Бруско е грчка серија која со голем успех се емитуваше четири години во соседна Грција, а забележа успех секаде каде што се емитуваше, собори рекорди на гледаност во Перу. Романтична приказна за забранетата љубов која ја оживува вонвременската историја за Ромео и Јулија. Голем дел од сцените се снимени на убавите полиња на винова лоза на Кипар, возбудливите плажи на божествениот остров Крит, богаташките вили на Никозија и улиците на преубавиот град Ханија. Мелина е млада и убава девојка која израснала во Атина, а има студирано во Париз. Една вечер, во еден бар во Атина ја прославува својата моминска вечер, пред да се омажи за богатиот Сифи, нејзиното долгогодишно момче од Крит за кого веќе нивните родители ги договориле сите адети и планови за бракот. Додека Мелина се забавува на една маса со другарките во тој локал, на масата ѝ пристигнува шише 'бруско', убаво сортно вино. Бруското е подарок од младиот Ахил за идната невеста. Ахил во истиот бар слави ергенска вечер и сосема случајно ја здогледува Мелина, па решава на интрересен начин да ѝ ја честита идната свадба на непознатата девојка. Но, тоа вино и таа ноќ засекогаш ќе ги променат животите на Мелина и Ахил. (Преземено од сајтот на Сител) Ме привлече тоа што е грчка, имам гледано порано една грчка серија и прилично ми беше интересна па решив и да и дадам шанса. Ми е убаво што е покрај море снимана, па уживам дур ја глеам. И ми се свиѓа што не е синхронизирана, секој јазик што се знае е плус, макар и некое зборче да е е богатство, па и тоа ми е додатно интересно за гледање. Прилично е освежување, конечно нешто што не е турско. Има ли некој што ја гледа? Иако ептен долго ќе трае, не верувам толку долго да ја глеам, но вака за лето е океј. И во Србија се емитувала, па читнав некој спојлер по српски форуми, ми делува дека интересен развој на настани ќе има.
Јас ја гледам, интересна е Има 772 епизоди вкупно, значи 2 ипол години емитување без престан Инаку во Србија ја даваа во 9 наутро, до околу 730 и некоја епизода Потоа продолжија на сајтот на прва тв И ја сецкаа, па од 772, направија 1001 Ама среќа нашиве даваат оригинални епизоди
Серијава ја имав гледано на нет почетокот досаден, ептен интересна ми стана на средина, крајот и така така, се во едно не е лоша.
Серијава ми е топ , баш погодена за релакс . Ахил и Мелина ми се ептен погодени а оној Сифи колку е иритантен само Песнава од вечерашната епизода преубаа , стар грчки хит
И јас ја гледам. Засега е интересна за одмарање мозок, клише приказна како шпанските серии, само ме нервира глумата аматерска на повеќето, посебно на Мелина, ама убави глумци има посебно машките и на убави места покрај море е снимана, па тоа е предност А и добро е што не е синхронизирана, ќе ја уништеа ептен со синхронизација, а вака и по нешто грчки ќе се научи
Мене искрено не ми се допаѓа серијата, и кога слушнав 700 епизоди ужас. Само во серијата ми се допаѓа братот на Ахил.
Ни мене Ахил не ми е воопшто симпатичен, црни момци ич не ми се допаѓаат. Ама Нектарије (братот на Ахил), па и Сифи (убави очи има светли ) ми се симпатични. Нектарије е врв, заради него и гледам.
Па и мене ми е Нектарије лепотан, ама не знаев како се вика. А, Ахил воопшто не е убав, а инаку сум по. црните момци, ама овој не ми се свиѓа.
Интересна е некаде на средина и мене почетокот не ми се свиѓаше баш, ама кога се појави патрокле ми стана интересно
Зошто не се прикажува вечерва? Поточно, ја проверив неделната програма на Сител тв и ја нема воопшто.