1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бруско (Μπρούσκο) [Сител]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Dream-Girl, 20 јули 2019.

  1. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Бруско е грчка серија која со голем успех се емитуваше четири години во соседна Грција, а забележа успех секаде каде што се емитуваше, собори рекорди на гледаност во Перу. Романтична приказна за забранетата љубов која ја оживува вонвременската историја за Ромео и Јулија. Голем дел од сцените се снимени на убавите полиња на винова лоза на Кипар, возбудливите плажи на божествениот остров Крит, богаташките вили на Никозија и улиците на преубавиот град Ханија.

    Мелина е млада и убава девојка која израснала во Атина, а има студирано во Париз. Една вечер, во еден бар во Атина ја прославува својата моминска вечер, пред да се омажи за богатиот Сифи, нејзиното долгогодишно момче од Крит за кого веќе нивните родители ги договориле сите адети и планови за бракот. Додека Мелина се забавува на една маса со другарките во тој локал, на масата ѝ пристигнува шише 'бруско', убаво сортно вино. Бруското е подарок од младиот Ахил за идната невеста. Ахил во истиот бар слави ергенска вечер и сосема случајно ја здогледува Мелина, па решава на интрересен начин да ѝ ја честита идната свадба на непознатата девојка. Но, тоа вино и таа ноќ засекогаш ќе ги променат животите на Мелина и Ахил.
    (Преземено од сајтот на Сител)

    Ме привлече тоа што е грчка, имам гледано порано една грчка серија и прилично ми беше интересна па решив и да и дадам шанса. :D Ми е убаво што е покрај море снимана, па уживам дур ја глеам. :) И ми се свиѓа што не е синхронизирана, секој јазик што се знае е плус, макар и некое зборче да е е богатство, па и тоа ми е додатно интересно за гледање. Прилично е освежување, конечно нешто што не е турско. Има ли некој што ја гледа? Иако ептен долго ќе трае, не верувам толку долго да ја глеам, но вака за лето е океј. :) И во Србија се емитувала, па читнав некој спојлер по српски форуми, ми делува дека интересен развој на настани ќе има. :)
     
    На Elisabeth, Poppins и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  2. Bzaubzz.xy

    Bzaubzz.xy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    825
    Допаѓања:
    594
    Пол:
    Машки
    Јас ја гледам, интересна е
    Има 772 епизоди вкупно, значи 2 ипол години емитување без престан
    Инаку во Србија ја даваа во 9 наутро, до околу 730 и некоја епизода
    Потоа продолжија на сајтот на прва тв
    И ја сецкаа, па од 772, направија 1001
    Ама среќа нашиве даваат оригинални епизоди
     
    На Elisabeth и Poppins им се допаѓа ова.
  3. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Серијава ја имав гледано на нет почетокот досаден, ептен интересна ми стана на средина, крајот и така така, се во едно не е лоша.
     
    На Elisabeth и Poppins им се допаѓа ова.
  4. Poppins

    Poppins Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    2.647
    Допаѓања:
    5.592
    Пол:
    Женски
    Серијава ми е топ , баш погодена за релакс . Ахил и Мелина ми се ептен погодени :inlove: а оној Сифи :puke: колку е иритантен само|(

    Песнава од вечерашната епизода преубаа , стар грчки хит :smirk:

     
    На Elisabeth му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Леле овој братот на Ахил, не знам како се вика, преубав е лепотан :inlove:
     
    На Ygritte, Poppins и Elisabeth им се допаѓа ова.
  6. Elisabeth

    Elisabeth Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    5.259
    Пол:
    Женски
    И јас ја гледам. Засега е интересна за одмарање мозок, клише приказна како шпанските серии:D, само ме нервира глумата аматерска на повеќето, посебно на Мелина, ама убави глумци има посебно машките :inlove:и на убави места покрај море е снимана, па тоа е предност:D А и добро е што не е синхронизирана, ќе ја уништеа ептен со синхронизација, а вака и по нешто грчки ќе се научи:D
     
    На Poppins му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Мене искрено не ми се допаѓа серијата, и кога слушнав 700 епизоди ужас. Само во серијата ми се допаѓа братот на Ахил.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Патрокле е 100пати поубав од него :D
     
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ни мене Ахил не ми е воопшто симпатичен, црни момци ич не ми се допаѓаат. Ама Нектарије (братот на Ахил), па и Сифи (убави очи има светли :$) ми се симпатични. Нектарије е врв, заради него и гледам. :devil::D
     
    На Ygritte и Victorian им се допаѓа ова.
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Па и мене ми е Нектарије лепотан, ама не знаев како се вика. А, Ахил воопшто не е убав, а инаку сум по. црните момци, ама овој не ми се свиѓа.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.667
    Допаѓања:
    116.481
    Пол:
    Женски
    Сифи е поубав од Ахил.
     
    На Dream-Girl и Tea678 им се допаѓа ова.
  12. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Овој Сифи навистина ли има дете или го лаже таа Ангелика?
     
  13. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Стефаниа му е ќерка.
     
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Ставете спојлер за содржина од филмот.
    Ако има линк каде ја имаш гледано ако може да споделиш.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Bh vjesnik или пиши на google пример: brusko 13 epizoda sa prevodom и ќе ти даде
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Аха видов нешто, фала.
    Се откажав од идеата кога видов колку епизоди се.:D
     
  17. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Интересна е некаде на средина и мене почетокот не ми се свиѓаше баш, ама кога се појави патрокле ми стана интересно
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Кој е Патрокле?
     
  19. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    1.559
    Ја гледам на сител. Што ќе се случува натаму? Зошто Матео ја оставил Анастасија пред венчавката?
     
  20. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    8.171
    Пол:
    Женски
    Зошто не се прикажува вечерва? :^)Поточно, ја проверив неделната програма на Сител тв и ја нема воопшто.