Пандишпан Се матат шест јајца,со шест лажици шеќер,се додаваат шест лажици ореви (ситно мелени) и четири лажици брашно,еден прашок за пециво и еден ванилин шеќер.Се пече на мрсна харија на голем плех на 200 степени.(во пандишпанот по желба може да се додаде кора од лимон или портокал,правата е со портокал) Фил Се матат 4 жолчки со 250 грама шеќер во прав на пареа.Се додава 100 грама стопена чоколада за готвење.Со 100 грама млеко се попаруваат 300 грама ореви и се додаваат во јајцата со шеќерот во прав,а потоа се додава 250грама путер и сето тоа добро се мати.Добро нека се олади,а потоа се сечат три ленти од пандишпанот и се филува и повторно се остава да се олади за да филот убаво се стегне.Од останатите белки се прави шлаг и се филува тортата. Ајмо женски,чекам слики од тортите ако ништо друго...
Тортава е екстра, за мојот роденден, земав фил од оваа и едното тесто, друг бел фил направив со 2 пудинга од ванила и 1 маргарин и малце лимунов сок, тесто бело + мелени ореви мислам дека имаше и исто лимунов сок. Редев бело тесто , црн фил. па ред ресани па црно тесто бел фил, па шлаг одозгора и декорација цветчиња од локум кои сама ги правев.. Излезе превкусна ако сакате утре ке ви ставам рецептата цела и кек пробам да ставам слика.
Кога бев мала читав едно четиво кога едно дете ја прашуваше мајка му што е тоа пубертет. Таа му рече ќе дознаеш наскоро, и после некое време нему му излезе мозолче на челото и таа му направи Васина торта, дека влегол во пубертет. Е така јас дознав за Васина торта, ама така ми се врежа во памет што оттогаш само таа и’ ја барав на мајка ми Ме потсеќа на детството, а одамна не сум јадела. Дефинитивно мој избор за некоја наредна прилика.
Васина торта е специјалитетот на мојата баба, и јас го обожавам и не може никој како неа да ја направи
Тортата на баба ми. Специјлист беше, никој не и беше равен. Многу одамна не сум јадела, ме потсетивте сега, прекрасна торта, преубава
Оваа е изгледа некоја од old school тортите, сите баби ја прават. Иначе се согласувам, прекрасна е само што одамна не сум ја јадела. На баба ми баш и не и успева на изглед да ја направи убава, малку и е растечена ама изгледа на неа баш и е гајле за тоа.Ама затоа на вкус и е delizioso.