1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Васина торта

Дискусија во 'Рецепти' започната од Lilit, 11 февруари 2010.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.558
    Пандишпан

    Се матат шест јајца,со шест лажици шеќер,се додаваат шест лажици ореви (ситно мелени) и четири лажици брашно,еден прашок за пециво и еден ванилин шеќер.Се пече на мрсна харија на голем плех на 200 степени.(во пандишпанот по желба може да се додаде кора од лимон или портокал,правата е со портокал)

    Фил

    Се матат 4 жолчки со 250 грама шеќер во прав на пареа.Се додава 100 грама стопена чоколада за готвење.Со 100 грама млеко се попаруваат 300 грама ореви и се додаваат во јајцата со шеќерот во прав,а потоа се додава 250грама путер и сето тоа добро се мати.Добро нека се олади,а потоа се сечат три ленти од пандишпанот и се филува и повторно се остава да се олади за да филот убаво се стегне.Од останатите белки се прави шлаг и се филува тортата.

    Ајмо женски,чекам слики од тортите ако ништо друго...
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    tortava e preubava :P
    ne ja pravev jas ama eve edna slika da ni se prijade :D
     

    Прикачени фајлови:

    • vasina.jpg
      vasina.jpg
      Големина на фајлот:
      25,3 KB
      Прегледи:
      3.426
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Тортава е екстра, за мојот роденден, земав фил од оваа и едното тесто, друг бел фил направив со 2 пудинга од ванила и 1 маргарин и малце лимунов сок, тесто бело + мелени ореви мислам дека имаше и исто лимунов сок. Редев бело тесто , црн фил. па ред ресани па црно тесто бел фил, па шлаг одозгора и декорација цветчиња од локум кои сама ги правев.. Излезе превкусна :rofl: ако сакате утре ке ви ставам рецептата цела и кек пробам да ставам слика.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала читав едно четиво кога едно дете ја прашуваше мајка му што е тоа пубертет. Таа му рече ќе дознаеш наскоро, и после некое време нему му излезе мозолче на челото и таа му направи Васина торта, дека влегол во пубертет.
    Е така јас дознав за Васина торта, ама така ми се врежа во памет што оттогаш само таа и’ ја барав на мајка ми :D
    Ме потсеќа на детството, а одамна не сум јадела. Дефинитивно мој избор за некоја наредна прилика.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cakica

    Cakica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    7.664
    Пол:
    Женски
    Васина торта е специјалитетот на мојата баба, и јас го обожавам и не може никој како неа да ја направи
     
    На didisi, mal.ecka и Hipster им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Тортата на баба ми. Специјлист беше, никој не и беше равен.
    Многу одамна не сум јадела, ме потсетивте сега, прекрасна торта, преубава
     
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    10.293
    Пол:
    Женски
    Оваа е изгледа некоја од old school тортите, сите баби ја прават. :D
    Иначе се согласувам, прекрасна е само што одамна не сум ја јадела.
    На баба ми баш и не и успева на изглед да ја направи убава, малку и е растечена ама изгледа на неа баш и е гајле за тоа.Ама затоа на вкус и е delizioso. :D
     
  8. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    тортава е превкусна и на изглед а догамии кога ја јадеш...
     
  9. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Најубава домашна торта и многу богата :) Ја обожавам
     
  10. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Дали имате купено ваква торта во слаткарница романса или ла крем, каде е поубава?
     
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    25.216
    Пол:
    Женски
    Дијабет торта
     
  12. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Како и секоја друга :)