да им се закануваат да идат да соработуваат со нив? Така се понашаат жими све.

    Крајно детско размислување.

    Е у светот на возрасните не функционираат вака нештата.
     
    На Unknown_7, Mumoftwo30, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Те молам цитирај ми го тоа мислење каде што сум напишала дека треба да се зима брз кредит и да не се враќа.
     
  14. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    21.624
    На тоа алудираше тука?
    Зашто би оправдала тогаш и зашто нашето е нелогично?

     
  15. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    21.624
    Хахахаахаххааха и после системот бил крив :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:

    Само ќе кажам - и малку ни е све шо не' снаоѓа :*:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    На ништо не сум алудирала. Се што напишав буквално тоа го мислев и во ниту едно мислење не сум напишала дека треба да се зема брз кредит а да не се враќа. Не знам каде виде оправдување.

    Целна група на брзите кредити им се луѓе кои немаат и не можат да вратат. Каде тука гледаш услуга? Како едно финансиски друштво може да си дозволи да дава пари на коцкари? На лица кои земале пари од три други брзи кредити?
     
    На grizman му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.179
    Допаѓања:
    21.624
    Абе, реков горе, ги тепаат, дали со сила ги пикаат внатре и им наредуваат да земат?

    Државата ако поддржува криминогени активности, тоа значи дека ти треба да учествуваш у тоа?

    Зашо не се бојкотираат, туку има ненормален интерес и клиентела?

    Сакале ајфон, сакале не знам какво парче техника, мебел, одмор?
    Се знае, идеш аплицираш, ти одобруваат, се луксузираш за пред народ, али уз пат мораш на леб и паштета да си. Па кукаш као не може да го вратиш. Бегаш, се криеш, уз тоа вознемируваш и други лица на кои само им досаѓаат за твојот долг.

    Не, не е нормално ова.

    Земање само у исклучителни ситуации, коа стварно нож до коска е дојден. И пак мораш да се снаоѓаш да го враќаш. Нема изговори.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    719
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Од кого очекуваш бојкотирање, зошто ти не превземеш иницијатива чим си за бојкот?
    Прогуглај во кои држави ги има овие финансиски друштва и каде цветаат.
    Се согласувам дека не е нормално да земаш пари за кои не си способен да ги вратиш а притоа имаат штета сите околу, меѓутоа тоа не е коренот на проблемот.
    Од земја во развој до развиена земја причината не е одредена индивидуа.
     
    На grizman му/ѝ се допаѓа ова.
  19. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.802
    Допаѓања:
    139.690
    Пол:
    Женски
    Емпатија имам само за болни луѓе, ама па и за тие има подобри опции како кредити од банките и обраќање до јавноста за помош (за лична донација од сметка на сметка и преку броеви од операторите) со документација како доказ.
    Немам емпатија за лични хирови.
     
    На Mumoftwo30, MiloMalo и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.974
    Допаѓања:
    28.953
    Кој сака да даде пари ако знае дека нема бидат вратени? Зошто ова би била нечија цел?
     
    На Mumoftwo30 и Petar Pan 085 им се допаѓа ова.